Уставниот суд оформи предмет за законските измени поврзани со коридорите и „Бехтел и Енка“


Уставниот суд на денешната седница формираше предмет врз основа на иницијативата на Хелсиншкиот комитет, кој пред еден месец побара да се оцени уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (ЗРО), поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на […]

Меџити-Љашко: Од голема важност за Украина е помошта во лекови од Македонија


Украина и Македонија може да соработуваат во рамки на Програмата за меѓународно медицинско партнерство, која се спроведува под покровителство на првата дама на Украина, Олена Зеленска. За ова, меѓу другото, денеска разговарале министерот за здравство Фатмир Меџити и неговиот украински колега, Виктор Љашко. Во видео разговорот двајцата министри зборувале за соработката меѓу двете земји. „Украинскиот […]

Османи на средби со Гир, Коп и Мејер


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска оствари одвоени средби со амбасадорот на Европската Унија – Дејвид Гир, амбасадорот на Холандија – Дирк Јан Коп и со заменик – шефот на мисијата на Амбасадата на САД во Скопје, Ерик Мејер. Во фокусот на средбите биле политичките актуелности во земјава, со посебен акцент на околностите во […]

Синот на Стив Џобс промовира сопствен инвестициски фонд, еве во што ќе инвестира


Рид Џобс, син на ко-основачот на „Епл“ (Apple), Стив Џобс, го лансираше „Јосемит“ (Yosemite), инвестициски фонд вреден 200 милиони долари наменет за лекување на рак, пишува Пословни дневник. Џобс го именуваше својот фонд по националниот парк каде што се венчаа неговите родители, а инвеститори во фондот се Центарот за рак Меморијал Слоан Кетеринг, Универзитетот Рокфелер […]

Диетата на Марго Роби најбарана на Гугл- јаде храна што ја обожаваат Македонците


Откако филмот Барби се појави во кината, исхраната на Марго Роби е еден од најпребаруваните поими на Google. Интересот за оваа тема се зголеми за 1.364 отсто по објавувањето на филмот, според податоците на Total Shape. Марго Роби е позната по тоа што следи добро балансирана исхрана која вклучува протеи, влакна и здрави масти, но […]

Познати сите осминафиналисти СП за фудбалерки


Одиграни се последните натпревари во групната фаза на Светското првенство за фудбалерки на кое последни патници во осминафиналето се репрезентациите на Мароко и Колумбија. Во нивниот меѓусебен дуел Мароко попладнево триумфираше со 1-0 што беше резултат кој и двете репрезентации ги однесе во нокаут фазата. Групата фаза не успеа да ја мине двократниот светски првак […]

Банката на Англија ги зголеми каматните стапки 14-ти пат по ред на највисоко ниво во последните 15 години


  Централната банка на Англија (БОЕ) денеска ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на 5,25 отсто. Во соопштението на веб-страницата на банката се наведува дека економијата на Обединетото Кралство расте и дека невработеноста е ниска, но и дека инфлацијата паѓа премногу бавно, што доведе БОЕ да ја зголеми каматната стапка 14-ти пат […]

Германскиот извоз речиси стагнираше во јуни, странската побарувачка е прилично слаба


Германскиот извоз речиси стагнираше и во јуни, додека увозот драстично падна, покажуваат податоците на Заводот за статистика, што сигнализира слаба домашна и странска побарувачка. Извозот во јуни порасна за 0,1 отсто на месечно ниво, со исто темпо како и во мај, пресмета Дестатис врз основа на сезонски и календарски приспособени податоци. Увозот, пак, е намален […]

Пуч и џихад: Нигер го остварува кошмарот на Европа


  Кога САД одлучија во март годинава да ги искористат лекциите од Украина за споделување разузнавачки информации и за избегнување катастрофа, се свртеа кон лидерот на Чад, земја голема колку Франција, Шпанија и Германија заедно. Му кажаа дека платеници од руската приватна воена компанија „Вагнер“ сакаат да го убијат. Неколку месеци подоцна, не Чад, туку […]

Турција гневна на „Дизни“ поради откажувањето да ја емитува серијата за Ататурк


  Одлуката на компанијата „Дизни“ да не емитува серија од висок профил во која се драматизира животот на таткото основач на Турција, предизвика бурни реакции, при што највисоките турски функционери ја обвинија американската мрежа за потклекнување на притисокот од ерменските групи. Турските медиуми во средата објавија дека „Дизни“ одлучил да ја повлече „Ататурк“, драмска серија […]

Актуелната мис на Венецуела загина во сообраќајна несреќа: Двапати била реанимирана


Актуелната мис на Венецуела, Аријана Виера загина во сообраќајна несреќа во Орландо, Флорида. Оваа 26-годишна убавица требаше да ја претставува својата земја на изборот за Мис Латинска Америка 2023 во Доминиканската Република во октомври, но за жал таа починала, откри нејзината мајка за локалните медиуми. Мајката изјавила дека нејзината ќерка заспала од замор додека возела […]

3 август во историјата – Подморницата „Наутилус“ помина под Северниот Пол


  На 3 август 1958 година, американската нуклеарна подморница „Наутилус“ го реализираше првото подморско патување до географскиот Северен Пол. Првата нуклеарна подморница во светот, „Наутилус“ нурна во Поинт Бароу, Алјаска, и патуваше 1.600 километри под ледената капа на Арктикот за да го достигне врвот на светот. Потоа се упати кон Исланд, на првиот нов и […]

Уставниот суд оформи предмет за ДУП „Буњаковец 2“, а „Треска“ веќе се рекламира


  Просторот на поранешната фабрика „Треска“ најверојатно, многу брзо ќе почне да се гради, за што денеска се појавиja видeо и фотографии како ќе изгледа просторот со планираните „наполитанки“, а Уставниот суд информира дека оспорена и Одлуката бр.07-9331/10 од 10.12.2012. за изменување и дополнување ДУП Буњаковец 2, плански период 2011-2016. Подносител на иницијативата е Сузана […]

Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со повик за идеи за старт-ап програма за туристички иновации


 Центарот за развој на Вардарскиот плански регион објави повик за иновативни тимови, кои имаат старт-ап идеи или прототипи во областа на туризмот. Рокот за аплицирање е до 20 август 2023 година на следниот линк. Како што информираат од Општина Велес, Центарот за развој на Вардарски плански регион има за цел да го промовира развојот на иновативни […]

Ново затегнување – Народна банка ја зголеми референтната каматна стапка на 6,15 отсто


  Каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за 0,15 процентни поени до нивото од 6,15 отсто, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на седницата што се одржа на 1 август, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на […]

Дизелот поскапува за два денара, цената на бензините останува иста


 Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цената на бензините останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,87 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 78,5 денари […]

Зошто Кина не е толку моќна како што мисли Западот?


Претседателот Кси Џинпинг сака да ја проектира Кина како моќен трговски партнер – или опасен противник – на речиси секоја земја што се надева дека ќе биде успешна во 21 век. „Подем на Истокот и пад на Западот“ е неговото мото. Како што кинескиот раст забрза и западните политичари се загрижени за тоа како да […]

ОЛАФ бара државата да врати 660 илјади евра заради злоупотреба на ИПА средства за проект од 2015 година


  Проект од 2015 година, вреден 660.000 евра, за софтвер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е случајот за кој Европската канцеларија за борба против измама (ОЛАФ) констатирала неправилности и препорачала државата да ги врати парите. Како што информира денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, не се работи за никаков […]

„Ер трактори“ го гаснат пожарот кај Богданци – може да се прошири на ветерниците


Авионите „ер трактор“ се вклучени во гаснењето на пожарот во месноста викана Брдаров камен во Општина Богданци. Гори нискостеблеста деградирана шума и сува трева, а поради опасноста пожарот да се прошири кон ветерниот парк, беа активирани авионите за гаснење пожар. Пожарот избувнал околу 11 часот во месноста викана Брдаров камен веднаш до препумпната станица на […]

Во вештачкото езеро Глажња пронајдено телото на 29-годишниот локален жител


Спасувачките тимови попладнево во вештачкото езеро Глажња во општина Липково го пронајдоа телото на 29- годишен локален жител по кого се трагаше неколку дена. Директорите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) и на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов и Беким Максути, денеска беа на терен кај вештачкото езеро. Во потрагата на […]