Авион се урна во Црна Гора – пилотот и патникот преживеаја


Две лица се повредени при пад на авионот во населбата Штој во Улцињ, Црна Гора.

Ова за „Вијести“ го потврдиле од Оперативно-комуникацискиот центар на Полициската управа.

Едно лице се здобило со тешки, а едно со полесни повреди.

Според информациите, повредени се пилотот и уште едно лице кое било со него во малиот туристички авион.