Четворица повредени во сообраќајка – 13-годишник возел „бе-ем-ве“


Фото: Б. Грданоски

Вчера во 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Челопек-Милетино, во тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксваген голф“ управуван од 26-годишниот А.Т. од тетовско Милетино и „бмв“ што го управувал 13-годишен малолетник од Челопек, извести СВР Тетово.

– Во несреќата, сопатниците од „голфот“ 46-годишниот С.Т. и 27-годишната М.Б. од Милетино се здобиле со тешки телесни повреди, а двајцата возачи со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, соопшти СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.