Ердоган прогласи победа, веќе прима честитки


Претседателот Реџеп Таип Ердоган е реизбран на функцијата, покажуваат неофицијалните резултати на државната агенција Анадолија. Ердоган прогласи победа, пренесува Франс прес. Со 98 отсто отворени гласачки кутии во вториот круг, Ердоган има 52,11 отсто од гласовите, а противкандидатот Кемал Киличдароглу 47,89 отсто. Официјалната Врховна изборна комисија допрва треба да ги потврди резултатите. Победата би значела […]

Фјури му испрати договор на Џошуа за борба на „Вембли“


Светскиот боксерски првак во тешка категорија во верзијата WBC, Британецот Тајсон Фјури (34), рече дека му испратил договор на сонародникот Ентони Џошуа (33) за пресметка која би се одржала на лондонскиот стадион „Вембли“ во септември. Фјури последен пат влезе во рингот во декември лани кога ја задржа светската титула со прекин во 10. рунда против […]

Американците ги плаши одењето во пензија


Американците најмногу стравуваат од пензионирањето во последните 11 години, покажува истражувањето на Галуп. Само 43 отсто од полнолетните граѓани на САД, кои не се пензионери, веруваат дека по завршувањето на работниот век ќе имаат доволно пари за удобен живот, што е најнизок процент од 2012 година, пренесува Си-ен-ен. Процентот на оние кои веруваат дека добро […]

Ферстапен супериорно триумфираше на Големата награда на Монако


Актуелниот светски првак Макс Ферстапен во доминантен стил триумфираше на денешната трка во Формула 1 која по дождливо време се возеше низ улиците во Монако. Ферстапен ја стартуваше трката за Големата награда на Монако од пол позицијата и постојано беше во водство, минувајќи прв низ целта пред Фернандо Алонсо од Астон Мартин. На подиумот како […]

Собирање на нелегално оружје во Србија: Во арсеналот и нагазни мини и рачни фрлачи


  Граѓаните на Белград, Нови Сад, Крагуевац и Сремска Митровица најмногу одговорија на доброволното предавање на нелегалното оружје во Србија во текот на три недели, пропорционално на бројот на жители. Според податоците на Службата за сузбивање на криминал при Управата за криминалистичка полиција, до петокот навечер биле предадени 36.265 парчиња оружје, 9.943 мини-експлозивни направи и […]

Почнаа да пристигнуваат резултати од изборите во Турција, две агенции објавија сосема различни податоци


Двајцата претседателски кандидати во вториот круг од изборите во Турција, актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу, гласаа во неделата – Киличдароглу во училиште во главниот град Анкара и Ердоган во Истанбул. Избирачките места беа  затворени во 17:00 часот по турско или 16:00 часот по македонско време. Анкетите пред вториот круг предвидуваат […]

Страшно убиство на улица во Чешка: Маж со нож избодел дете во рацете на татко му


Мало дете е избодено до смрт при расправија меѓу двајца мажи на улица во чешкиот град Мост, соопшти полицијата. Полицијата ги приведе учесниците во инцидентот, пренесе Хина. CNN Prima News објави дека таткото го држел своето дете во раце кога друг маж го нападнал. Очевидец изјави за телевизијата дека осомничениот маж го прободел детето право […]

Затворени избирачки места во Турција, Киличдароглу повика да се внимава на гласачките кутии


  Во 17 часот по локално време гласачките места во Турција беа затворени. Додека објавувањето на резултатите во првиот круг беше одложено за следниот ден, денеска резултатите би можеле да стигнат порано бидејќи учествуваат само двајца кандидати. Ердоган во првиот круг освои 49,5 отсто, повеќе од очекуваното, но недоволно за победа во првиот круг од […]

Татко пријавил физички напад од наставник врз неговиот син


Татко пријавил физички напад од наставник врз неговиот син, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. – Синоќа во 21 часот, 38-годишниот скопјанец Н.А. пријавил дека претходниот ден, околу 8 часот, во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И, појаснуваат од МВР. Се преземаат мерки за […]

Без вода корисници од булевар „Јане Сандански“


Поради реконструкција на водоводна мрежа ф 150 мм., прекинато водоснабдување попладнево имаат корисниците од булеварот „Јане Сандански“ од број 30 до број 70, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Како што се појаснува, корисниците ќе бидат без вода за пиење сѐ до завршување на интервенцијата.

„Вози право, вози здраво“ ги преплави улиците во Скопје, промовира здрав живот


Велосипедисти, лица на ролерки и тротинети, како и мајки со детски колички земаа учество на ревијална трка „Вози право, вози здраво“ која што по седми пат се одржа денеска во главниот град.  Со ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ во Скопје, целта е да се промовира здрав живот и чиста средина, вели Јасмина Добрашевиќ Костова. […]

И Велика Британија ќе ги ограничува цените на основните прехранбени производи


Британскиот премиер Риши Сунак планира да побара од трговците на мало да воведат ограничувања на цените на основните прехранбени производи, како што се лебот и млекото, во обид да се справи со зголемените животни трошоци. „Телеграф“ објави дека Даунинг стрит развива стратегии за борба против инфлацијата, при што тим од помошници кои работат под Сунак […]

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ спорат околу анкетите, чиј рејтинг е подобар


ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска преку партиски соопштенија до медиумите „докажуваа“ чии анкети се поверодостојни и која од партиите има поголем рејтинг.  Поводот беше најновата анкета која ја презентира Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) на Владимир Божиновски, кој во јавните настапи отворено ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа анкета, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ужива […]

Изградбата на коридорите ќе донесе 8.000 нови работни места, вели Лукаревска


Со усвојувањето на законските измени, се отвори патот за побрза и поевтина изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10Д, најголемиот стратешки и инфраструктурен проект во земјава, истакна заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на трибина „Резултати што прават разлика“ со фокус на инфраструктурата, која се одржа во Битола. Пред членовите на СДСМ, таа […]

Велика Британија со информативна кампања ќе се бори против мигрантскиот бран од Албанија


Британската влада започна информативна кампања чија цел е да го запре мигрантскиот бран кон островот преку Англискиот Канал (Ламанш), јави ДПА. Пораката на иницијативата е дека луѓето кои одат на такво патување „преземаат ризик да бидат приведени и отстранети“, додава агенцијата. Министерството за внатрешни работи не даде детали за сумата потребна за финансирање на кампањата, […]

Еве како изгледа новата зграда на индискиот парламент


Индискиот премиер Нарендра Моди свечено ја отвори новата зграда на парламентот, која е дел од владиниот план за промена на британската колонијална архитектура во индиската престолнина. Реновирањето на срцето на Делхи, во согласност со индиската култура, традиции и симболика, доаѓа една година пред парламентарните избори на кои владејачката националистичка партија Бхаратија Џаната ќе ги претстави […]

Судскиот совет е нелигитимен, работите се влошуваат, вели холандскиот амбасадор


  Холандија стави во мирување голем проект за Судскиот совет поради последните настани околу неговото функционирање и разрешувањето и изборот на претседател. „Судскиот совет, всушност, стана нелегитимно тело. Тоа е многу сериозно и болно за гледање“, рече холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп, во интервју за Радио Слободна Европа. „Во минатите две години мислевме дека видовме […]

Петровска и Агелер на презентацијата на опрема од воената вежба „Брз одговор 2023“


Министерката за одбрана Славјанка Петровска и амбасадорката на САД  Анџела Агелер, денеска присуствуваа на презентацијата на опрема од воената вежба „Брз одговор 2023“, на градскиот плоштад во Кавадарци. Вежбата на армискиот полигон Криволак, е дел од големата вежба „Европски бранител 2023“ и се спроведува од 22 мај до 2 јуни, со учество на пет земји […]

Вучиќ ќе биде лидер на новото движење во Србија


Новиот претседател на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, денеска изјави дека СНС ќе се приклучи на Народното движење, односно на Движењето за народот и државата, каде што како лидер го гледа Александар Вучиќ. – Ние сме први до него, кога велам ние – зборувам за СНС. Нема разделба, па сега некој да се исплаши […]

Нов светски рекорд: Американецот Краузер го фрли ѓулето 23,56 метри


Американецот Рајан Краузер на саботниот атлетски митинг во Лос Анџелес го фрли ѓулето на далечина од 23,56 метри и со тоа постави нов рекорд во оваа дисциплина. Двократниот олимписки првак со тоа го собори сопствениот светски рекорд од 23,37 метри, што го постави во квалификациите за Олимписките игри во Токио. Новиот светски рекорд беше кулминација […]