Нападнати четири жени


Во четири одделни случаи жени пријавиле дека биле нападнати од поранешни партнери, сегашни момчиња, но и од други жени.

Имено, во средата, во 23.30 часот во СВР Скопје, Д.С.(32) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот на подрачјето на Аеродром била физички нападната од Б.Ј.(33) од Крива Паланка. 

Истиот ден, во 17.30 часот во СВР Скопје, С.В.(37) пријавила дека околу 14 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, била физички нападната од Х.О.(59), двете од Скопје.

Во 22.30 часот во СВР Скопје, О.Т.(47) од Скопје пријавила дека околу 20.15 часот на подрачјето на Аеродром, по претходна расправија, била физички нападната од З.Т..

Во 22.20 часот во СВР Скопје, 23 – годишна девојка пријавила дека околу 21.40 часот била физички нападната од нејзиното поранешно момче А.А.(37) од Скопје.

По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.