Нов удар за светскиот пазар на храна, Индија стави рампа за извозот на ориз


  Денеска Индија нареди забрана за извоз на значителен дел од нејзиниот најважен извозен производ – оризот, што приближно ќе ги преполови испораките на тоа жито од Индија, која е најголем светски извозник. Ова предизвика страв од натамошна нестабилност на светските пазари за храна, пренесува Ројтерс. Владата во Делхи соопшти дека воведе забрана за извоз […]

„Пуцко Петрол“ лани победила или била единствен понудувач на 413 тендери


Kомпанијата Пуцко петрол која е семејна фирма на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски и формално ја води неговиот син, во 2022 добила неверојатен број државни тендери и фантастична сума пари од владините институции. Пуцко Петрол завчера од страна на Државната комисија за спречување на корупција беше осомничена дека на незаконски начин се стекнала со имотот […]

УХМР: До среда многу топло време со високи утрински и дневни температури


До среда ќе се задржи сончево и многу топло време со високи утрински и дневни температури. -Особено топло ќе биде утре и кон средината на следната седмица и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата на УХМР, дневните температури во земјава ќе бидат највисоки утре […]

Штедењето ја уништи Европа, и сега се врати


Во 2008 година Европејците заработуваа, збирно, 10% повеќе од Американците. До 2022 година, Американците заработуваа 26% повеќе од Европејците. Оваа недела „Волстрит џорнал“ потврди дека Европејците стануваат посиромашни не само колективно, туку и приватно. Овој шокантен пресврт на среќата беше предизвикан од невиденото ниво на штедење што европските влади го нанесоа на нивните економии по […]

На јужната граница зголемен прометот на патници за 30 проценти, само на Меџитлија за 60 проценти


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера  во рамки на проектот на МВР „Отворен Кабинет”, беше во работна псоета на СВР Битола, при што реализираше средби со граѓани, а го посети и Граничниот премин Меџитлија, каде оствари работна средба со раководството на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија и на Регионалниот центар […]

„Политико“: Дали стравот на граѓаните од миграцијата може да доведе до распад на Белгија


Белгија, државата во која се наоѓаат седиштата на ЕУ и НАТО, подолг период има нефункционален политички систем и е светскиот рекордер за најдолго време потребно за формирање влада од над 500 дена и порано или подоцна таа би можела да престане да постои, оценува белгискиот портал „Политико“ во анализа објавена денеска на денот кога Белгија […]

„Торнадо“- Тамара со нови песна и спот


Тамара Тодевска ја објави својата нова песна „Торнадо“. Текстот е дело на српската пејачка и кантавторка Ана Радоњиќ / Зое Кида, додека за музиката и аранжманот беа задолжени Тамара и нејзиниот долгогодишен соработник и пријател, Лазар Цветкоски. Спотот за песната го работеше продукцијата “Division”, а истиот, во текот на јуни се снимаше на неколку локации […]

На шверцерски начин додадени нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица


Нова висококатница на паркингот кај Рамстор во висина од 23 метри на „шверцерски“ начин е протната во новиот ДУП, што заеднички го изгласаа советниците на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ на денешната седница на Советот на општина Центар, тврди Шанса за Центар. Според нив, и и новиот објект на КАМ на спротивниот крај на улицата […]

Објектот „Пчелка 2“ во Аеродром добива нова енергетски – ефикасна фасада


Со новите градежни зафати кои деновиве се реализираат, објектот „Пчелка 2“ кој е дел од детската градинка „Буба Мара“ добива нова енергетски – ефикасна фасада со која објектот ќе биде целосно енергетски ефикасен. – Со тоа значително ќе се подобрат условите за згрижување на децата, ќе се подобри средината во која тие растат и се […]

Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“


Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби. -Во информацијата покрај другото […]

Дино Имери е виртуоз на пијано: Шопен и Рахмањинов на „Охридско лето“


Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника,инструментална култура и фасцинантна слобода со неверојатен интерпретациски квалитет во изведбите донесе вчеравечер на „Охридско лето“ македонскиот виртуоз на пијано, Дино Имери. Во црквата „Света Софија“ пред бројната и воодушевена публика, овој реномиран пијанист ги изведе композициите „Балада бр. 1“ оп. 23 во g-moll и „Херојска Полонеза” оп. […]

Зеленски го смени украинскиот амбасадор во Велика Британија


Украинскиот претседател Володимир Зеленски го смени амбасадорот во Велика Британија, Вадим Пристајко, пренесоа британските медиуми. Во уредбата на претседателот не се посочуваат причините за смената, но се наведува дека Присајко е отстранет и од функцијата украински претставник во Меѓународната поморска организација. Велика Британија е силен сојузник на Киев по инвазијата на руските сили врз Украина […]

ДЗР: Судската власт лани добила 63 отсто помалку пари од законски предвидените


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на Основен буџет на Македонија за 2022 година кој изнесуваше речиси 182 милијарди денари и во однос на 2021 година е помал за 7%. Ревизорите укажуваат дека имајќи го предвид обемот на надлежностите, големината на буџетот, организациона структура, кадровската екипираност на Владата, поставеноста на внатрешните контроли, како […]

СДСМ апелира до Арсовска да им дозволи да ја изградат Универзална сала


СДСМ апелира до Арсовска да им дозволи да ја изградат Универзална сала, откако во градскиот Совет беше изгласана таква одлука и сега се чека само на нејзина согласност. -Универзална сала, симболот на солидарноста на Скопје, како и низа други проекти започнати од минатата локална власт на СДСМ, 20 месеци стојат в место. Иако државата има […]

Келнери и гости се тепале со столчиња во црногорски ресторан (видео)


Во ресторан во Рафаиловиќи, во Црна Гора, дошло до жестока тепачка меѓу вработените во ресторанот и гостите. Како што пренесуваат црногорските медиуми, по расправија со гостин, сопственикот на барот и келнерите зеле столчиња и почнале да го удираат човекот. Безмилосно го тепале, по што паднал на земја. Како што пренесуваат медиумите, полицијата земала изјави, но […]

Од утре и фирмите ќе го користат единствениот таг на автопатиштата во Србија и Македонија


Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, изјави дека од утре сите правни лица ќе можат да станат корисници на веб-платформата за електронска наплата на патарина, преку која ќе им биде овозможено плаќање патарина преку интернет за возење на автопатиштата во Србија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. -Заедничкиот […]

„Еуромакс“ тврди дека за спојувањето на концесиите имало записник уште во 2016 година


  Компанијата „Еуромакс ресоурцес“ преку соопштение вели дека по решението на управните судови по барањето за спојување на концесиите за двата рудници во Струмичко Владата има облигаторна обврска да постапи пред да преземе било какво друго дејствие. Компанијата го доставува и правното мислење на Адвокатско друштво „Бона фиде“, коешто е застапник на „Еуромакс ресоурцес“ во […]

Меѓу културно наследство и историја: Погледнете го новиот луксузен рај на Ричард Бренсон на Мајорка


Во 2002 година, Ричард Бренсон продаде историски имот од 1.300 хектари во Мајорка, за да го купи назад во 2015 година. Сега, сите останати можат да уживаат во дел од луксузот. Минатиот месец, Son Bunyola Hotel & Villas, со векови стара финансиска – фарма од типот на замок – беше отворена како одморалиште за колекција […]

Собранието ќе расправа за намалување или укинување на банкарските трошоци и провизии


Предлог-закон за платни системи кој го поднесоа пратениците  на Либерално демократската партија, Левица и ДОМ се разгледува во рамки на 120-тата седница во Собранието. – Граѓаните кои секојдневно ги користат услугите на банките, сведоци се на високите трошоци и провизии како на пример за одобрување кредити, одржување на сметки, провизиите за проверка на трансакциска сметка, […]

„Малиот битолски Монмартр“ и децата станаа нов проблем во односите меѓу Скопје и Софија


  Многу непроверени, па дури и лажни вести и во Македонија и во Бугарија. Случајот со „Малиот битолски Монмартр“ и децата, кои неговото раководство ги носеше на средби со бугарски политичари во Софија, а кој го отвори „Независен“, се претвора во нов политички проблем меѓу двете земји. Наместо работата да биде насочена кон тоа што […]