Судија од Кочани го направи ажурен судот во Берово: Како кубурат помалите судови?


Од Министерството за правда информираат дека Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите изврши надзор во четири основни судови во државата, Берово, Крушево, Кратово и  Куманово  при што ги констатираше следните состојби : -Нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС  – Недоволен број на […]

Османи во Њу Делхи се сретна со потпретседателот на Индија, Дханкар


 Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ја започна официјалната посета на Индија со средба со потпретседателот на државата Џагдееп Дханкар. На средбата беа поздравени пријателските односи меѓу двете земји, како и реафирмирани заемните заложби за зајакнување на соработката, пред се’ во делот на економските врски и бизнис вмрежувањето.  Притоа, Османи нагласи дека и покрај нашите […]

Само во 3 отсто од настапите во Собрание пратениците покажале почитување кон друга партија


Институтот за демократија објави анализа за работата на пратениците во националното Собрание при што во распон од 1 до 10, им даде оценка за квалитетот на дебатата првите шест месеци од  5,5, што е влошување од претходното полугодие кога оценката беше 5,7.  Извештајот за овој период покажува ниско ниво на квалитет на дебата и го […]

ЦУК: Вчера изгаснати 19 пожари на отворено, активни нема


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 19 пожари на отворен простор и сите се изгаснати. Активни пожари од вчерашните во државата, нема. -Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево, Горно Блаце, горела нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Јаболци во Сопиште, патот од Василево кон Пиперево, Сушево во Штип, Подареш […]

ЦУП: „Балансерот“ е контрапродуктивен, треба да се реформира


Мерките за обезбедување соодветна и правична застапеност во јавниот сектор веќе се контрапродуктивни, така што дејствуваат спротивно на принципот на заслуги – се вели во четвртиот детален извештај од следењето на соодветната и правична застапеност во институциите од јавниот сектор, спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП). Наодите и заклучоците од извештајот се во […]

Британскиот министер за одбрана поднесе оставка


Лондон – Британскиот секретар за одбрана Бен Валас испрати писмо со оставка до премиерот на земјата Риши Сунак по четири години на функцијата. Ова се наведува во документот објавен од владата на Велика Британија во четвртокот. Потегот на  Валас може да предизвика мини реконструкција. Откако ја објави својата намера да се повлече од кабинетот претходно […]

Претрес во Сопиште, запленета дрога вредна 20.000 евра, приведен дилер (фото)


Денеска, полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, извршиле претрес во дом кај Д.Ц. (38) во с. Добри дол, општина Сопиште. При претресот пронајдени се четири кеси со околу четири килограми марихуана, вредна околу 20.000 евра. Д.Ц. е лишен […]

Русија тешко ги забележува дроновите, а Украина тестира нови – копнени


Британското министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина соопшти дека руската противвоздушна одбрана се бори да открие и уништи украински беспилотни летала лансирани од Киев кон Русија, судејќи според тоа колку од нив ги погодиле своите цели. Министерството додава дека вчерашните напади со украински беспилотни летала се најголемиот напад врз Русија […]

Една од најубавите модели открива како подготвува маска за лице за совршен тен


Моделот Џордан Дан го сподели својот рецепт за маска за лице со куркума. Еден од најбараните модели на денешницата, убавицата со темна кожа Џордан Дан, го сподели својот генијален трик кој и помага да постигне совршен тен. Додава еден зачин на маската за лице – куркума! Куркумата многумина ја нарекуваат супер храна, не само што […]

Дали знаете како правилно да ги чувате доматите за да останат свежи што е можно подолго?


Супер здрава храна, омиленото овошје на Македонците, домат, секојдневно се користи во домаќинствата. Од салати кои се освежувачки во лето, до домати полнети со месо, па се до домашни производи и зимски јадења направени од истите. Секако, важно е секој да го одржува свежо, а во тоа ќе ви помогне правилното складирање. Никој не сака […]

Нов бран на коронавирус во Србија: Чекалните преполни, лекарите предупредуваат на внимателност


Белград- Висока температура, слабеење на сетилото за мирис и вкус, покачено ЦРП и пневмонија се симптоми на новите соеви на коронавирус кои ја зафатија Србија. Лекарите предупредуваат да се биде внимателен, бидејќи постоечките тестови за ковид-19 се несигурни, а чекалните пред ординациите се преполни. Масовно на болничко лекување завршуваат лица над 65 години, лица со […]

Најмалку 63 лица загинаа во пожар во висококатница во Јоханесбург


  Најмалку 63 лица загинаа во пожар во зграда што избувна утринава во Јоханесбург, најголемиот град во Јужна Африка, покажуваат најновите информации на службите за итни случаи. Меѓу загинатите има и бебе. Повредени се уште 40 лица.   Пожарот избувна рано утринава по локално време, соопштија локалните служби за вонредни состојби. VIDEO: Aftermath of the […]

Спиењето дење корисно за мозокот


Лос Анџелес – Попладневната дремка може да биде корисна за здравјето на мозокот. Ново истражување објавено во списанието „Слип хелт“ (Sleep Health) открива причинско-последични врски меѓу вообичаената дремка и поголемиот вкупен волумен на мозокот. Податоците се земени од Биобанката на Обединетото Кралство – обемна база на податоци на над 500.000 возрасни лица на возраст од 40-69 […]

„Леди Магбет“ на Рисимкин ја освои Верона


Со огромни аплаузи и одушевување, пред полн аудиториум, беше проследена претставата „Лејди Магбет“ на Рисима Рисимкин во изведба на Скопје танцовиот театар на сцената на театарот „Камплој“ во Верона на 29 август, како дел од програмата на Верона Шекспир Фринге фестивалот. Познавачите на Шекспир и неговото творештво, како и публиката беа маѓепсани од начинот на […]

Петмина железничари загинаа во железничка несреќа во Италија


Торино – Воз удрил и усмртил петмина железничари кои работеле на ноќното одржување на пругата на периферијата на северниот град Торино, објавија денеска италијанските медиуми. Товарниот воз, кој сообраќал на линијата меѓу Милано и Торино, се движел со брзина од 160 км/ч кога удрил во тим задолжен за замена на елементите на железничката линија во […]

Отварањето на 80. Мостра во знакот на италијанските ѕвезди


Венеција– Штрајкот на филмските работници во Холивуд остави печат и на отворањето на осумдесеттиот Филмски фестивал во Венеција (Мостра). Тоа мина со помалку меѓународни филмски ѕвезди од вообичаено. Затоа, пак, на црвениот тепих можеа да се видат многу италијански познати личности. Во својот воведен говор, актерката Катерина Мурино им се обрати на штрајкувачите во Холивуд: „Топол […]

Шефот на дипломатијата Османи во посета на Индија


Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи од денеска е во тридневна официјална посета на Индија, соопшти индиското Министерството за надворешни работи. Османи во Њу Делхи ќе има средби со потпретседателот на Индија Јагдип Данкар и со министерот за надворешни работи Субрахманиам Џаишанкар. – Срдечно добредојде за шефот на дипломатијата на Северна Македонија. Посетата ќе ги […]

Што ако не се усвојат уставните измени?


Евентуалниот неуспех на одобрувањето на неопходните уставни измени за внесување на бугарската заедница во Преамбулата на Уставот, како и евентуалниот неуспех на евроинтегративниот процес, ќе предизвикаат големи економски проблеми, социјални и политички немири во земјата, но значително ќе влијае и на меѓуетничките односи, велат познавачите на интегративните процеси и економските експерти. Во однос на безбедноста, […]

„Барби“ го надмина „Хари Потер“, заработи повеќе од милијарда долари


Филмот „Барби“ го надмина филмот „Хари Потер и реликвиите на смртта: Дел 2“ според заработката, со што стана филм со најголема заработка во историјата на дистрибутерската компанија „Ворнер Брос“. Филмот досега има заработено повеќе од 1,3 милијарди долари, пренесува лондонски Тајмс. Весникот наведува дека „Барби“, базиран на Барбиленд и со Маргот Роби во главната улога, […]

Стотици илјади Американци без струја поради ураганот Идалија


Вашингтон– Откако ја погоди Флорида во средата, ураганот Идалија се пресели во Џорџија со силни ветришта и потенцијално опасни услови по живот, оставајќи стотици илјади луѓе без струја, јави Би-Би-Си. Американскиот претседател Џо Бајден предупреди дека Идалија, која ја погоди Флорида како ураган од трета категорија, сега е од прва категорија, но „сè уште е […]