Шпанија во црвено: Температури до 44 степени Целзиусови


 

Шпанија од денеска е зафатена од нов топлотен бран кој според прогнозата на метеоролозите ќе трае во следните четири дена и ќе го зафати поголемиот дел од Пиринејскиот полуостров.

Шпанската метеоролошка агенција во понеделникот издаде црвено предупредување поради максималните температури за Мадрид и некои други провинции.

Според прогнозата, температурите на воздухот во Мадрид би можеле да достигнат до 42 и 43 Целзиусови степени.

Портокалово предупредување е издадено за поголем дел од полуостровот каде се очекуваат температури до 40 степени.