Секоја недела килограм овошје од прва класа за сите деца запишани во градинка


Градоначалникот на Општина Центар,  Горан Герасимовски заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ја посетија градинката „Кочо Рацин“, објект „Панорама“ каде што  ја стартуваа  кампањата на МЗШВ „Здрав оброк за секое дете“.  -Овошјето е неизбежна ужинка за сите деца. Токму затоа ме радува што […]

Кај 30 работодавачи изречена забрана за вршење на дејност поради непочитување на мерките за топлото време


Од извршени 164 надзори најчесто во дејности каде што изложеноста на топлинската енергија е најголема, кај 30 работодавачи е издадено решение за забрана за вршење на дејноста, информира денеска министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Таа при денешната посета на детската градинка „Кочо Рацин“ во рамки на кампањата „Здрав оброк за секое дете“, […]

Запалено возилото на началникот на СВР-Штип


Рано изутрината на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“ настанал пожар на возило марка „ауди5“, чиј сопственик е  началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило, а пријавата е од граѓанин во 03:01 часот. Веднаш е повикана Територијалната Противпожарната едница-Штип, на самото место интервенирале пожарникарите […]

„Госпоѓиците од Авињон“ на „Охридско лето“ –демистификација на петте жени од истоимената слика на Пикасо


Фестивалот „Охридско лето“ синоќа за публиката ја донесе балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ изведена од Националната Опера и балет на Република Северна Македонија. Во извонредниот амбиент на Долни Сарај, балетот во девет слики зборуваше за петте жени, петте куртизани кои го одбележале бурниот живот на големиот уметник Пабло Пикасо, за нивниот живот и потрага по […]

Отворена највисоката зграда во Хрватска – има блиндирано стакло и нуклеарно засолниште


Највисоката зграда во Хрватска, Вестгејт Тауер, висока 135 метри и вредна 110 милиони евра, денеска почнува со работа, соопшти Вестгејт груп. Како што се наведува, во оваа зграда, чија изградба ја финансираше Хрватската банка за обнова и развој (ХБОР), ќе има вкупно повеќе од 1.000 вработени. Овој облакодер се состои од 35 ката – 28 […]

Петровска: Тежок збор е дека сме изиграни од Бектеши


Министерката за одбрана Славјанка Петровска го нарече „ тежок збор“ прашањето дали биле   изиграни од министерот за економија Крешник Бектеши околу спојувањето на концесиите за рудникот Иловица. „Она што е многу важно е мојата реакција и реакцијата на колегите кои бевме, а тоа се колегата Спасовски и колешката Шукова, се разбира и присуството на двете […]

Отворањето на рудникот Иловица за некои од жителите е шанса, не трагедија


Рудникот Иловица-Штука е предуслов за опстанок на општините Ново Село и Босилово, сметаат жители кои го поддржуваат отворањето на рудникот зашто велат дека на тој начин ќе се задржат младите луѓе во краевите кои веќе се запустуваат, пишува во репортажа порталот Југоинфо. Никола Стаменов од Штука, поранешен претседател на Федерацијата на фармери на Македонија, смета дека […]

Во кинескиот град Санбао измерени 52,2 степени Целзиусови


 Градот Санбао, во провинцијата Синџијанг, на северозападот од Кина, вчера регистрира рекордно висока температура во земјата од 52,2 степени Целзиусови. Според извештаите, се очекува рекордната жештина да трае уште најмалку пет дена. Претходниот рекорд од 50,3 степени Целзиусови беше измерен во 2015 година во близина на Ајдинг, во Синџијанг, во депресија на повеќе од 150 […]

Нападот на Кримскиот мост го извршила Украина со морски дронови


  Нападот на мостот на Крим го планирале Службата за безбедност на Украина (СБУ) и украинската морнарица, пишуваат РБК Украина и Би-Би-Си, повикувајќи се на извори од украинските разузнавачки служби. „Мостот беше нападнат со површински морски дронови. Беше тешко да се стигне до мостот, но на крајот тоа беше можно“, вели изворот на Би-Би-Си во […]

Селаудин Арифи- трговец, градежник, акционер, донатор и сват на Ахмети


Кичевската мелничко пекарска индустрија „Жито Караорман“ го менува сопственикот – по берзанска трансакција преминува во рацете на досега малцинскиот акционер Селаудин Арифи, кој има амбиција целосно да ја преземе фирмата, пишува порталот „Пари“ во денешната анализа. Веројатно, двете ценовно чувствителни информации објавени преку Македонска берза би минале без поголема гласност, доколку оваа бизнис зделка нема […]

Ин мемориам: Џејн Биркин како модна икона (галерија)


Таа е родена во Лондон, но таа е врвната икона на парискиот стил – Џејн Биркин. Од врвот на кариерата во шеесетите и седумдесетите години на минатиот век, откако стана стилска икона и една од најпосакуваните актерки, па до денес, Биркин остана и ќе остане врвна модна икона. Од едноставна причина – тој лежерен, безгрижен […]

Владата утре ќе ја преиспитува одлуката за спојување на концесиите за рудникот во Иловица


Владата утре на седница ќе ја преиспитува одлуката за спојувањето на концесиите за рудникот во Иловица и ќе разгледа поопширна информација од министерот за економија Крешник Бектеши и вработените во Министерството за економија надлежни за доделување на концесиите, најави денеска министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.  Одговарајќи на новинарски прашања, Тренчевска рече дека […]

Една недела се трага по двегодишно дете во Франција – се проверува политичката заднина на родителите


Прекината е теренската потрага по двегодишното момче Емил, кое исчезна пред една недела за време на семеен одмор со неговите баба и дедо во селото Хаут-Верне, јужно од Гренобл на француските Алпи. Момчето си играло во градината од куќата кога исчезнало. Таткото на Емил бил поврзан со неофашисти Полицијата сѐ уште нема информации за неговата […]

Жена на 21 година родила мртво бебе во Битолската болница


  Мртво бебе било породено вчера во Битолската болница, на 21-годишна родилка која пред два месеци се вратила од азил во Германија. Според официјална изјава на директорката на болницата, д-р Елизабета Ивановска, бебето било породено со царски рез, но не давало значи на живот. „Породувањето е направено со царски рез, заради вишок на плодова вода, […]

Стапи во сила Одлуката на ЕУ за макрофинансиска помош за земјава


Одлуката на ЕУ за обезбедување макрофинансиска помош за Северна Македонија во износ до 100 милиони евра за справување со последиците предизвикани од руската агресија врз Украина, стапи во сила, откако денеска официјално е објавена во Службениот весник на Европската Унија. Одлуката што Советот за општи работи (ГАК) на Унијата едногласно ја одобри на минатиот понеделник, […]

Хаос на пазарот: Никогаш помалку мајстори, сè повеќе измамници


Недостигот од мајстори на различни профили ги принудува луѓето на кои им се потребни да го пронајдат на различни начини, од упатувања до реклами или на социјалните мрежи. „Врз основа на медиумските наслови за појава на „лажни мајстори“ на пазарот, препорачуваме внимателност и проверка на избраните изведувачи или услуги. Пред да склучите зделка потребно е […]

Пожар на аеродромот на Сицилија, летовите до среда одложени


Летовите од аеродромот  во Катанија во јужна Италија се одложени до среда по пожарот што се случи доцна синоќа, пишува германската агенција dpa. „Сак“, компанијата која управува со меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“, соопшти дека летовите ќе бидат прекинати до 14 часот во среда поради „пожарот што избувна на аеродромот“. Никој не е повреден Компанијата првично […]

Гудачкото трио „Инвентио“ вечерва во „Света Софија“ во рамки на „Охридско лето“


Годинашното фестивалско издание „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на италијанското трио „Инвентио“, со уметничките Јулиа Беринскаја и Валентина Данелон на виолина и Ана Серова на виола.  Јулија Беринскаја е родена во уметничко и музичко семејство, нејзиниот раскошен талент е откриен на рана возраст од нејзиниот татко Сереј Берински, кој […]

Beach Film Festival во Охрид со европски филмови под ѕвездите


Во екот на туристичката сезона во Охрид и оваа година се оддржува шесто издание на Beach Film Festival од 19-ти до 23-ти јули 2023 година. Овогодинешното издание нуди богата програма со филмски проекции, мастер класови и музички перформанси на четири локации во Охрид, и тоа: Плажа Славија, Плажа Сараиште, Брод Армада и Младински Центар Охрид. […]

Четврто издание на Галичник филм фестивал од 4 до 6 август


Од 4 до 6 август во Галичник ќе се одржи четвртото издание на Галичник филм фестивал. „Галичник Филм Фестивал се враќа со своето четврто издание и време е да „нурнеме“ во волшебниот свет на филмот. Подгответе се да бидете маѓепсани од моќта на приказните додека ви нудиме незаборавно филмско искуство какво што никогаш претходно не […]