Центарот за развој на Вардарскиот плански регион со повик за идеи за старт-ап програма за туристички иновации


Фото: Б. Грданоски

 Центарот за развој на Вардарскиот плански регион објави повик за иновативни тимови, кои имаат старт-ап идеи или прототипи во областа на туризмот. Рокот за аплицирање е до 20 август 2023 година на следниот линк.

Како што информираат од Општина Велес, Центарот за развој на Вардарски плански регион има за цел да го промовира развојот на иновативни решенија во индустријата за патување, туризам и угостителство. Тие појаснуваат дека бараат тимови со иновативни старт-ап идеи или решенија во фаза на прототип кои се фокусирани на туризмот, најмалку двајца, а најмногу пет членови.

Како што појаснуваат од Општина Велес, сите избрани тимови ќе имаат можност да се приклучат на старт-ап програмата „Туристички иновации во Вардарскиот регион“, организирана од Центарот за развој на Вардарски плански регион. Таа е  во рамки на проектот „Креирање иновативен екосистем за поддршка на можностите за вработување на ИТ млади таленти во прекуграничниот регион“ (INNO-ECOSYSTEM). Овој проект е кофинансиран од Европската Унија и од националните фондови на земјите учеснички.