Пожарот во близина на Атина ставен под контрола, на Родос сѐ уште е активен


Уште една ноќ, пожарникарите во Грција се бореа со огнените јазици и успеаа да го стават под контрола пожарот што од понеделникот се ширеше во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, иако постојат повремени разгорувања, додека пак оној на островот Родос, што е во непрооден планински дел, сѐ е уште активен, јави […]

Заборавените украински вдовици и потрагата по телата на нивните сопрузи


Многу украински вдовици претрпеле големи страдања додека ги пребарувале вреќите со останките на загинати војници за да ги пронајдат своите сопрузи кои загинале борејќи се против руските сили. Природата на војната, која користи различни напредни оружја како што се ракети, артилерија и воздушни бомбардирања, им отежнува на вдовиците да ги пронајдат телата или деловите од […]

Почина Мирко Новосел, хрватската и југословенска кошаркарска легенда


  На 86-годишна возраст почина членот на Куќата на славните на кошарката Мирко Новосел, јавија хрватските медиуми. Новосел беше врвен кошаркар и тренер, еден од најдобрите што ги имаше Хрватска. Новосел ја одбележа хрватската кошарка како исклучително успешен тренер и творец на големиот тим Цибона во 80-тите години на минатиот век. Во Локомотива играше кошарка […]

Почнува Светското фудбалско првенство за жени


Со натпреварот Нов Зеланд – Норвешка, утрово (почеток 9 часот) во Оукленд ќе биде отворено Светското првенство за фудбалерки. Во вториот денешен натпревар ќе се сретнат Австралија и Република Ирска. Овој натпревар почнува во 12 часот по македонско време. Овој Мундијал е деветти и прв кој се игра во две држави – Австралија и Нов […]

Откриени две планети со иста орбита околу нивната ѕвезда


Шпански астрономи денеска објавија дека откриле две планети што делат иста орбита околу нивната ѕвезда, наречена ПДС-70. Тоа е ретка вселенска појава. – Познато е дека астероидите следат планети околу нивната ѕвезда, на пр. Јупитер и неговите тн. „тројански астероиди“. Но, планети во иста орбита се многу ретки. Во теорија, можно е да постојат, но […]

Вашингтон тврди дека Русите се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови во Црното Море


САД тврдат дека руските сили поставиле морски мини во Црното Море и се подготвуваат за можни напади врз цивилни бродови, јавија локалните медиуми. – Нашите информации покажуваат дека Русија поставила дополнителни морски мини на приодите до украинските пристаништа. Веруваме дека ова е координиран напор да се оправдаат какви било напади врз цивилни бродови во Црното […]

Демонстранти ја запалија шведската амбасада во Багдад


Стотици демонстранти рано утринава упаднаа во шведската амбасада во Багдад и ја запалија, јавија британските медиуми. Првичните информации говорат дека во инцидентот нема повредени вработени во амбасадата, а официјален Стокхолм го критикуваше нападот врз амбасадата, пренесоа британските медиуми. „Ги осудуваме сите напади врз дипломати и претставници на меѓународни организации“, се наведува во соопштението на шведското […]

Тројца убиени откако вооружен напаѓач отвори оган во Окленд


Најмалку три лица загинаа откако вооружен маж денеска отвори оган на градилиште во најголемиот град во Нов Зеланд, пренесе ДПА повикувајќи се на локалната полиција. Вооружен маж влегол на локацијата во центарот на Окленд околу 7:20 часот наутро. Местото е во близина на базата на навивачи на Светското фудбалско првенство за жени, кое треба да […]

Најмалку 18 повредени во руски напад врз Миколаев


Најмалку 18 лица се повредени рано утрово во руски напад врз украинскиот пристаништен град Миколаев, соопшти регионалниот гувернер Виталиј Ким, додека властите во Одеса известија за нови напади во регионот. Во центарот на Миколаев е погодена трикатна станбена зграда, а службите за итни случаи спасија две лица од урнатините, напиша Ким на социјалните мрежи. Претходно […]

На „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се чека околу половина час


На граничните премини „Табановце“ и „Богородица“ за излез од државата се чека околу 30 минути, информира АМСМ. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. АМСМ препорачува […]

Без вода дел од општина Центар


Без вода денеска од 7:00 часот ќе бидат дел од жителите од улиците „Максим Горки“ и „Осма ударна бригада“ и сите деловни објекти во овој реон во Општина Центар.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улица „Максим Горки“ бр.17.  Корисниците ќе бодат без вода се […]

Жешко лето за Собранието: Уставни измени или избори на есен или на пролет


 Пратениците летово ќе ги намалат деновите за одмор имајќи предвид дека Предлогот за уставни измени влезе во Собранието, а претседателот на законодавниот дом Талат Џафери за во вторник, 25 јули го закажа почетокот на Комисијата за уставни прашања. Гласањето за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување […]

Продолжение на 120. седница на Собранието


Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 120-та седница. Од дневниот ред на седницата се преостанати повеќе точки, меѓу кои Предлог-законот за данокот на солидарност, по скратена постапка, предлозите за именување на членови на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, како и Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, поднесен од пратеничката […]

Продолжуваат тропските горештини со високи утрински и дневни температури


 Продолжува периодот на сончево и многу топло време. За утре синоптичарите најавуваат мала локална облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната од 34 до 41 степен. УВ индексот ќе биде 10. Во Скопје, слично време со минимална температура до 20 и […]

Отворање на „Земјотресна недела“ со промоција на антологијата „Скопски раскази“


 Со промоција на антологијата „Скопски раскази” и разговор со уредниците на изданието, вечер од 20 часот во Културниот центар Бруталиск ќе почне „Земјотресна недела“  –  серија настани кои до 26 јули ќе се организираат за одбележување 60 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје. Антологијата „Скопски раскази”, која посетителите на вечерашната промоција ќе имаат можност да […]

Законот за матична евиденција пред Уставен суд


 Уставниот суд  на денешната седница ќе ја разгледа иницијативата на политичката партија „Левица“ за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција. „Левица“, како што  соопшти Уставниот суд, оспорува повеќе членови од постоечкиот Закон за матична евиденција, со кои е предвидено националност да се запише во матичната книга на родените, во матичната книга на венчаните […]

Сенатот сака да го одземе правото на американските претседатели за повлекување на САД од НАТО


Американскиот Сенат синоќа гласаше за вклучување на амандман во законот за трошоци за одбрана за 2024 година според кој претседателот на САД ќе го изгуби правото за унилатерална одлука за повлекување на САД од НАТО.  Двајца американски сенатори, демократот од Вирџинија Тим Кејн и републиканецот од Флорида Марко Рубио, се креатори на оваа легислатива, а […]

Седници на две собраниски комисии


Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за здравство. Членовите на Комисијата за европски прашања ќе дискутираат по Предлог-законот за советодавен систем за земјоделство и рурален развој, во прво читање.  Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка е единствена точка на дневниот ред на собраниската Комисија за […]

Тур де Франс: Вингегард незапирлив, Погачар „пукна“ во Алпите


  Во речиси 2.700 километри од Тур де Франс, Јонас Вингегард и Тадеј Погачар беа неразделни. Сепак, за само 48 часа планински трки, се отвори јаз меѓу нив, откако бранителот на титулата го скрши својот словенечки ривал на Алпите. Вингегард сега изгледа уверен во конечната победа откако највисокиот дел од патот на Тур 2023 се […]

Овие пет зачини ќе ви помогнат побрзо да се ослободите од салото од стомакот


Доколку сакате да го стимулирате метаболизмот и да ги отстраните вишокот масни наслаги од стомакот, треба да внесете повеќе зачини и помалку сол во вашата секојдневна исхрана. Една неодамнешна бихејвиорална студија која ги научи возрасните да ги збогатуваат оброците со билки и зачини наместо сол, резултираше со намалување на потрошувачката на натриум за речиси 1.000 […]