Милиони луѓе во Мексико се спремаат за евакуација по засилената активност на вулканот Попокатепетел


 Милиони луѓе во Мексико се предупредени на можна евакуација откако најголемиот активен вулкан во земјата од минатата недела почна да исфрла пепел врз неколку блиски градови, според властите. 

Пепелта од вулканот Попокатепетел, што се наоѓа во централниот дел на Мексико, јужно од Мексико Сите, задржа повеќе летови во Мексико Сити, а властите во повеќе општини беа принудени да ги затворат училиштата. Во радиус од околу 100 километри околу вулканот живеат 25 милиони луѓе. 

Националната служба за граѓанска заштита ја подигна вулканската закана до ниво “жолта фаза 3”, која повикува околу три милиони луѓе кои живеат во селата и градовите блиски на вулканот да бидат претпазливи и се подготват за можна евакуација.