Мистерија е зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за законот за македонски јазик


  Дали поради пасивниот или (активниот) бојкот на работата на Собранието опозицијата во вторникот се најде во една парадоксална ситуација – со денови да зборува дека македонскиот јазик е загрозен, дека со евентуалното усвојување на уставните измени тој ќе биде дополнително загрозен во ЕУ, а во исто време да не се гласа за предлогот на […]

Акција за миење и дезинфекција на сите контејнери во Град Скопје


ЈП „Комунална хигиена“ започна акција за миење и дезинфекција на сите садови наменети за одлагање на отпадот поставени на територијата на градот Скопје. Од јавното комунално претпријатие информираат дека активностите се реализираат со специјални комунални возила со вап-надградба за миење под притисок., со тоа што нивните екипи  спроведуваат и комплетно миење на џебовите на микролокациите […]

Членките на ЕУ постигнаа согласност за безбедносните карактеристики на дигиталните уреди


Земјите членки на ЕУ усогласија заеднички став за безбедносните карактеристики што треба да ги содржат дигиталните производи согласно европскиот Закон за кибер безбедност. На состанкот на Комитетот на претставниците на владите на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) постигнат е договор за безбедносните карактеристики и барања што треба да ги исполнуваат производите со дигитални компоненти, како […]

Како да напишете CV, а во него да се види дека „пукате“ од самодоверба


Самодовербата е ваш пријател за време на потрагата по нова работа. Да се ​​​​биде самоуверен на работното место значи да знаете во што сте добри, да бидете свесни за вашите вредности и да се однесувате на начин што ќе им го пренесе тоа на луѓето околу вас. Да се ​​има доверба на работното место е […]

Обвинителството гневно на ДКСК: Префрлањето на имотот од „Трансмет“на „Пуцко Петрол“ било поништено


  Јавното обвинителство ја оценува како целосно беспредметна и непотребна вчерашната  иницијатива на Државната комисија за спречување на корупцијата во врска со конфискацијата на имотот во предметот „Труст“. Иако Јавното обвинителство ќе ја прими иницијативата како и секоја друга претставка, порачува дека е „крајно е нецелисходно ДКСК да поднесува иницијативи за кривично гонење за предмети […]

Зошто Чифте амам е храм на уметноста: Ремек дела од класицизам до модернизам кои мора да се видат (галерија)


Чифте амам , во срцето на Старата скопска чаршија, од синоќа, е храм на уметноста, на чии камени ѕидови и подови се закачени или поставени ремек делата на врвните мајстори на четката и на бронзата од македонската и регионална топ ликовна сцена. Поставка која заслужува особено внимание и дигнитет, во чест на голем јубилеј. За […]

Месечен хороскоп од 22 јули до 22 август: Што ви носи владеењето на Лавот?


Дознајте што ви предвидува месечниот хороскоп од 22 јули до 22 август 2023 година под владеењето на Лавот! Сезоната на Лав 2023 трае од 22 јули до 22 август и е време на владеење на Сонцето. Сонцето го претставува нашиот единствен внатрешен пламен. Божествената искра што живее во нас е таа што не води кон […]

ДУП-от за Буњаковец пред Уставен суд – Шанса за Центар против „наполитанките“


Граѓанската иницијатива Шанса за Центар и адвокатката Сузана Јошевска од Скопје на 14 јули поднесоа иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на деталниот урбанистички план за Буњаковец во чии рамки спаѓа и просторот на поранешната фабрика „Треска“, со цел да го спречат неговото понатамошно спроведување што ќе нанесе штета на јавниот интерес. Според законот […]

(Фото) Ветрот дувал со брзина од 180 км/ч во вчерашното невреме во Загреб


Северна  и централна Хрватска и Славонија вчера беа зафатени од страшно невреме. Силниот ветер и обилниот дожд направија хаос во Загреб. Разорниот ветер носеше се пред себе, а силниот дожд ги поплави улиците. Штетата е огромна. Три лица загинаа во Загреб и Славонија. Повеќе од 100 луѓе се повредени. Според податоците за брзината на ветрот […]

Ќе почне да се гради на просторот на фабриката „Треска“


Наскоро почнува урбанизација на локацијата на фабриката „Треска“, најавуваат локалните власти, иако повеќе години неколку администрации се бореа против планот од 2012 година, таму да се изградат згради таканаречени „наполитанки“.  Сепак, и по мораториумот од претходниот градоначалник Саша Богдановиќ, по застојот во издавањето градежни дозволи, сега платени се комуналии за неколку градби, а „Голден арт“ […]

(Видео) Стара тераса од четири квадрати ја претворила во мал рај: Без многу вложување направила катче за уживање


Како трансформираше тераса од 4 метри квадратни – девојка и нејзиниот партнер решија запуштената тераса да ја претворат во мало рајско катче за нив двајца! Летните ноќи се магични кога ги поминуваме со саканите на терасата од станот, зборувајќи за спомени и создавајќи некои нови приказни. Со чаша вино, кафе и торта со нектарини, многу […]

ДКСК со кривична за Арсовска – незаконски назначила директори на МКЦ и на ЗОО Скопје


  Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) оценува дека назначувањата на в.д. директорите на Младинскиот културен центар (МКЦ) и Зоолошка градина биле незаконски и донесе и одлука за поведување кривична постапка против градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Според Антикорупциската комисија, Арсовска го прекршила законот со именувањето на Никола Алексов и Драган Илиевски за в.д […]

Финансиската писменост е највисока во Шведска, Данска, Холандија и Словенија


  Само 18 отсто од граѓаните на ЕУ имаат висока финансиска писменост, која вклучува финансиско знаење и однесување, средна 64 отсто, а останатите 18 отсто ниска, покажаа резултатите од истражувањето на Евробарометар објавено во вторникот. Европската комисија (ЕК) соопшти дека има големи разлики меѓу земјите членки. Само четири земји од ЕУ можат да се пофалат […]

Акциите на „Тесла“ во пад откако резултатите не ги исполнија очекувањата


  „Тесла“ објави заработка по затворање на тргувањето, покажувајќи рекордни квартални приходи, но помали маржи благодарение на намалувањата на цените и стимулациите. Цената на акциите остана непроменета по првичниот извештај, но почна да паѓа по разговорот за заработката бидејќи извршниот директор Илон Маск и другите директори не успеаја да дадат прецизни спецификации и датуми за […]

Даница Ручигај: Објавено јубилејното издание на целокупното творештво на првата македонска поетеса 


По повод шеесетгодишнината од смртта на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература воопшто Даница Ручигај во скопскиот катастрофален земјотрес на 26 јули 1963 година, деновиве од печат излезе јубилејното издание на нејзината целокупна поезија „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“, што го приредија Свето Стаменов и […]

Нов топлотен бран во Грција со температури до 44 степени


Грција од денеска ќе ја зафати нов топлотен бран, втор во период од неколку дена, со температури што ќе достигнат до 44 степени, јави дописничката на МИА од Атина.  Топлотниот бран Клеон се очекува да кулминира во текот на викендот, а метеоролозите прогнозираат дека високите температури ќе се задржат најмалку до крајот на месецов.  Општините […]

Лавица шета по улиците на Берлин (видео)


  Полицијата во Берлин испрати предупредување дека голем предатор, најверојатно лавица, е на слобода во јужните предградија на Берлин. Жителите се предупредуваат да не ги напуштаат своите домови и да ги чуваат своите миленици во затворени простории. Полицијата и пожарникарите објавија на социјалните мрежи во четвртокот наутро дека веруваат дека дивото животно забележано во текот […]

„Епл“ работи на нов систем за вештачка интелигенција, ќе се натпреварува со „Чет ГПТ“


„Епл„ работи на систем за вештачка интелигенција кој треба да му конкурира на „Чет ГПТ“ (Chat GPT), се вели во извештајот објавен денеска, пренесува ДПА. Вработените на „Епл“ го нарекоа проектот „Епл ГПТ“ („Apple GPT“) бидејќи работат на развој на платформа слична на „Чет ГПТ“, објави „Блумберг њус“. Други технолошки гиганти се приклучија на трката […]

Потврдена доживотната затворска казна за шефот на „Коза ностра“ ,Матео Месина Денаро


 Жалбениот суд во Калтанисета, Сицилија, Италија, вчера ја потврди доживотната казна за веќе затворениот шеф на сицилијанската мафија „Коза ностра“ – Матео Месина Денаро, поради неговата вмешаност во десетици убиства, бомбашки напади, смрт на 12-годишно момче… Тука спаѓаат и бомбашките напади во 1992 година, кога загинаа судиите против мафијата, Џовани Фалконе и Паоло Борселино. Судот […]

„Битолски Монмартр“ ги злоупотребил децата за политички цели, тврди „Меѓаши“


  БИТОЛА – Раководството на „Битолски Монмартр“ ги злоупотреби децата, свои членови, за политички цели, носејќи ги во Бугарија на средби со претседателот Румен Радев и претходно со Симеон Втори, поранешен премиер и син на царот Борис Трети, како „декор за нечиј (политички) маркетинг“. Ова го тврди Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ во одговор […]