Професионалните новинарски и медиумски организации се против владини кампањи во медиумите


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), заедно со професионалните новинарски здруженија и граѓанските организации од медиумскиот сектор, излезе со остра реакција против владиното рекламирање во приватниот сектор. Тие упатија критика за начинот на кој Министерството за информатичко општество и јавна администрација (МИОА) го води процесот на јавна дебата за дополнително предложените измени на Законот за […]

Изгаснат е пожарот во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски”


Изгаснат е пожарот близу спортскиот центар „Борис Трајковски“, известува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според нив, повеќе нема опасност од проширување и во моментот се догасува внатрешно, поради големата количина на ѓубре на дадената површина. Во гаснењето на пожарот учествувале 10 пожарникари со 5 возила. Исто така, биле вклучени и две цистерни од ЈП Комунална хигиена […]

Пендаровски не е оптимист дека ќе има уставни измени


Претседателот на државата Стево Пендаровски не е оптимист дека ќе се случат уставните промени, односно дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени ставот и ќе гласа за нив. Уверен е дека во противењето, поточно во кочењето на евроинтегративниот процес на земјата, партијата гледа шанса да дојде на власт. Странските дипломати, вели претседателот, им укажуваат на опозиционерите […]

Враќањето на државните кампањи на прва јавна расправа, не присуствуваа повеќето медиумски здруженија, меѓу кои и ЗНМ


Повторното враќање на државните кампањи за теми од јавен интерес во медиумите, распределбата на финансиите по тој основ и составот на телото што ќе одлучува за тоа и одредбите за реемитување на програмските сервиси за регулирање на авторските и сродни права, беа во фокусот на првата јавна расправа за втората фаза од Предлог-законот за изменување […]

ДКСК: Арсовска незаконски го именувала Драган Илиевски за в.д директор на Зоолошката градина


Градоначалничката на Град Скопје постапила спротивно на законот, при именување на Драган Илиевски за нов в.д директорот во скопската Зоолошка градина, утврди ДКСК. Државната комисија за спречување на корупција на денешната 89 седница утврди дека Илиевски бил именуван за директор, иако тој не го исполнувал условот претходно да биде вработен во самиот објект. Како што […]

Според директорот на Мета, постојните системи на ВИ се глупави и не претставуваат ризик


Извршниот директор на Мета, Ник Клег, денеска изјави дека сегашните модели на вештачка интелигенција (ВИ) се „прилично глупави“ и ги минимизираше потенцијалните ризици од нивното користење. Тој рече дека возбудата за појавата на вештачката интелигенција е прерана во однос на нивото на нејзиниот технолошки развој. Клег објасни дека сегашните модели на вештачка интелигенција се далеку […]

Хрватска ги нуди своите приштаништа за извоз на украинско жито


Загреб – Хрватска ја понуди својата железничка мрежа и пристаништата во Јадранското Море за транспорт на украинско жито преку алтернативни патишта, соопшти хрватскиот државен секретар за политички прашања Франо Матушиќ. Изјавата на Матушиќ дадена на состанокот на Генералното собрание на ОН за време на отворена министерска дебата за ситуацијата на привременo окупираните територии на Украина […]

ОТА негира дека било кога купила или користела „Предатор“


Оперативно техничката агенција ОТА негира дека било кога купила или користела шпионски софтвер „Предаток“ кој стана актуелен од вчера откако САД ја ставија на црна листа македонската компанија „Сајтрокс“. -За жал, и покрај јавните објави и деманти од страна на ОТА, продолжува трендот на манипулирање на јавноста со свесно креирање и објавување на невистинити содржини […]

Македонскиот пасош 43-ти на новата листа на „Хенли“


Со македонски пасош може да се влезе во 125 други земји без најава, посебно одобрување, или без виза, што го сместува на местото број 43 на новата листа на „Хенли паспорт индекс“. Сингапур е на прво место, па граѓаните на оваа островска држава можат да влезат во 192 држави без виза – повеќе од патниците […]

Четири и пол години затвор за второобвинетиот за несреќата во која лани загинаа сопружници на излезот од Штип


Второобвинетиот во тешката сообраќајна несреќа во која лани загинаа двајца сопружници доби затворска казна од четири и пол години. Несреќата се случи лани на регионалниот пат кој поминува низ штипската населба „Балканска“. Судијата кривичар во штипскиот Основен суд, Ацо Тасев денеска ја објави пресудата, со којашто второобвинетиот е огласен за виновен. Пресудата е донесена по […]

Лажни тврдења за измами „ала Трамп“ се шират низ Шпанија пред клучните избори в недела


  Неколку дена пред одржувањето на клучните избори во Шпанија, на социјалните мрежи се шират погрешни тврдења за гласачки ливчиња по пошта и изборни измами и фрлаат сомнеж за резултатите дури и пред да се пребројат гласовите. Наводите, засилени од приврзаниците на централно-десничарската Народна партија и екстремно десничарската партија Вокс, имаат впечатливи сличности со неоснованите […]

Костадиновска-Стојчевска: Мој приоритет е целосната вклученост на младите во културата


Во Кинотеката на Северна Македонија денеска се одржа јавна дебата во врска со Нацрт-текстот на Предлог-националната стратегија за развој на културата со акциски план за периодот 2023 – 2027 година.  Нацрт-текстот на Предлог-националната стратегија за следниот петгодишен период, кој е јавно достапен на Електронскиот национален регистар на прописи на Северна Македонија, го изработи работна група со претставници […]

Романија, Словачка и Полска испраќаат пожарникари во Грција


Романија, Словачка и Полска одговориле на грчкото барање преку ЕУ механизмот за цивилна заштита  за помош во гаснењето на пожарите и во Грција испраќаат над 200 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина.  Портпаролот на противпожарната служба на Грција Јанис Артопиос соопшти дека Грција побарала три пешадиски тима и возила, а позитивно одговориле трите земји. […]

ДКСК: Државата оштетена за над 4 милиони евра откако „Пуцко Петрол“ го присвоил конфискуваниот имот на „Трансмет“


Од Антикорупциската комисија на денешната седница истакнаа дека мрежа испреплетена од голем број учесници потпомогнале во случајот со конфискација на имотот на „Трансмет“. Дел од имотот кој требало да биде конфискуван во случајот „Труст“ бил преземен од фирми и банки со што била направена штета од над 12 милиони евра, истакна членот на комисијата Шемси […]

Граничниот премин Прешево-Табановце дневно го поминуваат 24.000 возила


За 24 часа на граничниот премин Прешево-Табановце во двата правца поминале околу 24.000 возила, јави Данас, повикувајќи се на извори во Граничната полиција на Србија. На граничниот премин Прешево на излез од Србија кон Северна Македонија во вторникот попладне се чекаше од 60 до 90 минути, а најголемите редици беа на влезот во Србија од […]

Вашингтон работи со Софија да нема нови услови за Македонија


  Американската администрација работи со новата бугарска влада да нема дополнителни услови за Македонија во преговорите со ЕУ. Ова го изјави специјалниот американски пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во синоќешната дебата за Западен Балкан во Конгресот на САД. Во презентирањето на извештајот за ангажманот на САД на Балканот, тој рече. „За да ги унапреди […]

Измените на законите за даноците и за данокот на солидарност го оптоваруваат бизнисот, оценува Мицкоски


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оцени дека измените на Законот за ДДВ и на Законот за персоналниот данок на доход, како и предложениот закон за данокот на солидарност не му помагаат на бизнисот, туку го оптоваруваат. Како што изјави по средбата во Сојузот на стопански комори, овие три закони се носат „шверцерски“ во Собранието. […]

Седницата на Собранието за уставните измени ќе биде на 18 август


  Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска информираше дека го примил Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Македонија од Владата. Тој веднаш го доставил предлогот до пратениците во Собранието и со оваа постапка почнуваат да течат временските рокови предвидени со Уставот и Деловникот на Собранието. „Ја информираме јавноста дека, согласно Уставот и Деловникот, […]

За Мицкоски текстот за уставните измени бил „тотално неразумен“


  Никаква промена на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени нема, изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски, откако предлогот за нив Владата го испрати во Собранието. Тој најави дека ќе имаат координација во ВМРО-ДПМНЕ, но текстот на предлогот го оцени како „тотално неразумен“. Мицкоски за тоа денеска зборуваше за време на посетата […]

Повеќе од 1.200.000 деца во Србија ќе добијат по 10.000 динари


 Српскиот министер за финансии Синиша Мали денеска изјави дека сите деца родени по 21 ноември 2006 година ќе добијат еднократна парична помош од 10.000 динари (85,24 евра), за што од буџетот ќе бидат исплатени околу 100 милиони евра, со што се решава проблемот на децата кои имаа помалку од 16 години кога беа исплатени мерките […]