(Во живо) Вучиќ се обраќа на јавноста – Пронајдени 57 чаури и 6 куршуми


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, се обраќа на јавноста, по крвавиот пир на седмоодделенецот кој уби осум соученици, чуварот, а рани седум други, меѓу кои и наставничката по историја. 

Вучиќ на почетокот изјави дека вакво нешто не се случило во историјата на Србија. Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите деца и училишните работници.

„Србија е обединета во тагата, никогаш поголема. Но, дури и во тагата, мора да ги погледнеме причините, одговорноста и решенијата за вакво нешто, колку и да е непредвидливо, за да се намали бројот на вакви страшни инциденти“, рече тој.

„Не брзав да давам изјави, гледавме каде згрешил системот, каде е одговорноста на секој од нас. Не можеме да ги вратиме децата кај родителите. Момчето од сега е на специјално место, ќе биде сместен во посебен дел од психијатриската клиника. Таткото е уапсен како сопственик на оружје кое очигледно нелегално го чувал, приведена е и мајката“, рече тој.

„Поради многу лаги на социјалните мрежи, како претседател на Србија, должен сум да зборувам за вистинските причини, вистинската одговорност. Ова е едно од трите најдобри училишта. Полицајците си ја завршија работата и пред злосторството. Тие беа таму и пред часовите. Полицајката праша дали има нешто спорно, а не рутинско. Обезбедувањето во училиштето беше добро. Обезбедувачот на училиштето дури му праќаше пораки на момчето, тој го сакаше. Тој беше добриот дух на училиштето. Не можам да зборувам за имиња, треба да ги чекам обвинителите, таков е законот“, рече тој.

„Ќе дојдам до нашата одговорност и она што мора да го направиме. Тоа се добро ситуирани родители, примерни во секоја смисла, кремот на општеството“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија рече да не ги обвинуваме медиумите, односно телевизијата за ваквите трагедии, затоа што децата не гледаат телевизија. Тие се на интернет, убеден е Вучиќ.

Додава дека се најдени 57 чаури и шест куршуми по пукањето во училиштето. Татко му е почесен член на стрелечки клуб.

Тој прочита досие на ученикот, кој денеска го изврши масакрот. Примерен ученик, заинтересиран за астрофизика. Се гледа себеси како астрофизичар. Тренирал карате од шест години…