Вучиќ предлага мораториум на дозволи за оружје во следните две години


Претседателот на Србија, по денешното пукање во училиште во Белград, предлага мораториум во следните две години за издавање дозволи за оружје, освен кога се работи за ловечко оружје.

Дополнително, предлага, ревизија на сите издадени дозволи.

Да се изврши контрола над начинот на кој лицата кои имаат оружје истото го чуваат.

Да се изврши ревизија на функционирањето на сите стрелани.

Вучиќ смета дека треба да се бара кривична одговорност за лице кое ќе овозможи пристап до оружје на малолетник.

Вучиќ ги повика надлежните во Владата да размислат за ова, затоа што тоа е негов предлог како претседател.

Затоа што денес, зрелоста настапува порано, предлог на Вучиќ е да се намали границата за кривичната одговорност на децата од 14 на 12 години. Тој смета дека ова момче веројатно знаело дека не е кривично одговорно, додека не наполни 14 години. 

Заострување на санкциите за непочитување на прописите за оние кои нудат медиумски услуги вклучително интернетот, телевизијата, другите електронски платформи, како и социјалните мрежи во поглед на забрана за емитување програма во која се истакнува насилство, криминално и друго недозволено однесување, емитување сцени на брутално насилство кои тешко може да наштетат на физичкиот, менталниот и моралниот развој на децата.

Да се воведат задолжителни шестмесечни контроли за наркотици во средните училишта.

 – Ова се мои предлози, вие не мора да ги прифатите, но разгледајте ги – вели Вучиќ.

Да се организираат посебни тимови и мобилни тимови за врсничко насилство.

Да се воведат забрани и ограничен пристап до содржини кои објаснуваат како да се изврши убиство, да се набави дрога или огнено оружје.