Пожар на аеродромот на Сицилија, летовите до среда одложени


Летовите од аеродромот  во Катанија во јужна Италија се одложени до среда по пожарот што се случи доцна синоќа, пишува германската агенција dpa.

„Сак“, компанијата која управува со меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“, соопшти дека летовите ќе бидат прекинати до 14 часот во среда поради „пожарот што избувна на аеродромот“.

Никој не е повреден
Компанијата првично соопшти дека летовите ќе бидат одложени до понеделник наутро. Пожарникарите рекоа дека ситуацијата е „чувствителна и напорна“, според новинската агенција АНСА. Агенцијата извести дека синоќа околу 23.30 часот првпат биле повикани пожарникари на аеродромот на источниот брег на Сицилија.

Никој не е повреден, соопштија од аеродромот. „Им благодариме на пожарникарите, владините агенции, кризните тимови и аеродромската заедница за нивната брза реакција“, објави аеродромот на Твитер.

Повеќе од милион патници поминале низ аеродромот во мај, покажуваат податоците на италијанското аеродромско здружение Асаеропорти.