Поезија од Весна Ацевска и Санде Стојчевски во списанието „Коло“ на „Матица хрватска“


Нови песни од Весна Ацевска и од Санде Стојчевски се објавени во најновиот број на реномираното списание „Коло“ на „Матица хрватска“, во рубриката „Нови преводи“. Покрај со нивни песни, двајцата македонски автори, на дваесет страници од бројот 2 на списанието, се претставени и со нивни фотографии и со куси био-библиографии. Објавените песни се заеднички превод […]

(Видео) Прва отворена трибина од кампањата „Ние сме Европа“


Денеска, 30 август 2023 година (среда), во 19 часот, на плоштадот Јадран (кај Арапска куќа) во Скопје, ќе се одржи првата отворена трибина во рамки на кампањата „Ние сме Европа, на тема: „ЕУ за македонската економија”, на која обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Покрај претседателот на Владата, Ковачевски […]

Едштадлер предлага земјите кандидати веќе да бидат на масата на ЕУ, но без право на глас


Виена – Австриската министерка за Европа, Каролине Едштадлер, денеска изјави дека нејзината земја се залага за интеграција на земјите-кандидати во Европската унија во фази, така што дури и пред формалното членство ќе им биде дозволено „да седнат на масата на ЕУ“ и да учествуваат во дијалог, иако без право на глас. Во интервју за австриското државно […]

Си-ен-ен ќе ја предводи Марк Томпсон, поранешен извршен директор на Њујорк тајмс


Вашингтон-  Марк Томпсон, поранешен извршен директор на Њујорк тајмс и генерален директор на Би-би-си, ќе биде новиот предводник на Си-ен-ен, објави телевизиската мрежа денеска.  Томпсон ја презема глобалната новостна организација во едно од најважните моменти во нејзината 43 годишна историја.  -Нема поискусен, попочитуван и покадарен извршител во безнисот со вести денес од Марк, и ние […]

Американци ја купуваат клучната инфраструктура на Италија


Италија денеска усвои две регулативи со кои се поддржува продажбата на мрежата за фиксна телефонија во сопственост на Телеком Италија (ТИМ) на американски инвеститор. Тој сигнализираше дека планира да задржи малцински удел во клучната инфраструктура. Владата ја официјализираше обврската од меморандумот за разбирање што Министерството за финансии го потпиша со американскиот инвестициски фонд ККР на […]

Родителите на прваче ќе треба да одвојат во просек 200 евра за почетокот на учебната година [инфографик]


Пред почетокот на учебната година, родителите на основци и на средношколци ги подготвуваат своите деца за претстојната учебна година. Највозбудени се првачињата, кои за прв пат ќе седнат во училишните клупи. Колку родителите ќе ги чини почетокот на новата учебна година? Мета.мк ги разгледа цените во книжарниците и цените на облеката, кои нормално, варираат и […]

Казна за возачот што залепи српски грб на тетовски регистерски таблички


Полицијата денес му изрече глоба на лицето кое извесно време возеше автомобил низ Тетово, со дел од табличките покриени со грбот на Србија, односно на местото на „знаменцето“ каде стои кратенката за Северна Македонија – НМК, пишува „Порталб“. СВР Тетово за „Порталб“ извести дека денеска околу 12.30 часот на улицата „Илириjа“ во Тетово го запреле автомобилот […]

И годинава ќе има дневен престој во училиштата во Карпош


Од Општина Карпош информираа дека и годинава во основните училишта ќе биде организиран дневен престој за учениците до четврто одделение. – Нашата посветеност и грижа за најмладите карпошани e искрена и континуирана и секогаш во интерес на децата. Тоа до сега многу пати сме го докажале преку различни проекти за доделување на стипендии за талентирани ученици […]

Во ЕУ над 134 случаи на салмонела, веројатно поврзани со пилешко месо од Полска


Стокхолм – Европските здравствени власти регистрирале најмалку 134 случаи на салмонела, за кои веруваат дека се поврзани со контаминирано пилешко месо, јави ДПА. Европскиот центар за превенција и контрола на болести во Стокхолм соопшти дека случаи на салмонела биле откриени во 10 земји на ЕУ и Норвешка. Едно лице почина од последици од салмонела во Австрија. […]

Ковачевски – Трудо: Северна Македонија може секогаш да смета на Канада


Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска телефонски разговарал со премиерот на Канада, Џастин Трудо, во присуство на министерката за одбрана, Славјанка Петровска.   Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски изразил задоволство што токму денеска во посета на нашата земја е министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, што, оценил тој, „говори за активниот […]

Реконструкција на игралиштата во „Партенија Зографски” во Кисела Вода


Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го посети ООУ „Партенија Зографски”. Во овој училишен објект денес започна реконструкција на повеќенаменското и кошаркарското игралиште со што учениците ќе добијат подобри и посовремени услови за спортување и рекреација. Летниот период се искористи и за реновирање на три училници кои претходно беа во катастрофална состојба, а се изработува и проект за […]

ЕУ: Технолошките гиганти не успеале да се справат со дезинформациите од Русија


Технолошки гиганти, вклучително и ТикТок и Х (поранешен Твитер), не успеаја ефикасно да се справат со руската дезинформација на интернет во текот на првата година од војната во Украина, се наведува во денеска објавената студија на Европска Унија. ЕУ претходно предупреди за онлајн манипулации и мешање од страна на Русија насочени кон европскиот интернет по […]

Колку е реална целта за проширување на ЕУ до 2030 година?


На овонеделниот Бледски стратешки форум, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел ја предложи 2030 година како цел до која и земјите-членки на ЕУ и земјите кандидати треба да бидат подготвени за проширување. Додека говорот покажа дека оваа политика сега е навистина повисоко на агендата на Унијата, прашањето дали навистина ќе има нови членки на ЕУ […]

Домот на Хичкок во Л.А. продаден за 9 милиони долари на холандски медиумски магнат


Лос Анџелес- Кога англискиот режисер Алфред Хичкок се преселил во Лос Анџелес за да го освои Холивуд во 1939 година – тој ја снимил „Ребека“ следната година, што му ја донесе првата од петте номинации за Оскар – тој и неговата сопруга Алма и ќерката Пат првично го направија свој дом пространиот изнајмен стан на […]

Мнозинството британски свештеници одобруваат црковни геј венчавки


 Резултатите од најновото истражување на лондонскиот весник Тајмс покажуваат дека три четвртини од свештениците на Англиканска црква изјавиле дека Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја. На прашањето дали мислат дека „Британија може или не може да се опише како христијанска земја“, само една четвртина (24,2 отсто) од свештениците одговориле дека […]

Анкета: Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја


Лондон– Резултатите од најновото истражување на лондонскиот весник Тајмс покажуваат дека три четвртини од свештениците на Англиканска црква изјавиле дека Велика Британија повеќе не може да се опише како христијанска земја. На прашањето дали мислат дека „Британија може или не може да се опише како христијанска земја“, само една четвртина (24,2 отсто) од свештениците одговориле […]

На Косово му се закануваат со враќање на визниот режим за ЕУ


Претседателката на Косово, Вјоса Османи, изјави дека евентуалната одлука за укинување на визите за косовските граѓани од 1 јануари 2024 година ќе го убие дијалогот меѓу Косово и Србија, пренесе „Косев“. Таа оваа изјава ја даде повикувајќи се на ставот на францускиот претседател Емануел Макрон, кој рече дека неговата земја ќе ги разгледа обврските што […]

Медведев: Русија има право да започне војна со НАТО


Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека Москва има право да војува со НАТО. „Во моментов има многу луѓе кои сакаат да влезат во ЕУ: Украинските криминалци најавија дека сите нивни удари против која било руска цел, на пример во Крим, се одобрени од НАТО“, напиша тој  на мрежата „Х“. „Ако тоа е вистина – […]

Вук Драшковиќ: Резолуцијата на Вулин за пристапување во БРИКС е глупост


Претседателот на Српското движење за обнова (СПО) и поранешен шеф на дипломатијата Вук Драшковиќ денеска изјави дека предлог резолуцијата на Движењето на социјалистите на шефот на БИА Александар Вулин за пристапување на Србија во БРИКС е глупост што не треба ни да се разгледува, јави дописникот на МИА од Белград -Таа резолуција е глупост што […]

Србија испраќа 14 камиони хуманитарна помош во Украина


Српската премиерка, Ана Брнабиќ денеска изјави дека 14 камиони со хуманитарна помош ќе бидат упатени веднаш со помош за жителите кои ги загубија своите домови по пукањето на браната Нова Каховка во Украина. „Денеска испраќаме стоки и лекови до населението на Украина кое е загрозено и кое ги загуби своите домови по пукањето на браната […]