Ердоган ја доби поддршката од националистот Оган пред гласањето в недела


 

Вториот круг од претседателските избори во Турција изгледа дека е решен уште пред гласањето в недела.

Синан Оган, националистичкиот претседателски кандидат, кој освои 5,17 отсто од гласовите, денеска попладнето обави дека ќе го поддржи Реџеп Таип Ердоган на гласањето на 28 мај.

Оган изјави дека во последните три дена партијата и неговите поддржувачи биле изложени на заплашување. „Културата на линчот е удар за нашата демократија“, рече тој.

„Турскиот национализам и кемализам ги направивме една од главните агенди на земјата. Ги издигнавме турските националисти на клучна позиција со уривање на клучните партиски дискурси создадени преку ХДП (партијата на Курдите – н.з.). Додека обезбедивме изборите да одат во вториот круг, се погриживме кандидатите да ги земат предвид нашите изјави.

Борбата против сите видови терористички организации ќе продолжи. Сите услови за враќање на барателите на азил во нашата земја ќе бидат спроведени во календарски рамки.

Во овој контекст, изјавувам дека ќе го поддржиме кандидатот на Народната алијанса, Реџеп Таип Ердоган, во вториот круг на 28 мај 2023 година“, рече Оган.

Ердоган освои 49,5 од гласовите во првиот круг, додека неговиот ривал Кемал Киличдароглу од обединетата опозиција речиси пет проценти помалку.