Пожарот на товарниот брод кај холандскиот брег е изгаснат по речиси седум дена


Пожарот на товарен брод што превезувал нови автомобили е изгаснат по речиси седум дена, соопшти денеска холандското Министерство за инфраструктура и водостопанство.

Бродот Фермантел Хајвеј, што превезуваше 3.783 нови автомобили, од кои 498 електрични, гореше непрекинато од 25 јули, а пожарникарите одлучија да не го гаснат пожарот со вода поради страв да не го дестабилизираат бродот, што е закотвен во близина на бродски патишта во Северното Море.

„Состојбата на бродот е стабилна, нема индиции дека пожарот се уште гори“, се вели во соопштението на Министерството.