САД воведе построги услови за влез на Унгарците во земјата


Соединетите Држави денеска воведоа ограничувања за сопствениците на унгарски пасоши како дел од нивната програма за укинување на визите. Тие го наведуваат неуспехот на Будимпешта за да се справи со безбедносните прекршувања поврзани со доделувањето државјанства на Унгарците во соседните земји. Амбасадата на САД во Будимпешта објави дека периодот на важност на визата што им […]

Земјотрес од 5,1 степен според Рихтер во Турција (видео)


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска околу 18:45 часот по локално време го погоди турскиот град Коња. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од 10 метри. Од кабинетот на гувернерот на Коња соопштија дека нема извештаи за материјална штета, пренесува Ројтерс. Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа изјави дека […]

Откажани летови, евакуирани жители поради тајфун на јапонскиот остров Окинава (Видео)


Летови се откажани, а на десетици илјади луѓе им е советувано да се евакуираат, бидејќи моќниот тајфун Ханун се приближува до островот Окинава, кој се заканува со поројни дождови и силни ветрови. На жителите во дел од тропската префектура им е препорачано да се евакуираат бидејќи бурата, со предвидени налети на ветер до 233 километри […]

Исланд е првата земја членка на НАТО, која ја затвори својата амбасада во Русија


Исланд стана првата членка на НАТО која официјално ја прекина работата на својата амбасада во Русија. На почетокот на јуни, Рејкјавик ја објави својата намера да ја затвори амбасадата, но таа стапи на сила дури денеска. Официјални лица, исто така, побараа од Русија да го намали своето дипломатско присуство во Рејкјавик. Исланд има амбасада во […]

Бела куќа: Нема индикации дека Русија стои зад пучот во Нигер


Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби изјави дека нема индикации дека Русија стои зад пучот во Нигер и додаде дека САД не ја промениле одлуката за своето присуство во оваа западноафриканска земја. – Американската влада се уште не одлучила дали ќе продолжи да дава помош за Нигер, изјави Кирби за новинарите. Тој ја коментираше и […]

Страшна сообраќајна несреќа во Бутел, загина пешак по судир на две возила


Трагедијата се случила при судир на два автомобили на кростосницата на булеварите „Босна и Херцеговина“ и улицата „Словенечка„ со „Македонско-косовска бригада“. Загинатото момче веднаш било пренесено во Комплексот Клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнало на повредите. На видеото од безбедносните камери кое го објави Алсат М се гледа како настрада момчето додека стои на пешачкиот […]

Кина сака да ја мобилизира целата нација во борбата против шпионажата


 Кина треба да ги охрабри своите граѓани да се приклучат во борбата против шпионажата, вклучително и преку создавање канали за граѓаните да пријават сомнителни активности и да бидат пофалени и наградени за нивниот придонес, соопшти денеска Министерството за државна безбедност. Мора да се создаде систем што ќе им овозможи на луѓето да учествуваат во контрашпионажа, […]

Двајца мажи си ги истепале сопругите во скопска населба


Во изминатите 24 часа пристигнати се две пријави за семејно насилство во Ѓорче Петров. Вчера во 16.30 часот 43-годишна жена пријавила дека на 29.07.2023 на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот сопруг Ј.П.(51), кој употребил и тврд предмет. – Денеска (01.08.2023) во 00.50 часот во СВР Скопје, 50 – годишна жена пријавила […]

Србија, Хрватска и БиХ во битка против африканска свинска чума


Во последните два месеци, одгледувачите на свињи во Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина  беа принудени да убијат илјадници свињи поради појавата на африканска свинска чума (АСЧ), а властите преземаат мерки и издвојуваат средства за поддршка на овој сектор. АСЧ не е опасна за луѓето, но е многу заразна и смртоносна за домашните и дивите […]

Родова (не)еднаквост: жени vs мажи според пари, моќ и знаење


„Жените во Северна Македонија заработуваат помалку и се наоѓаат во повисок ризик од сиромаштија во споредба со мажите. Пониските приходи, пократкиот работен век и високата неактивност на пазарот на труд придонесуваат за поголем ризик од сиромаштија, поголема економска несигурност и влошени финансиски изгледи за жените во секоја фаза од нивниот живот“ – пишува во новообјавеното […]

Македонија е пак поробена држава, вели претседателот на МАНУ


  Поробена земја, вазална држава, банана држава, неоколонијален феуд. Со вакви зборови ја окарактеризира денешна Македонија претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во своето излагање на конференцијата „120 години од Илинденското востание“ што се одржа денеска во Крушево, ден пред празникот. Коцарев со својата позната реторика зборуваше дека за состојбата на „поробена држава“ се „исклучиво виновни […]

Намалената побарувачка за вакцината против корона ги преполови приходите на „Фајзер“


Американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ (Pfizer) во вторникот објави дека го завршил вториот квартал со половина од приходите од истиот период минатата година поради послабата побарувачка за нејзината вакцина и лек за КОВИД-19. Во периодот од април до јуни, приходите на „Фајзер“ беа половина од истиот период минатата година, и паднаа на 12,73 милијарди долари. Американскиот […]

Припадници на Армијата ќе учествуваат на вежба „Saber Junction  23“ во Германија


Владата, на денешната седница, на предлог на Министерството за одбрана, донесе одлука за испраќање припадници на Армијата на Република Северна Македонија во Сојузна Република Германија, за учество на вежбата „Saber Junction  23“. Оваа вежба, според Образложението од Министерството за одбрана, е во организација на вооружените сили на САД и во неа, покрај припадници од вооружените […]

МНР ги нарече лаги без основа обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ за парите од Њујорк


МНР реагира на, како што велат, паушалните и без основа обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ, последни од серијата манипулации создадени во фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ чија работа сѐ повеќе се засилува. -Средствата од заедничката продажба на објектот на мисијата на поранешна СФРЈ при ОН се делумно префрлени на сметката на постојаната мисија во Њујорк, а соодветно […]

Се наближува меѓународниот ден на пивото


Меѓународниот ден на пивото е секогаш првиот петок во август, кој оваа година се паѓа на 4 август. Првично започнат во Соединетите Американски Држави, поточно во Санта Круз, Калифорнија, Денот на пивото има за цел да се слави производството на пиво. Исто така, намерата му е да  да покаже благодарност за оние кои се вклучени […]

Пожарот на товарниот брод кај холандскиот брег е изгаснат по речиси седум дена


Пожарот на товарен брод што превезувал нови автомобили е изгаснат по речиси седум дена, соопшти денеска холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство. Бродот Фермантел Хајвеј, што превезуваше 3.783 нови автомобили, од кои 498 електрични, гореше непрекинато од 25 јули, а пожарникарите одлучија да не го гаснат пожарот со вода поради страв да не го дестабилизираат […]

Брканица во Атина по грабеж на банка: Полицаец го ранил осомничениот


За време на потера во Колонос, Атина, по вооружен грабеж на банка, полицаец пукал и го ранил осомничениот. Потоа со возило на брза помош бил пренесен во болница. Според порталот Катимерини, денеска во утринските часови вработен во банка во Омонија го активирал копчето за паника за грабеж во тек. Полицаец кој не бил на должност, […]

Во поплавите во областа на Пекинг досега загинаа најмалку 20 луѓе


Најмалку 20 лица загинаа во областа на кинескиот главен град Пекинг и соседната провинција Хебеј по невообичаено обилните врнежи предизвикани од тајфунот Доксури, јави ДПА, повикувајќи се на локалните власти. Кинеските државни медиуми денеска објавија дека е потврдена смртта на 11 лица во Пекинг и уште девет во Хебеј. Поројните дождови се последица на тајфунот […]

Конзервативниот шеф на Баварија потрошил 180.000 евра на професионални фотографии


  Насмевни се! Лидерот на Баварија, Маркус Зодер, сака професионална фотографија. Конзервативниот шеф на покраинската влада потроши речиси 180.000 евра на хонорарни фотографи само во 2022 година; огромен пораст во последната година на Хорст Зехофер како шеф на Баварците во 2017 година во која беа потрошени околу 11.000 евра на хонорарци. Севкупно, трошењето на парите […]

Владата одлучи да се формираат две национални установи за афирмација на илинденскиот период


Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за култура, донесе одлуки за формирање две национални установи поврзани со афирмација на настани и личности значајни за илинденскиот период и за македонската државност. Владата ја разгледа Информацијата за потребата од основање нова Национална установа Центар за култура „Десет дена Крушевска Република“ – Крушево и донесе ваква […]