Страшно убиство на улица во Чешка: Маж со нож избодел дете во рацете на татко му


Мало дете е избодено до смрт при расправија меѓу двајца мажи на улица во чешкиот град Мост, соопшти полицијата. Полицијата ги приведе учесниците во инцидентот, пренесе Хина.

CNN Prima News објави дека таткото го држел своето дете во раце кога друг маж го нападнал. Очевидец изјави за телевизијата дека осомничениот маж го прободел детето право во вратот. Детето имало 3 или 4 години, пишуваат медиумите.

Убиството се случило во саботата вечерта недалеку од центарот на Мост, индустриски град со околу 65.000 жители на северозападот на Чешка.