На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу 30 минути


Поради зголемена фреквенција на возила утрово на ГП „Богородица“ за излез и на ГП „Табановце“ за влез во државата се чека од 15 до 30 минути. Како што соопшти АМСМ, на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските […]

Трамп се изјасни за невин по обвиненијата за обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се изјасни дека не е виновен по ниту една од четирите точки од обвинението за обид за поништување на резултатите од претседателските избори во 2020 година. Трамп се изјасни за невин откако судијката Моксила Јупајаха му ги прочита сите точки од обвинението. Обвинителите не побараа Трамп да биде затворен, а […]

Здравствени состојби кои личат на депресија


Многу здравствени состојби имаат симптоми слични на депресија, како што се замор и проблеми со спиењето, поради што многу луѓе мислат дека имаат депресија, а всушност се работи за нешто друго. Според WebMD, депресијата е честа состојба на менталното здравје која влијае на тоа како се чувствуваме, се однесуваме и размислуваме. Симптомите може да вклучуваат […]

Поради дефект утре без вода дел од Нерези


Поради уличен дефект ф-125 мм на улица „Ванчо Мицков“ 22 во населба  Нерези утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот. 

Руски научници одгледaa лубеници на Антарктикот


Руски поларни истражувачи успешно одгледувале лубеници на станицата Восток на Антарктикот, најстуденото место на светот, објави Институтот за истражување на Арктикот и Антарктикот (ААРИ). – Резултатите од експериментот се импресивни. Успеавме да ги одгледуваме најјужните лубеници во најтешките услови на Антарктикот. Вкусот и мирисот не се полоши од лубениците што ги имаме дома. Големината на […]

Во Албанија за подметнат пожар 15 години затвор


Албанската полиција ги засили контролите и продолжува со апсење на сите кои се обидуваат да ги запалат шумите кои се едно од национални богатства на земјата. По апсењето  подметнувачи на пожари, премиерот Еди Рама им  честиташе на полициските службеници за нивната ангажираност, притоа апелирајќи до “обвинителите и судиите да го почитуваат законот со казнување на […]

Зошто Киро Урдин е витез и уметник од светски ранг


Киро Урдин е роден 1945 година  во Струмица. Дипломирал на правниот факултет во Белград во 1969 година. Во периодот од 1971 до 1973 година работел како новинар, а подоцна  студирал на Академијата за уметност во Париз. Од страна на “Академијата на филмот” во Париз бил награден, а во 1982 – 1983 изработувал портрети на истакнатите […]

Кавадарци ќе добие затворен градски базен


Кавадарци ќе добие затворен градски базен, издадено е одобрение за градење, информираше денеска градоначалникот на Кавадарци. Митко Јанчев. – Според информациите што ги имаме, преку Агенцијата за млади и спорт, за долгоочекуваниот затворен градски базен, од септември треба да се избере фирмата за градење на градскиот базен за кој постапките најверојатно се поминати и да […]

Туристички работник му зел 2.450 евра, а не му обезбедил билети, му бара уште 4.000 евра


На 01.08.2023 во 23.00 часот, 26-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од вработен во туристичка агенција. Според пријавеното, на 18.05.2023 тие телефонски се договориле да му резервира три повратни авионски билети за три лица од Аргентина за што преку брз трансфер на пари му исплатил 2.450 евра. Како што е пријавено, лицето не […]

УЕФА го казни „Шкупи“ со 42.000 евра, клубот одговорноста ја впери кон дел од навивачите


Македонскиот претставник во Конференциската лига „Шкупи“ објави денеска дека е казнет од УЕФА со 42.000 евра поради навивачките инциденти поврзани со минатонеделниот натпревар во Скопје против бугарски „Левски“, лоцирајќи ја притоа вината кон дел од своите приврзаници. Потсетувајќи во опширно соопштение објавено на нивниот официјален сајт дека ова не е прв пат клубот да плаќа […]

Путин: Сите руски функционери треба да возат руски автомобили


Сите руски функционери треба да возат домашни автомобили, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со менаџерите на производствените компании. Според него, од министерствата и управата се бара да не продолжуваат да купуваат автомобили од странско производство, па дури и да се фокусираат на тоа. „И сите функционери во државата да возат домашни автомобили. […]

Том Брејди малцински сопственик на Бирмингем


Бирмингем – Поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди стана малцински сопственик на англискиот фудбалски второлигаш Бирмингем, соопшти денеска клубот. Брејди, кој е седумкратен освојувач на Супербоул во НФЛ лигата, склучи партнерство со компанијата Бирмингем Сити Најтхед Капитал Менаџмент и стана претседател на новиот советодавен одговор на фудбалскиот клуб Бирмингем. „Бирмингем е култен клуб со толку богата историја […]

Не јасно е дали Трамп ако биде осуден може да се кандидира за претседател на САД


Вашингтон – Уставот на САД има јасен одговор само на некои прашања поврзани со обвинувањата против Доналд Трамп една година и неколку месеци пред следните претседателски избори. Други прашања ќе ги втурнат САД на нејасна територија, објави Њујорк тајмс, неколку часа пред Трамп да се појави на суд по новите обвиненија поврзани со обидот за поништување […]

Нападнати четири жени


Во четири одделни случаи жени пријавиле дека биле нападнати од поранешни партнери, сегашни момчиња, но и од други жени. Имено, во средата, во 23.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(32) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од Б.Ј.(33) од Крива Паланка.  Истиот ден, во 17.30 часот во СВР […]

Пожарот кај Богданци се уште активен, во гаснењето учествуваат два авиони „Ер трактор“


Пожарот кај Богданци, кој избувна денеска околу 11 часот во месноста Брдаров камен, веднаш до препумпната станица на хидросистемот „Дојранско Езеро“, се засили и покрај интервeнцијата на двата авиони „Ер трактор“, информираа попладнево од Центарот за управување со кризи. Како што посочуваат оттаму, авионите направиле повеќе од 19 налети прецизно фрлајќи вода врз огнот, а […]

Се степале соседи, ранет малолетник и тројца возрасни


Во вторникот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.Ф.(38) и С.Н.(31), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во плац на бул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје учествувале во физичка пресметка помеѓу две семејства – соседи, во која било употребено огнено оружје и остри предмети, при што со повреди од огнено оружје се здобиле […]

Жителите на Слупчане и ЕВН на средба во Липково


рае состанокот меѓу претставници од компанијата „ЕВН“, општина Липково и жителите од Слупчане, потврдија за МИА и од „ЕВН“ и жителите на липковското село. На состанокот треба да се разгледаат барањата на жителите и дали тие се прифатливи за „ЕВН“. Од „ЕВН“ најавија детали по завршување на состанокот. По неколкудневните блокади на жителите на Слупчане […]

Бар: Трамп добро знаеше дека ги загуби изборите


Вашингтон– Доналд Трамп „добро знаеше дека ги загуби изборите“, изјави денеска за Си-ен-ен, поранешниот јавен обвинител на САД Вилијам Бар, кој на функцијата го постави токму претходниот претседател на земјата. Тој го изјави ова само неколку часа пред да му се суди на републиканецот Трамп под обвинение за заговор за да предизвика неоправдано поништување на […]

Рејкјавик прогласен за најдобар крајбрежен град на светот, во топ 10 се најдоа и два града од ексЈугославија


Компанијата за крстарења „Fred. Olsen Cruise Lines“ спровела истражување во кое биле вклучени 117 крајбрежни градови ширум светот, а истите се рангирани според параметри како што се квалитетот на културните атракции, бројот на места на листата на светско наследство на УНЕСКО, популарноста на „Google“ и количината на хаштагови на социјалните мрежи, пренесува „TimeOut“. Целта на […]

Од вечерва Џеновски циклон ќе донесе страшно невреме на Балканот


Meтеорологот Славчо Попоски вели дека од вечерва, и за време на викендот, Џеновски циклон ќе донесе снег во Алпскиот регион и страшно невреме на Балканот, но овој пат невремето нема да ја одмине нашата држава, односно невремето ќе ја зафати и Македонија. Од ова страшно невреме од вечерва, а особено од утре па за време […]