Путин: Сите руски функционери треба да возат руски автомобили


Сите руски функционери треба да возат домашни автомобили, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со менаџерите на производствените компании.

Според него, од министерствата и управата се бара да не продолжуваат да купуваат автомобили од странско производство, па дури и да се фокусираат на тоа.

„И сите функционери во државата да возат домашни автомобили. Нема ништо страшно во тоа што некаде ќе изгледа поскромно, напротив, дури е добро“, рекол Путин, пренесува РИА Новости.

Потенцира дека е потребно да се залага за развој на домашни брендови, домашни автомобили и други домашни производи.

На почетокот на јули, претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, повика на фокус на домашната автомобилска индустрија во јавните набавки за државните органи и буџетските институции.

Истиот став го искажа и заменик претседателот на Единствена Русија, Султан Хамзајев, кој побара државните службеници, пред сѐ пратениците, да почнат да користат руски автомобили.

Министерот за финансии, Антон Силуанов, рече дека неговиот ресор е подготвен прв да учествува во набавката на домашни автомобили за државни потреби.