Туристички работник му зел 2.450 евра, а не му обезбедил билети, му бара уште 4.000 евра


Фото: Б. Грданоски

На 01.08.2023 во 23.00 часот, 26-годишник од тетовско село пријавил дека бил измамен од вработен во туристичка агенција. Според пријавеното, на 18.05.2023 тие телефонски се договориле да му резервира три повратни авионски билети за три лица од Аргентина за што преку брз трансфер на пари му исплатил 2.450 евра. Како што е пријавено, лицето не му обезбедило билети и не сакало да му ги врати парите за резервација, а дополнително му барало уште 4.000 евра. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.