Голем пожар во Волково, едвај спасени куќите


Огромен пожар избувнал попладнево во скопско Волково, каде дел од куќите се зафатени, но изгасени, а жителите се видно исплашени. Пожарот почнал покрај реката Лепенец, каде кејот е полн со ѓубре. Тамо почнал огнот, кој поради ветрот брзо се проширил по тревата и околните дрвја, а стигнал и до првите куќи. Жителка на Волково сведочеше […]

Арсовска: Градот не добил покана од Владата за помош


Градот Скопје не добил официјална покана од Владата за да се разговора за помош од централната власт на главниот град, по таквата најава од премиерот Димитар Ковачевски, пред неколку дена. Градончалничката на Скопје, Данела Арсовкса вели дека покана не добиле, но дека ако на премиерот градон не му личи како што треба, тогаш вината е […]

Хороскопски знаци со природен талент за слава


Светот на забавата и познати личности привлекува многумина, но само малкумина ја имаат таа неопислива харизма и неодолива желба што ги турка кон врвот. Додека некои од нас сонуваат за мирен живот далеку од рефлекторите, постои група хороскопски знаци кои едноставно сакаат да блеснат, да бидат препознаени и да остават свој белег. Ајде да дознаеме […]

Борел бара итно ослободување на Навални


Брисел– Високиот претставник на Европска Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска ги повика руските власти веднаш да го ослободат опозиционерот Алексеј Навални. Европска Унија повикува на негово итно и безусловно ослободување, напиша Борел на Твитер додавајќи оти новата пресуда против Навални е „политички мотивирана“. Рускиот суд денеска го осуди Алексеј Навални на […]

Вашингтон пост: Штрајкот на актерите може да биде пречка за Оскарите


Истиот петок во средината на јули кога Здружението на филмските актери го  започнаа својот штрајк, челниците на некои од најголемите филмски фестивали од есента 2023 година скокнаа на итен ЗУМ повик. Тоа беше здружување на симбиотски ривали, привремено примирје меѓу четирите филмски центри – Венеција, Телурид, Торонто, Њујорк -од три различни временски зони. Вообичаено, овие […]

Реконструирана улицата „Даме Груев“ во Центар


Завршија градежните работи на улицата „Даме Груев“ од раскрсницата со ул. Димитрие Чуповски до раскрсница со ул.11ти Октомври, а реконструкција која се одвиваше во две фази. Оваа сообраќајница во централното градско подрачје беше во лоша состојба и континуирано беше посочувана од жителите коишто ја користат како опасност за учесниците во сообраќајот, информираа од Град Скопје.  – […]

УХМР најавува невреме за утре, црвено предупредување и во Србија


Силен дожд, ветер и грмежи низ земјава, особено во попладневните и вечерните часови, најави за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Од Управата информираат дека претпладне ќе биде сончево и топло со умерен до засилен ветер од јужен правец, а попладне и во ноќните часови, почнувајќи од запад, облачноста ќе се зголемува. „Под влијание на атмосферски […]

ОJO со детали за страотната несреќа во која загина пешак: Едниот возач поминал на црвено, другиот возел пребрзо


Основното јавно обвинителство (ОЈО) донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца возачи, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, информираа во Обвинителството. Станува збор за тешката сообраќајна несреќа на 31 јули годинава, во 23.20 часот на крстосницата што ги поврзува булеварот […]

Д-р Шушлевска: Глобалното затоплување ќе го смени целокупниот начин на живеење


Екстремни температури, пожари, поплави, огромни температурни разлики кои се менуваат за само 24 часа се само дел од работите на кои сведочиме, а се дел од климатските промени со кои се соочува светот, нешто што со текот на времето треба да стане „новото нормално“, нешто на што луѓето треба да се прилагодат, но и да […]

Саудиска Арабија продолжи со намалено производство на нафта за еден милион барели дневно


  Саудиска Арабија во четвртокот објави дека го продолжува доброволното намалување на производството на нафта од 1 милион барели дневно за уште еден месец, продолжувајќи ја својата кампања за зголемување на цените. „Саудиска Арабија ќе го продолжи доброволното намалување од 1 милион барели дневно… за уште еден месец, вклучувајќи го и септември“, соопшти Министерството за […]

Деветгодишни деца се затруле со расипана мoртадела во одморалиштето „Радости“ во Охрид


Пет деца на возраст од девет години пројавиле симптоми од труење со храна во детското одморалиште „Радости“ во Охрид, потврдија во Државниот здравствен и санитарен инспекторат за Мета.мк. Резултатите од лабораторските анализи на земените примероци од храна, покажале дека три примероци од храна (салата од зелка, сирење и мoртадела) не ги задоволиле прописите од микробиолошка […]

Радев застана зад „Лукоил“, бара Уставниот суд да го преиспита одземањето на рафинеријата во Бургас


Бугарскиот претседател Румен Радев поднесе жалба до тамошниот Уставен суд поради одлуката на парламентот во Софија за предвремено раскинување 35-годишната концесија за нафтеното пристаниште „Розенец“ што е потпишано со руската компанија „Лукоил“, пишува Mediapool.bg. Владејачката коалиција на ГЕРБ и Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија го обвинија Радев дека со потегот не го штити националниот интерес на Бугарија, […]

Кисела Вода и годинава ќе субвенционира набавка на огревно дрво


Право на користење на субвенцијата ќе имаат граѓаните кои купиле дрва за огрев од први април 2023 година, сѐ до денот на објавување на Јавниот повик, кој ќе биде распишан во месец октомври и ќе ги содржи сите потребни критериуми и информации. Општина Кисела Вода информира дека финансиски надомест од 500 денари со влучен персонален […]

Што содржи долгоочекуваниот скрининг извештај за Македонија?


  Европската комисија го објави нацрт на скрининг извештајот за Македонија кој се однесува на  главното преговарачко поглавје „фундаментални права“, кое ги допира и бугарските барања. Извештајот треба да биде прифатен од земјите членки откако ќе го разгледаат и евентуално ќе искажат забелешки, но од она што може сега да се прочита разликата меѓу него […]

Само еден случај на западно-нилска треска кај пациентка која се вратила од патување


Во регионот расте претпазливоста за потврдени случаи на западно нилска треска. Во Грција се регистрирани 11 случаи, двајца починале, додека во Србија се потврдени два случаи.  За сега во Македонија,  на Инфективната клиника е потврден само еден случај на западно-нилска треска кај пациентка која се вратила од патување на Јадранското море. Во моментов нема нови […]

Во спомен собата на Хаџиманов донесено столчето за пијаното на кое музицирал првиот етномузиколог во Македонија


Во спомен собата на Васил Хаџиманов е донесено столчето за пијаното на кое музицирал најпознатиот и прв етномузиколог во Македонија, информираа денеска од Музеј галеријата во Кавадарци.   – Благодарност до неговата внука Милка Хаџиманова Китаноска за отстапениот предмет, напишаа од Музејот на музејскиот фејсбук профил.  Историчарот Мики Камчевски, потсети за МИА дека станува збор […]

Катастрофа во Словенија: Во невремето најмалку три жртви, двајца од Холандија (Галерија)


  Најмалку три лица загинаа како последица на невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија, објави словенечката новинска агенција СТА. Еден Словенец загина во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините околу Крањ. Околностите на смртта сѐ уште се утврдуваат, соопшти полицијата за агенцијата. „Се чини дека смртта во Камник е последица на поплави, […]

Алексеј Навални осуден на уште 19 години затвор за „екстремизам“


  На затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални му се изречени уште 19 години затвор, на судење во оддалечена казнена колонија. Навални беше прогласен за виновен за основање и финансирање на екстремистичка организација и активности. Тој ги негира обвиненијата. Тој веќе отслужува деветгодишена казна за прекршување на условниот отпуст, измама и непочитување на судот. Обвиненијата […]

Треска на скопјани им носи разладување од Илинска Планина (Галерија)


  Неподносливи горештини во главниот град. Можеби овие се последните врели денови во Скопје, затоа што по најавеното невреме за утре, температурите треба да опаднат.  Сепак, скопјани, оние кои се останати во градот и кои имаа можност, решија да се разладат на најдоброто место во близина на главниот град – Матка, на реката Треска.  Треска […]

Волстрит падна втор ден по ред


  На Волстрит вчера цените на акциите паднаа, втор ден по ред, бидејќи приносите на државните обврзници пораснаа, па некои инвеститори го пренасочуваат својот капитал од акции на обврзници. Дау Џонс загуби 0,19 отсто, на 35.215 поени, додека СиП 500 се лизна за 0,25 отсто, на 4.501 поен, а индексот Насдак 0,10 отсто, на 13.959 […]