Потребен ни е мир, веднаш, рече Ковачевски во Советот за безбедност на ОН


  Премиерот Димитар Ковачевски се обрати денеска пред Советот за безбедност на ОН како прв македонски премиер кој зборувал пред советот, а на тема новата агенда за мир предложена од генералнот секретар на ОН Антонио Гутереш. Ковачевски се обрати по повод 30-годишнината од членството на Македонија во ОН.  Темата мир е насушна во контекст на […]

Овие пет земји немаат аеродроми, но вреди да се посетат


Можеби е малку потешко да се дојде до овие пет земји, но вреди трудот да се дојде до нив: Ватикан, Монако, Лихтенштајн, Андора и Сан Марино. Обично, кога планираме патување, нашиот прв чекор би бил да резервираме лет. И тоа е чекор што се подразбира и не ни размислуваме што може да тргне наопаку овде. […]

ФЕД ги зголеми каматите за 0,25 отсто, на највисоко ниво во последните 15 години


Федералните резерви во средата едногласно гласаа за зголемување на каматните стапки за четвртина поен (0,25 отсто), што е десетто зголемување на каматните стапки откако централната банка на САД ја започна својата борба против инфлацијата минатиот март. Потегот доаѓа во време на тековната кршливост во банкарскиот сектор, делумно предизвикана од повисоките каматни стапки и по колапсот […]

Дали живееме во Универзум или Мултиверзум?


Скопското астрономско друштво ве кани на предавањето во вторник на 09.05.2023 година во 19 часот во амфитеатарот на Електо факултетот (ФЕИТ). Предавањето ќе го одржи проф. д-р. Златко Василоски, кој е автор на книгата Мултиверзум за почетници, на која се базира предавањето со наслов „Дали живееме во Универзумот или Мултиверзумот“. Книгата ќе биде претставена на […]

Министерот Алиу учествува на Светскиот економски форум (СЕФ) 2023 во Женева


Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу учествува на годишниот самит на Светскиот економски форум (СЕФ) 2023 година во Женева, Швајцарија. Како што информира МИОА, Форумот се одржува на втори и трети мај и вклучува неколку сесии на тема: „Работа“ и „Можност за сите“. Светскиот економски форум е меѓународна организација за јавно-приватна соработка која […]

Аџеј Банга избран за нов претседател на Светска банка


Аџеј Банга, кандидатот на САД, денеска е избран за претседател на Светска банка, потврди институцијата во соопштение. Банга беше единствениот кандидат за позицијата и неговиот избор не е изненадување. Аџеј Банга е Американец со индиско потекло. Тој ќе го замени Дејвид Малпас, исто така Американец. Банга треба да ја преземе функцијата на 1 јуни, соопшти […]

Нов пакет воена помош од САД за Украина вреден 300 милиони долари


САД најавија дополнителна воена помош за Украина во вредност од 300 милиони долари, за таа да „продолжи храбро да се брани во лицето на руската брутална, неиспровоцирана и неправедна војна“, соопштија денеска од американскиот Стејт департмент. Продолжуваме со поддршката со нашите партнери од Украина додека тие се бранат од руската воена агресија, изјави државниот секретар […]

Формирана светска шаховска лига


Со заедничка акција на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) и индиската компанија „Tech Mahindra“ на крајот од идниот месец во Дубаи ќе стартува ново, уникатно, шаховско натпреварување – Глобална шаховска лига. Најголемата и прва шаховска лига во светот ќе се одржи во главниот град на Обединетите Арапски Емирати во соработка со Спортскиот совет на Дубаи, во […]

Светска метеоролошка организација: Големи шанси за враќање на феноменот Ел Нињо


Враќањето на временскиот феномен Ел Нињо е можно во втората половина од годината, што може да придонесе за зголемување на глобалните температури, предупреди во средата Светската метеоролошка организација (СМО). По три години од временскиот систем Ла Ниња во Тихиот Океан, кој често малку ги намалува глобалните температури, има 60 отсто шанси мај и јуни да […]

Град Скопје потпиша Меморандум со Националниот совет за унапредување на родовата еднаквост


Град Скопје потпиша Меморандум за воспоставување на соработка со Националниот совет за родова рамноправност со цел имплементација на понатамошни заеднички активности за промоција и унапредување на родовата еднаквост преку заеднички иницијативи. Како што информираат оттаму меморандумот склучен помеѓу градоначалничката Данела Арсовска и претседателката на Националниот совет Савка Тодоровска, се однесува на промоција и унапредување на […]

Форбс: Роналдо најплатен спортист во светот


Лондон– Португалецот Кристијано Роналдо стана најплатен спортист во светот, објави денеска магазинот Форбс, проценувајќи дека 38-годишниот фудбалер на саудиски Ал Наср заработил 136 милиони долари од приходи на теренот и надвор од него во изминатата година. На второ место на листата на Форбс е аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, кој лани инкасирал 130 милиони долари, а […]

(Видео) Обраќање на премиерот Ковачевски во СБ на ОН


Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски на отворената седница на Советот за безбедност на Обединетите нации. Ковачевски ќе се обрати пред СБ на ОН на покана на претседавачот, Швајцарија. Тој е првиот македонски премиер кој се обраќа пред Советот за безбедност на ОН. Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет се постојани […]

Вучиќ предлага мораториум на дозволи за оружје во следните две години


Претседателот на Србија, по денешното пукање во училиште во Белград, предлага мораториум во следните две години за издавање дозволи за оружје, освен кога се работи за ловечко оружје. Дополнително, предлага, ревизија на сите издадени дозволи. Да се изврши контрола над начинот на кој лицата кои имаат оружје истото го чуваат. Да се изврши ревизија на […]

(Во живо) Вучиќ се обраќа на јавноста – Пронајдени 57 чаури и 6 куршуми


Претседателот на Србија Александар Вучиќ, се обраќа на јавноста, по крвавиот пир на седмоодделенецот кој уби осум соученици, чуварот, а рани седум други, меѓу кои и наставничката по историја.  Вучиќ на почетокот изјави дека вакво нешто не се случило во историјата на Србија. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите деца и училишните работници. „Србија […]

Секој трет адолесцент има депресија, младите се борат во тишина поради стигмата


Секој трет адолесцент изјавил дека има симптоми на депресија. Многу поголема е веројатноста девојчињата да пријават симптоми на депресија во споредба со момчињата – дури шестпати повеќе. Околу 42 отсто од адолесцентите пријавиле дека доживеале умерени до сериозни симптоми на анксиозност, а пројавиле и повисок интензитет на суицидални мисли како последица на депресијата и стравот […]

Обама во Берлин: По Шолц и Меркел, мотивациски говор пред 17.000 лица


Берлин– Поранешниот американски претседател Барак Обама се наоѓа во посета на Берлин, каде во денеска се сретна со актуелниот канцелар Олаф Шолц и поранешната канцеларка Ангела Меркел. „Поранешниот американски претседател Барак Обама и германскиот канцелар Олаф Шолц се сретнаа на заеднички ручек во канцеларијата на канцеларот“, објавија германските медиуми, повикувајќи се на извори блиски до […]

„Плачеш како кит“ – нов роман на Ѕвездан Георгиевски


Во издание на издавачката куќа Бегемот, излезе од печат романот „Плачеш како кит“ од реномираниот новинар и писател Ѕвездан Георгиевски. „Плачеш како кит“ е негов втор роман и следува по дебитантскиот роман „Недела дена во животот и смртта на Гроздан“, како и по збирката раскази „Да не бидам покусо“ и збирката есеи „Урбани топоними“. Објавувањето […]

Измамени скопјанец и косовски државјанин, им одзеле околу три илјади евра


Косовски државјанин и 63-годишен скопјанец биле измамени во два одделни случаи. Во првиот случај, како што информира МВР, Ш.К. од Косово вчера на пладне пријавил во полиција дека на подрачјето на Карпош бил измамен од едно лице за сума од 500 евра. Според пријавеното, лицето му се доближило и го прашало дали сака да купи […]

Србија на трето место во светот по оружје во рацете на цивили


Белградска Н1 соопшти дека според податоците од швајцарскиот истражувачки проект Small Arms Survey од 2018 година Србија се наоѓа на третото место во светот по бројот на оружје во рацете на цивилите. -Соодносот на Америка од 120,5 огнено оружје на 100 жители, во однос на 88 на 100 во 2011 година, далеку го надминува оној […]

Подољак: Украина нема никаква врска со нападот со дронови врз Кремљ


Украина „нема никаква врска“ со нападот со дронови врз Кремљ, за кој Москва го обвини Киев, соопшти денеска украинското претседателство. -Се разбира, Украина нема никаква врска со нападите со дронови врз Кремљ, кажа Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Претходно, денеска, Русија соопшти дека соборила два украински дрона што биле насочени кон Кремљ, […]