Хаос на пазарот: Никогаш помалку мајстори, сè повеќе измамници


Недостигот од мајстори на различни профили ги принудува луѓето на кои им се потребни да го пронајдат на различни начини, од упатувања до реклами или на социјалните мрежи.

„Врз основа на медиумските наслови за појава на „лажни мајстори“ на пазарот, препорачуваме внимателност и проверка на избраните изведувачи или услуги. Пред да склучите зделка потребно е да се побара и потврди на кој начин е регистриран изведувачот – ако е занаетчија, за извршување голем број работи морал да положи мајсторкси испит, највисок степен на образование кај занаетчиите. За помал број активности, потребно е соодветно средно училиште или положен испит за професионална компетентност. Можете да го проверите вашиот иден изведувач преку Трговскиот регистар. Испитот јасно покажува дека оваа личност има докажано извонредни практични вештини и теоретско знаење во својата професија”, нагласува претседателот на Хрватската занаетчиска комора, Далибор Кратохвил.

Но, ниту мајсторската, ниту регистрираната дејност не е гаранција дека работата ќе биде добро завршена. Ова се повеќегодишните искуства на соговорникот на „Нови лист“, дипломиран инженер, но и „мајстор на семеен занает„, кој сакаше да остане анонимен затоа што често мора да ги коригира недостатоците на оние со „испит“, пренесува „Пословни дневник“.

„Проблемот е заштедата на материјали за да се постигне пониска цена од конкуренцијата, но и сѐ почестиот непрофесионален однос кон соседите кои имаат оштетувања на станот при адаптација на договорениот стан (пукнатини, паѓање на таванот, поплави). Кога таквите ‘мајстори’ наместо да ја поправаат штетата што ја направиле, тие го ‘оштетат’ и соседниот стан  и се однесуваат како да прават услуга кога влегуваат и таму да поправат наместо да се извинат, што создава недоверба кон сите занаетчии“, вели искусен градежен претприемач кој е специјализиран за постградежни поправки – „мајстор“ со диплома.

„Мајсторите никогаш не биле повеќе барани, платени и ценети, тие секако имаат обврска и одговорност да дадат квалитетен одговор на таквото барање“, вели Кратохвил, кој потврдува дека нема доволно мајстори.