Америка е на работ на финансиски хаос со несогледливи последици


  Буџетската драма на САД влегува во нова фаза. Иако претставниците на демократите кон средината на минатата недела најавија дека ќе постигнат договор со републиканците за зголемување на лимитот за задолжување, викендов стана јасно дека преговорите не се поместуваат од мртва точка, додека уставно-правната позиција на американскиот претседател Џозеф Бајден, кој де факто одбива да […]

Шолц: Украина нема да стане членка на НАТО во скоро време


Украина најверојатно нема да може да стане членка на НАТО во догледна иднина бидејќи не исполнува голем број услови за прием, изјави синоќа германскиот канцелар Олаф Шолц. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно овој месец изјави дека сите членки на Алијансата се согласиле да го пречекаат Киев, но само ако и кога ќе ја […]

Без вода дел од Центар


 Поради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Киро Крстевски Платник“ и „Коле Неделковски“ во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на работите, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Боливија заплени 9,2 тони листови кока од Перу


Боливија заплени 9,2 тони листови кока од Перу, соопшти боливиското Министерство за внатрешни работи, истакнувајќи дека тоа е една од најголемите заплени до сега. При претрес на пат на Андите, полицијата пронашла вкупно 795 пакети во еден камион, соопшти министерот за внатрешни работи Едуардо дел Кастиљо, нагласувајќи дека станува збор за една од најголемите такви […]

Камион удри во заштитната ограда на Белата куќа


 Уапсен е возачот на камионот, кој синоќа удри во заштитната ограда на плоштадот Лафајет во близина на Белата куќа, соопшти портпаролот на американската тајна служба. „Нема повредени меѓу членовите на Тајната служба и персоналот на Белата куќа, а причината и начинот на судирот се уште се истражуваат“, напиша на Твитер портпаролот на Тајната служба, Ентони […]

Анкета: Само девет отсто Британци сметаат дека Брегзит беше подобар отколку лош потег


Само девет отсто од Британците мислат дека Брегзит претставува повеќе успех отколку неуспех, покажува новата анкета на јавното мислење. Околу 62 отсто од луѓето го опишуваат Брегзит како убедливо погрешен потег, се наведува во анкетата на YouGov. Агенцијата за испитување на јавното мислење објави дека „Брегрет“ („жалење поради Брегзит“) достигна нови нивоа, бидејќи само 31 […]

Се уште нема договор за зголемување на долгот на САД


Американскиот претседател Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом Кевин Мекарти синоќа неуспешно ги завршија преговорите и не постигнаа договор за зголемување на плафонот на американскиот долг, кој сега изнесува 31,4 трилиони долари. Бајден и Мекарти ќе продолжат со разговорите бидејќи остануваат само десет дена до евентуалната неликвидност што може да ја уништи американската економија. […]

Ципрас денеска ќе го добие мандатот за формирање Влада


 Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас претпладнево ќе биде примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, која согласно одредбите од Уставот ќе му го додели мандатот за формирање Влада, јави дописничката на МИА од Атина.  Откако претседателот на Нова демократија Кирјакос Мицотакис вчера го врати мандатот, сега оди во рацете на второ рангираната партија на парламентарните избори […]

Милиони луѓе во Мексико се спремаат за евакуација по засилената активност на вулканот Попокатепетел


 Милиони луѓе во Мексико се предупредени на можна евакуација откако најголемиот активен вулкан во земјата од минатата недела почна да исфрла пепел врз неколку блиски градови, според властите.  Пепелта од вулканот Попокатепетел, што се наоѓа во централниот дел на Мексико, јужно од Мексико Сите, задржа повеќе летови во Мексико Сити, а властите во повеќе општини […]

Вечер посветена на Васил Хаџиманов во Белград


– Во рамките на манифестацијата Денови на македонската култура, „Допир на Македонија“ што годинава по 13-ти пат се одржува во Белград, во организација на здружението „Македониум“ од Белград, денеска ќе се одржи вечер посветена на Васил Хаџиманов. По тој повод ќе биде прикажан документарниот филм „Фениксот од Кавадарци“ на Мишо Нетков, а дека музиката што […]

Во престрелка во Белград ранети две лица, од кои едниот е 21-годишен македонски државјанин


Две лица се ранети во претрелка која се случи синоќа во Белград, на Врачар, од кои едното лице е 21-годишниот македонски државјанин Д.Л. за кој медиумите пишуваат дека бил случајно ранет, јави дописникот на МИА од Белград. По престрелката полицијата затекла едно повредено лице на улицата „Максим Горки“, и второ повредено лице на блиската улица […]

Регионална конференција на ЦИВИЛ за трансформациите во економијата


Со учество на високи претставнички и претставници на македонската Влада, експертската заедница од регионот и бизнис секторот, ЦИВИЛ денеска ја организира конференцијата „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“. – Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан, 22-26 мај, под мотото „Партнерство за циркуларност“ […]

Законските измени за коридорите и денеска пред пратениците


Во Собранието и денеска продолжува дебатата за предложените законски измени поврзани со проектот за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Во Комисијата за европски прашања треба да се разгледа петтиот и последен законски предлог од пакетот закони за изградбата на коридорите 8 и 10д – Предлог-законот за изменување и дополнување на […]

Претпладне сончево, попладне локален пороен дожд и град


Времето денеска претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а пладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 28 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со […]

Климатските промени и здравјето се најголемите предизвици за Виена до 2030 година


Градските власти ги идентификуваа најголемите предизвици за Виена до 2030 година, меѓу кои климатските промени и здравствената заштита. Тоа е град кој со години е на врвот на листата на градови со најдобар квалитет на живот. Неговите власти забележаа дека градскиот економски совет ја претстави стратегијата „Виена 2030 – економија и иновации“, со која австриската […]

САД: Седум држави постигнаа договор за штедење на вода од реката Колорадо


Седум американски држави долж реката Колорадо погодена од суша постигнаа „историски“ договор со администрацијата на Бајден за да се спречат проблеми со снабдувањето за големите градови како Лос Анџелес и Феникс, и за земјоделците. Според договорот, Аризона, Калифорнија и Невада ќе земат 3,7 милијарди кубни метри помалку вода до крајот на 2026 година, соопшти денеска […]

Се пребарува брана во Португалија, 16 години по исчезнувањето на Медлин Мекен


Се појави нова трага во случајот со исчезнувањето на Медлин Мекен, девојчето кое исчезна во одморалиштето Праја да Луз во 2007 година. Полицијата ќе ја пребарува браната Араде и блиската акумулација. Станува збор за брана која се наоѓа на 50 километри од местото каде исчезна девојчето. Кристијан Брукнер (45) беше прогласен за официјално осомничен или […]

Шаленберг: Украина не може во ЕУ пред балканските земји


 Украина не треба да биде приоритет за ЕУ, изјави шефот на австриската дипломатија Александар Шаленберг, кој смета дека „би било катастрофално доколку Украина и Молдавија минат низ брзата лента, а земјите од Западен Балкан останат на страна. -Украина ќе влезе во ЕУ веднаш штом ќе се исполнат условите. Не треба да има двостепено општество. Во […]

Земјотрес на југот од Турција со јачина од 4,9 степени според Рихтер


 Земјотрес со јачина од 4,9 степени денеска ја погоди јужната турска провинција Адана, јавува Анадолија.  Турската агенција за управување со вонредни состојби (АФАД) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил регистриран во областа Сајбејли, на длабочина од 6,67 километри. Потресот е почувствуван во поширок регион на југот на Турција, што во февруари беше погоден од серија […]

Тренчевска: Еднакви права и еднакви можности уште од најрана возраст


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – Раст. Здружението постои уште од 2007 година и ги застапува правата на сите деца во Република  Северна Македонија кои имаат нарушувања на растот, кои примаат хронична хормонска терапија за раст, како и останати ендокринолошки заболувања. Претставниците […]