Овие пет земји немаат аеродроми, но вреди да се посетат


Можеби е малку потешко да се дојде до овие пет земји, но вреди трудот да се дојде до нив: Ватикан, Монако, Лихтенштајн, Андора и Сан Марино.

Обично, кога планираме патување, нашиот прв чекор би бил да резервираме лет. И тоа е чекор што се подразбира и не ни размислуваме што може да тргне наопаку овде. Изгледа дека може – понекогаш не е возможно само да се качите во авион и да летате каде било во светот. Особено ако сакате да посетите една од единствените пет земји во светот кои немаат свои аеродроми.

Ватикан
Ватикан не е само независен град-држава, туку и најмалата држава во светот. Површината на Ватикан е 109 хектари и оваа област нема сопствен аеродром, веројатно затоа што всушност е „енклава“ во рамките на Рим. Рим како референтна точка има два меѓународни аеродроми. Посетителите можат да летаат во Рим, а потоа да возат до малиот римокатолички град-држава Ватикан. Римскиот аеродром „Леонардо да Винчи-Фјумичино“ е на околу 45,8 километри од границите на Ватикан.


Сан Марино
Сан Марино, исто така, нема аеродром иако е опкружен со италијанско земјиште. Како петта најмала земја во светот, Сан Марино не страда од непристапност бидејќи е на само околу 14 километри од познатиот меѓународен аеродром „Федерико Фелини“. И да, не грижете се за 33.000 жители на Сан Марино – тие исто така живеат во една од најбогатите земји во светот со еден од највисоките БДП по глава на жител.

Монако, Монте Карло
Опкружен од три страни со Франција и од една страна со Средоземното Море, Монако е втората најмала земја во светот. Ја носи и титулата најгусто населена суверена држава во светот. За да стигнете до Монако, ќе треба да земете брод или половина час возење по слетувањето на аеродромот Ница на Азурниот брег во Франција. Особено е погодно да се влезе во оваа земја со автомобил – Монако е домаќин на една од најстарите и најпрестижните трки во Формула 1, Големата награда на Монако, со најкратката патека од сите трки во Ф1.

Лихтенштајн
Како најмалата земја во светот која граничи со две земји (Австрија и Германија), Лихтенштајн исто така е без аеродром. Посетителите ќе мора да влезат со автомобил, брод или популарниот железнички систем од блиските швајцарски или австриски железнички станици. Најблискиот аеродром е швајцарскиот „Св. Гален“-Алтенреин. Лихтенштајн е речиси осум пати поголем од градот Лос Анџелес, а најголемиот град има само 6.000 жители. Тој е мал, но моќен, со еден од највисоките БДП по глава на жител и еден од најниските национални долгови.

Андора
Андора е без излез на море на границата меѓу Шпанија и Франција. Сместена во планинскиот венец Пиринеите, ви дава можност за прекрасни прошетки, искачувања и погледи. Главен град на Андора е Андора ла Вела, која е и главен град на најголема надморска височина во Европа. Постојат пет аеродроми во Шпанија и Франција на оддалеченост од три часа од Андора. Со или без аеродром, Андора дефинитивно прави нешто како што треба – нејзините жители се познати по тоа што се луѓе со најдолг животен век во светот.