(Видео) Стара тераса од четири квадрати ја претворила во мал рај: Без многу вложување направила катче за уживање


Како трансформираше тераса од 4 метри квадратни – девојка и нејзиниот партнер решија запуштената тераса да ја претворат во мало рајско катче за нив двајца!

Летните ноќи се магични кога ги поминуваме со саканите на терасата од станот, зборувајќи за спомени и создавајќи некои нови приказни. Со чаша вино, кафе и торта со нектарини, многу смеа, прегратки и емоции – многу вакви ноќи долго се паметат.

Терасата е посебно место во нашиот дом, нашето мало бегство надвор од куќата, а за да ја направиме прекрасна оаза не ни треба многу. Таков пример покажува еден пар кој од својата тераса од 4 квадрати направи прекрасно катче.

Откако уживале во вечерата на терасата, решиле да ја средат, па најпрвин почнале со чистење, брусење и лакирање на подот и дрвените комоди, како и со поставување на трска на оградата на терасата. Потоа зеле дрвена пергола и вештачки ползавец што ги завиткале околу неа – ѕидот на терасата изгледал сосема поинаку.

Во саксии засадија разни украсни растенија, како и билки. Ставиле шарен тепих, потоа мебел како дрво-метална комода со полици, а одозгора решетка за приготвување храна, а под чиниите и потребните садови.

За седење е поставена дрвена палета со меки сунѓери и разни украсни перничиња. За дополнителен ефект, на новиот балкон свое место најдоа и украсна плетена корпа, сијалици и светилки и разни детали.

Во видеото подолу погледнете ја одличната трансформација на терасата!