Средба на министерот Шаќири со учениците кои освоија бронзени медали на Меѓународната олимпијада по хемија


Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ги прими учениците кои на 55. Меѓународна олимпијада по хемија освоија бронзени медали.

-Браво Филип Бојаџиновски, Марио Ванчоски и Петар Мирчевски што ги донесовте освоените  бронзени медали во нашата земја. Задоволство ми е секогаш кога имам средба со успешни ученици, но уште посреќен сум кога нивните успеси ја претставуваат нашата земја на меѓународно ниво, објави Шаќири на неговиот фејсбук-профил. 

Меѓународната олимпијада по хемија годинава се одржа во Цирих, Швајцарија, и учествуваа 88 земји.

Шаќири во објавата на Фејсбук порача нивниот успех да биде пример за сите други ученици.

-Филип, Марио и Петар ја ценат поддршката од нивните професори Блаже Димески, Марјана Младеновска-Петровска и Ирена Мишевска. Но поддршка имаа и од универзитетските професори Миха Буклевски, Марина Стефова и Слободка Алексовска, додаде министерот во објавата.