Си-ен-ен ќе ја предводи Марк Томпсон, поранешен извршен директор на Њујорк тајмс
Вашингтон- Марк Томпсон, поранешен извршен директор на Њујорк тајмс и генерален директор на Би-би-си, ќе биде новиот предводник на Си-ен-ен, објави телевизиската мрежа денеска.
Томпсон ја презема глобалната новостна организација во едно од најважните моменти во нејзината 43 годишна историја.
-Нема поискусен, попочитуван и покадарен извршител во безнисот со вести денес од Марк, и ние сме возбудени што го имаме и што се придружува на нашиот тим да ја води CNN Worldwide во иднината, изјави Дејвид Заслав, извршен директор на „Варнер брос дискaвери’, мајка компанија на овaа телевизија.
Тoмпсон офцијално стартува на 9 октомври како извршен директор и претседател на бордот, и ќе биде во својство на главен уредник, се вели во изјавата.
Доаѓањето на Томпсон е во време кога телевизијата се соочува со егзистенцијална криза предизвикана од својот бизнис модел поради брзото намалување на традиционалната линеарна телевизја, од каде доаѓа главниот дел од профитот. Слични проблеми Томпсон имаше и со Њујорк тајмс, кога традиционалното хартиено издаваштво пропадна додека читателите мигрираа онлајн и многумина се откажаа од претплатата за хартиен весник. Тој успешно го трансформираше весникот во дигитален џин.
Си-ен-ен исто така настрада и од негативната пропаганда на поранешниот претседател Доналд Трамп, телевизијата беше главна цел на неговите напади за време на претседателството, и кој сега повторно се трка за нов мандат во Белата куќа на изборите идната година.
Си-ен-ен загуби низа популарни водители, и претходниот директoр Крис Лихт, поради судир на интереси или коментари поврзани со расата и Me too движењето, и во изминатиот период се судира со намален рејтинг, многу помал од ривалите како Фокс њуз и Ем-ес-ен-би-си. Задачата на Томпсон ќе биде да најде лица кој ќе ја кренат популарноста на една од главните телевизии во САД.