Кисела Вода и годинава ќе субвенционира набавка на огревно дрво


Фото: Б. Богдановска

Право на користење на субвенцијата ќе имаат граѓаните кои купиле дрва за огрев од први април 2023 година, сѐ до денот на објавување на Јавниот повик, кој ќе биде распишан во месец октомври и ќе ги содржи сите потребни критериуми и информации.

Општина Кисела Вода информира дека финансиски надомест од 500 денари со влучен персонален данок, ќе се добива за секој купен метар кубен (1 м³) дрва за огрев, но до максимална вкупна количина до 10 метри кубни (10 м³) или по 350 денари (со вклучен персонален данок) за секој купен метар просторен дрва за огрев, но до максимална количина од 14 метри просторни.

– За утврдување на исполнетоста на условите за субвенционирање ќе биде формирана петчлена комисија, задолжена да ја спроведе целата постапка на принципот прв дојден-прв услужен, сè до исцрпувањето на предвидените средства во висина од 1.200.000 денари за таа намена, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.