Путин нема да оди во Јужна Африка на БРИКС, Лавров место него


  Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на групата на нации Брикс во август во Јужна Африка „по меѓусебен договор“, а на негово место ќе дојде министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Во соопштението објавено од страна на претседателството на Јужна Африка во средата се вели: „Со заеднички договор, претседателот Владимир Путин […]

Грковска најави нова опомена за Груби за користењето на министерството како партиско дуќанче


Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска,  најави дека на вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби повторно ќе му изрече опомена за непочитување на етичкиот кодекс на однесување – поради одржувањето партиски средби на лидерот на ДУИ со Вајмарската тројка во неговиот кабинет. Можни се, како што најавува, и други […]

Авион се урна во Црна Гора – пилотот и патникот преживеаја


Две лица се повредени при пад на авионот во населбата Штој во Улцињ, Црна Гора. Ова за „Вијести“ го потврдиле од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа. Едно лице се здобило со тешки, а едно со полесни повреди. Според информациите, повредени се пилотот и уште едно лице кое било со него во малиот туристички авион.

Топлотен бран се заканува и ноќе: Научниците предупредуваат на здравствени ризици


Високите температури кои моментално ја погодуваат Европа сигурно ќе продолжат да растат, а со нив и ризикот од срцев удар и смрт. Топлотниот бран што ја зафати северната хемисфера се очекува да се засили оваа недела, што ќе предизвика пораст на ноќните температури и ќе доведе до зголемен ризик од срцев удар и смрт, соопшти […]

Манекенката Барбара Палвин се омажи тајно во Будимпешта (фото)


Будимпешта- Унгарската манекенка со светска кариера и ангел на „Викторијас сикрет“, Барбара Палвин и актерот Дилан Спроус се венчаа тајно во Будимпешта за време на викендот. Барбара  (29) и Дилан (30) се заедно пет години. Двојката се сврши во септември 2022 година и планираа венчавка во Унгарија, каде што е родена Палвин. Сепак, деталите за […]

ДКСК најави кривична пријава: Илјадници лични податоци на граѓаните не биле заштитетни од злоупотреба


Државната комисија за спречување корупција ќе поднесе иницијатива за кривично гонење на двајца поранешни директори на Управата за водење на матичните книги заради основано сомневање за можна трговија со илјадници лични податоци на граѓаните на РМ. Сомнежот произлегува по спроведената контрола на процесот на дигитализација на матичните книги на родени, венчани и починати лица. Скандалозните […]

Домашната пченица ќе се откупи за стокови резерви


Владата на вчерашната седница, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се усвои Информацијата за состојбата со очекуваното производство и планираниот откуп на пченица, род 2023 година, соопшти МЗШВ. Владата ја задолжи Агенцијата за стокови резерви, планираната јавна набавка на 15.000 тони пченица, за потребите на стоковите резерви, наместо во еден, да ја […]

Четворица повредени во сообраќајка – 13-годишник возел „бе-ем-ве“


Вчера во 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Челопек-Милетино, во тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксваген голф“ управуван од 26-годишниот А.Т. од тетовско Милетино и „бмв“ што го управувал 13-годишен малолетник од Челопек, извести СВР Тетово. – Во несреќата, […]

МФ: Обезбедени 100 милиони евра од ЕБОР за поддршка за справување со енергетската криза


Владата обезбеди 100 милиони евра поволни средства за поддршка на ЕСМ што е дел од активностите што се преземаат за справување со енергетската криза. Законското решение за да може овие средства да станат достапни на АД ЕСМ од Европската банка за обнова и развој беше поддржано вчера од страна на Собранието, соопшти Министерството за финансии. […]

Со лажни фактури правеле даночни измами и переле пари: МВР објави детали за полициската акција


  Петнаесет физички и три правни лица биле вклучени во криминалната шема на даночна измама и перење пари со која државата била оштетена за 837 илјади евра. Против сите нив Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави до обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Против 11 физички лица пријава има за сторени кривични дела […]

Стопанската комора ја предупредува владата со Уставен суд ако го усвои солидарниот данок


  Стопанската комора на Северна Македонија преку Клубот 100, упати допис до претседателот на Собранието, до премиерот и до министерот за финансии во кој ги изнесува аргументите за барањето на бизнис заедницата да запре донесувањето на предложениот Закон за данок на солидарност, по итна постапка со европско знаменце. Во дописот од неколку страници се наведува: […]

Поранешен управен судија осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба


 Управниот судија М.Ш. (Мустафа Шахини) денеска е осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување. Судијата, претходно како адвокат, за роднини повел постапка за денационализација за имот од речиси 2000 квадрати, односно плажа во Струга и бил исплатен надомест, а во меѓувреме, станал управен судија и го земал токму предметот по […]

Српска вечер на „Охридско лето“: Виртуозно музичко патување со Немања Радуловиќ и „Double Sensе“ 


Концерт за паметење донесе вчеравечер фестивалот „Охридско лето“ во рамките на Српската вечер на фестивалот на која настапи извонредниот српски виолинист Немања Радуловиќ во придружба на камерниот оркестар „Double Sensе“. Под ѕвезденото небо на Долни Сарај и пред бројната публика, Радуловиќ со неговата уникатна енергија и искреност во изведбите, како и со возбудливата виртуозност, длабочина […]

Ристовски ја заврши ракометната кариера, како директор на Вардар најави шест засилувања


 Новиот извршен директор на Вардар, Борко Ристовски, ги кажа првичните задачи со кои ќе се зафати по стапувањето на новата функција.  – Да се биде на оваа функција во Вардар не е мала работа. Директор на најголемиот македонски клуб е чест, но и тежина и одговорност. Ќе се обидам со моите соработници да го вратиме […]

Тропски температури и во наредните денови


До следната среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури, поради што ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, соопшти УХМР. Минималните утрински температури ќе бидат во интервал од 15 до 24, а максималните дневни ќе достигнат до 43 степени. Благо опаѓање на температурата за […]

Кина ги финализира плановите за првото слетување со луѓе на Месечината


Пекинг – Кина ги привршува плановите за првото свое слетување со луѓе на Месечината во историјата. Според најавите, тоа би требало да се случи до крајот на ова десетлетие. На 9. Меѓународен форум за комерцијална авијација во Вухан, заменикот-главен инженер на Кинеската вселенска агенција, Жанг Хаилијан го претстави прелиминарниот план за испраќање двајца астронаути на […]

Врвниот американски економист се откажа од понудената висока работа во ЕУ


   Фиона Скот Мортон нема да ја преземе работата што ѝ беше понудена како главен економист за конкуренција на Европската комисија по политичката реакција која кулминираше со критиките од францускиот претседател Емануел Макрон за изборот на кандидат кој не е член на ЕУ за таа улога. „Со оглед на контроверзноста што се појави поради изборот […]

Бабовски во Брисел на објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12


Претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) предводени од директорот Николче Бабовски, денеска и утре во Брисел, Белгија, учествуваат на вториот состанок со Европската Комисија за објаснувачкиот скрининг за Поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика, за преговори за членство на Република Северна Македонија во Европската унија (ЕУ). На состанокот учествуваат […]

Гори дивата депонија кај салата „Борис Трајковски“


Во близина на салата „Борис Трајковски“ во Карпош попладнево избувна пожар, а над населбата се издигнува густ чад. Според првичните информации, запалени се сува трева и ѓубре од депонија. Скопската противпожарна бригада со три возила интервенира на терен и очекуваат за кратко време да се локализира пожарот. – Запалени се сува трева и ѓубре од […]

Нов мултифункционален деловен простор на „Тиквеш“ во Кавадарци


Винарската визба „Тиквеш“, лидер на винскиот пазар во земјава, продолжува со својата стратегија за континуирани инвестиции во одржлив развој и имплементација на ESG стандардите. Во рамките на овој процес кој се одвива во сите сегменти од работењето на компанијата, денес „Тиквеш“ ги отвори новите деловни простории во Кавадарци. Деловниот простор во Кавадарци е уникатен по […]