Штрајк на пилотите: Посебен проблем – контрола на летовите


Пилотите на Рајанер во Белгија денеска најавија дека ќе штрајкуваат на 14 и 15 август, а нивните главни барања се повисоки плати и подобри услови за работа. Тоа ќе биде трет штрајк на пилотите на Рајанер во Белгија ова лето, објави белгиската агенција Белга. Според Ројтерс, пилотите на Рајанер претходно одржале дводневни протести на 15 […]

Шпанија во црвено: Температури до 44 степени Целзиусови


  Шпанија од денеска е зафатена од нов топлотен бран кој според прогнозата на метеоролозите ќе трае во следните четири дена и ќе го зафати поголемиот дел од Пиринејскиот полуостров. Шпанската метеоролошка агенција во понеделникот издаде црвено предупредување поради максималните температури за Мадрид и некои други провинции. Според прогнозата, температурите на воздухот во Мадрид би […]

На 87 години почина Вилијам Фридкин, прославениот режисер на „Француска врска“ и „Истерувач на ѓаволот“


Лос Анџелес– Вилијам Фридкин, режисерот оскаровец зад The French Connection и The Exorcist, кој беше еден од најомилените режисери што произлезе од бранот брилијантни филмаџии кои оставија свој белег во 1970-тите, почина во понеделникот. Тој имаше 87 години. Фридкин почина во Лос Анџелес, изјави неговата сопруга, поранешна продуцентка и шефица на студиото Шери Лансинг. Неговите […]

Пензионер нападнат од неговата сосетка во скопска населба


Скопјанец, на возраст од 74 години бил физички нападнат од неговата сосетка, објави полицијата. – На 06.08.2023 во 14.45 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(74) од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата сосетка В.Ј., која употребила и тврд предмет, велат од МВР. Се преземаат мерки за […]

Илјадници американски војници стигнаа до Црвеното Море откако Иран заплени танкери


Повеќе од 3.000 американски воени лица пристигнаа на два воени брода како дел од засилениот одговор на Вашингтон откако Иран заплени танкери во Црвеното Море, соопшти американската морнарица. Како што се наведува, „распоредувањето придонесува на растечкото американско воено трупање во напнатите водни патишта во Заливот кои се клучни за глобалната трговија со нафта, што го […]

ДеСантис: Секако дека Трамп ги загуби изборите во 2020 година


Републиканскиот претседателски кандидат и гувернер на Флорида, Рон ДеСантис, денеска конечно призна дека неговиот партиски ривал Доналд Трамп ги загуби изборите во 2020 година, откако со години избегнуваше директно да одговори на ова прашање. -Секако дека загуби. Џо Бајден е претседател, изјави Десантис за американската телевизија Ен-би-си (NBC), пренесува Гласот на Америка. Десантис често пати […]

Пендаровски издаде наредба за подготовка на контингент војници и средства за помош на Словенија


Претседателот Стево Пендаровски како врховен командант на вооружените сили на Армијата на Република Северна Македонија издаде наредба до началникот на Генералштабот на Армијата да се преземат мерки за подготовка на контингент војници и материјално-технички средства коишто најскоро би биле упатени во Република Словенија за помош во справувањето со последиците од катастрофалните поплави кои ја погодија […]

Невреме во балтичките земји, едно лице загина


Најмалку едно лице загина во невремето што денеска ги зафати земјите кои граничат со Балтичкото Море. Станува збор за 50-годишна жена која починала во Литванија поради паѓање дрвја во близина на границата со Латвија. Невремето предизвика одложување на летовите, прекин на траектниот сообраќај и делумно излетување на воз од шините. Два вагона на патнички воз […]

Седум лица во Русија осудени заради алкохолно труење на 44 лица со метанол


Седум лица во Русија денеска беа осудени од три до шест години затвор за дистрибуција на алкохолни пијалоци со метанол, при што загинаа 44 лица.  Судот во Екатеринбург ги осуди и за продажба на стоки што не ги исполнувале безбедносните услови и тоа резултирало со смрт на две или повеќе лица. Обвинителите изјавија дека седумтемината […]

ДЗСИ: Ставени под надзор 11 луѓе по случајот со заболената болничарка од инфективна


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) стави под надзор уште 11 луѓе од здравствен ризик за да се спречи ширење на конго-кримска хеморагична треска, откако Министерството за здравство соопшти дека оваа заразна болест е утврдена кај вработена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Скопје. „Издадени се решенија за надзор за 10 члена […]

На „Богородица“ и „Табановце“ за излез од државата се чека околу еден час


 На граничните премини „Богородица“ и „Табановце“, поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на […]

Ограбена обложувалница во Карпош


Во неделата, во 21.25 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на ул.„Лондонска“ во Скопје едно лице со закана кон вработениот одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Салах ќе ја одбие понудата од Саудиска Арабија


 Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, не сака да го напушти англискиот фудбалски гигант, изјави денеска неговиот менаџер Рами Абас Иса. „Доколку разгледувавме заминување од Ливерпул оваа година, немаше да го обновиме договорот минатото лето. Мохамед останува посветен на Ливерпул“, објави Иса на социјалните мрежи. Саудискиот прволигаш Ал Итихад објави претходно дека сака да го ангажира […]

Изабела Новотни со награда од Требиње


Македонската театарска, филмска и телевизиска глумица Изабела Новотни ја доби наградата „Големата повелба на Леотар“ за најдобра улога во филмот „Обична Ели“, во рамките на 11. Фестивал на европски и медитерански филм што се одржа во Требиње. Наградата беше доделена синоќа за време на затворањето на Фестивалот, а се одржа и проекција на филмот „Ова […]

Неонатолозите апелираат вработените мајки да го користат правото на пауза за доење на своите новороденчиња


Работата не треба биде пречка за доењето. Вработената мајка кога ќе се врати на работа да продолжи да си го дои своето дете и да се подигне свеста кај работодавачите, под ова мото се спроведе годинешната кампања по повод неделата на доењето. Началничката на Одделот за неонатологија при Клиничка болница – Штип, Валентина Златковска нагласува […]

Порака на ЕУ до работниците: Преквалификувајте се или сте аут!


Ако Европа сака да има конкурентна работна сила, мора да им одржи лекција на своите граѓани: Учењето никогаш не престанува! Со години, образовниот пат на една личност беше едноставен. Учеле на училиште кога биле млади, под надзор на наставниците. Стекнале диплома или правеле стручна обука и ги користеле тие вештини до пензионирањето. Преквалификацијата беше – […]

Сојузот на здруженија на пензионерите против линеарно усогласување, но со предлог за зголемување на најниската пензија


Линеарно усогласување нема ниту во земјите од нашето опкружување, ниту во пензиските системи на европските земји, се наведува во денешното соопштение од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а во врска со барањето за линеарно усогласување на пензиите. Во однос на протестите на пензионерите со ниски пензии, Извршниот одбор на Сојузот на здруженија на […]

Во јули минималната синдикална кошница 48.620 денари, за еден месец поскапе 441 денар


Во јули годинава на едно четиричлено семејство му биле неопходни 48.620 денари за задоволување на минималната синдикална кошница, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Од нив 20.004 денари или 44,6 отсто биле неопходни за исхрана и пијалаци, 13.664 денари, односно 30,46 отсто за домување, 3,247 денари или 7,24 отсто за хигиена, 3,720 […]

Писмо на западни политичари до ЕУ, САД и Британија во кое бараат мерки против владата на Вучиќ


  Германски „Тагесшпигел“ објави текст со наслов „Ризици од понатамошна ескалација: Странските политичари во писма до ЕУ и САД бараат поголема дистанца од Србија“, во која цитира писмо од неколку странски политичари упатено до ЕУ, САД и Велика Британија. Како што се наведува, „Тагесшпигел“ имал пристап до писмото и пишува дека водечките странски политичари од […]

„Стандард и Пурс“ го зголеми кредитниот рејтинг на Босна и Херцеговина на Б+


Меѓународната рејтинг агенција „Стандард и Пурс“ (С&П) го зголеми кредитниот рејтинг на Босна и Херцеговина, од „Б“ на „Б+“, со стабилна перспектива. Аналитичарите на С&П во извештајот наведуваат дека подобрувањето на кредитниот рејтинг го одразува нивниот став за економијата на Босна и Херцеговина која се покажа отпорна, и покрај неодамнешните влијанија, вклучително и пандемијата Ковид […]