Пензионер нападнат од неговата сосетка во скопска населба


Фото: Б. Грданоски

Скопјанец, на возраст од 74 години бил физички нападнат од неговата сосетка, објави полицијата.

– На 06.08.2023 во 14.45 часот во СВР Скопје, Ј.Т.(74) од Скопје пријавил дека околу 11.20 часот на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од неговата сосетка В.Ј., која употребила и тврд предмет, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.