(Фото) Ветрот дувал со брзина од 180 км/ч во вчерашното невреме во Загреб


Северна  и централна Хрватска и Славонија вчера беа зафатени од страшно невреме. Силниот ветер и обилниот дожд направија хаос во Загреб. Разорниот ветер носеше се пред себе, а силниот дожд ги поплави улиците. Штетата е огромна. Три лица загинаа во Загреб и Славонија. Повеќе од 100 луѓе се повредени.

Според податоците за брзината на ветрот од автоматската станица на Државниот хидрометеоролошки завод ДХМЗ во Градиште кај Жупања, во периодот од 18 до 19 часот е забележан најсилен налет на ветер во тоа подрачје – дури 180 км/ч. Во Славонски Брод некаде по 18 часот е забележан најсилниот налет од над 120 км/ч.

Најсилниот налет на ветер во загребската област е забележан во Велика Горица и изнесувал 115 км/ч. На Слјеме најсилниот удар бил 88 км/ч, а во Максимир 92 км/ч.

Редаквијата на Индекс, донесува неколку фотографии од воздух, каде се гледа штетата на покривите на зградите. Погледнете: