Учесниците во европското хуманитарно патување Black Cab – Europe Charity Trip пристигнаа во земјава


Групата Македонци кои живеат во Велика Британија пристигнаа на македонскиот граничен премин кај Делчево, како последна станица во рамки на хуманитарната иницијатива Black Cab – Europe Charity Trip. Со популарното такси возило ,,Black Cab” петмината ентузијасти пропатуваа низ 15 европски земји за 10 дена меѓу кои Англија, Германија, Холандија Швајцарија, Словенија и поголем дел од […]

Заврши општиот претрес за измените и дополнувањата на Законот за градење


Собранието попладнево во рамките на 115-тата седница го заврши општиот претрес по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, кој е дел од измените на петте законски решенија неопходни за реализација на договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д. Гласањето за законското решение ќе се одржи дополнително. Во […]

Мицотакис го врати мандатот за формирање Влада, утре ќе го добие Ципрас


Претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис ѝ го вратил мандатот за формирање Влада на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која утре ќе го додели на лидерот на втората партија, односно на СИРИЗА, јави дописничката на МИА од Атина. Од кабинетот на грчката претседателка соопштија дека Мицотакис стапил во контакт со Сакеларопулу и ја информирал дека го […]

Борисов: Не може финансиската стабилност на луѓето или буџетот на земјата да и ги оставиме на друга преодна влада


Не можеме да ја оставиме финансиската стабилност на луѓето или буџетот на земјата на друга преодна влада, изјави денеска лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на брифинг во седиштето на партијата.  Според него, целта над се е Бугарија и нејзината геополитичка ориентација. Претходно денеска кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, на претседателот Румен Радев му […]

ОИ2024: Олимпискиот пламен ќе гори на Ајфеловата кула


 Организаторите на Олимписките игри кои идната година ќе се одржат во Париз работат на поставување на олимпискиот пламен на Ајфеловата кула, јавија денеска светските агенции, повикувајќи се на добро информирани извори. Не е познато дали олимпискиот пламен ќе биде поставен на парискиот споменик за цело време додека траат Игрите, од 26 јули до 11 август. […]

Надлежните да проверуваат лиценци на туристички агенции и превозници


 Надлежните што издаваат лиценци на туристички агенции и превозници да ги проверуваат лиценците, апелираше попладнево градоначалникот на Кавадарци  Митко Јанчев, откако се појави видео на кое кавадаречки средношколци,  туркаат автобус на екскурзија во Франција.  Тој повика државните органи да вршат поголеми контроли во овој сектор, а да се воспостават и подобри критериуми за транспорт.  – […]

Меџити на настан за унапредување на ургентниот здравствен одговор во Украина и пошироко


Министерот за здравство Фатмир Меџити, на маргините на 76. Светска здравствена асамблеја учествуваше на настан организиран од неговите колеги од Украина и Полска, Виктор Лиашко и Адам Ниџиелски, посветен на унапредување на ургентниот здравствен одговор во Украина и пошироко, информираат денеска од Министерството.   – Механизмите за одговор можеме да ги зајакнеме преку заедничка соработка, […]

Ердоган ја доби поддршката од националистот Оган пред гласањето в недела


  Вториот круг од претседателските избори во Турција изгледа дека е решен уште пред гласањето в недела. Синан Оган, националистичкиот претседателски кандидат, кој освои 5,17 отсто од гласовите, денеска попладнето обави дека ќе го поддржи Реџеп Таип Ердоган на гласањето на 28 мај. Оган изјави дека во последните три дена партијата и неговите поддржувачи биле […]

Крушево град на културата за 2023 под мотото „Крушево- жив тестамент на културата“


Под мотото „Крушево жив тестамент на културата“ од петпок и официјално почнува манифестацијата Крушево град на културата за 2023 година. На денешната прес конференција  во спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска рече дека „Крушево ќе пулсира во ритамот на македонската култура и ќе ги промовира македонскиот идентитет и посебност“. […]

Анчелоти: Ла Лига има проблеми со расизмот


Шпанската Ла Лига има проблеми со расизмот, рече тренерот на Реал, Карло Анчелоти, по немилите сцени кои го одбележаа вчерашното дерби меѓу Валенсија и клубот од Мадрид. Валенсија победи со 1-0, а во финишот на тензичниот натпревар фудбалерот на Винисиус беше исклучен поради удирање противнички играч. Бразилскиот фудбалер во текот на целиот натпревар се жалеше […]

Можностите за инвестирање во Македонија претставени во Антверпен


  Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Белгија, денеска се обрати во Трговската и индустриска комора Антверпен – Васланд (ВOKA), каде што беше одржана презентација на економските потенцијали и инвестициските можности во Македонија. На презентацијата се обратија министерот за економија, Крешник Бектеши, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски, претседателот на ВОКА, […]

Шукова: Немаме официјални информации од албанската страна што се гради кај Тушемиште


Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова денеска во Охрид изјави дека македонските власти официјално немаaт информација за градежните активности што се спроведуваат кај изворите кај Дрилон, на албанската страна од Охридското Езеро. – Информацијата ја добивме преку медиумите. Официјално известување од албанската страна немаме. Минатата седмица имавме средба на Комисијата за УНЕСКО, […]

Колерата се врати на југот од Африка, граѓаните повикани да не пијат вода од чешми


Најмалку 12 лица починаа од колера, а 95 се хоспитализирани во општината Чвана во главниот град на Јужна Африка, Преторија. Само годинава од оваа болест починаа стотици лица во Малави и Мозамбик, а мал број случаи беа пријавени претходно во Јужна Африка. Како што потсетува Блумберг, колерата е болест слична на дијареата и е предизвикана […]

Син на пратеник и висок полициски службеник приведени за трговија со дрога


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за време на гостувањето во вестите на Канал 5, одговарајќи на прашање за приведувањето на син на пратеник и висок полициски службеник, а во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, рече: „Интензивни активности имавме изминатиот период. Две акции се за одбележување – на подрачје на СВР Скопје […]

„Исцрпете ги“: Што се случува во Бахмут?


  Зошто Украина се бори со Русија за секоја педа од Бахмут, и покрај високата цена? Главната идеја е руските сили максимално да се исцрпат Деветмесечната битка за Бахмут го уништи 400-годишниот град во источна Украина и уби десетици илјади луѓе во меѓусебната разорна демонстрација на стратегијата на Украина за исцрпување на руската војска. Воената […]

Бугарија: ГЕРБ и ПП-ДБ ќе ја делат власта со ротациски премиери


  Изгледа дека политичката криза во Бугарија е на пат да се разреши со тоа што двајцата лути политички противници ќе се најдат во иста коалиција во проект за владеење од 18 месеци. Откако стана извесно дека мандатарката Марија Габриел нема да може да обезбедни мнозинство во парламентот ГЕРБ и коалицијата Продолжуваме со промената – […]

Македонскиот карате-тим освои бронза на медитеранскиот шампионат во Тунис


Сениорската карате-екипа на Македонија се закити со бронзен медал на медитеранското првенство што викендов се одржа во Радес, Тунис. Дополнително, македонските претставници остварија и три високи пласмани, исто така, во најсилната, сениорска, конкуренција. Осум членови на скопски „Макпетрол“ беа дел од нашата репрезентација. Македонската сениорска карате-репрезентација, се пласира на третата позиција во најтешката дисциплина – […]

Измените на Законот за експропријација поминаа на Комисијата за европски прашања


Членовите на собраниската Комисија за европски прашања дадоа поддршка за Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација, по скратена постапка, кој е дел од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д. Во рамки на комисиската седница беа одбиени трите амандмани поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на овој Предлог-закон. По поминатиот […]

Си направиле лажен полициски синдикат


Основното јавно обвинителство Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица за фалсификување и употреба на лажни исправи за регистрација на полициски синдикат. Како што информираат од Јавно обвинителство, првото е обвинето за кривично дело – Посебни случаи на фалсификување исправа и Употреба на исправа со невистинита содржина, додека, вториот обвинет се товари дека му помогнал […]

Белорусија го помилува осудениот новинар Роман Протасевич


  Поранешниот главен уредник на медиумот „Нехта“, Роман Протасевич, изјави дека е помилуван, пренеср брлортуската агенција Белта. „Буквално, јас само ги потпишав сите релевантни документи дека сум помилуван. Ова, се разбира, е одлична вест“, изјави Протасевич за новинарите во Минск. На 3 мај, Регионалниот суд во Минск го осуди Протасевич на осум години затвор. Тој […]