Во првите два месеци годинава извозот бил 1,4 милијарди долари, а увозот 1,8 милијарди


  Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари − февруари годинава изнесува 1,44 милијарди долари и бележи пораст од 4,6 проценти во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, пак, изнесува 1,89 милијарди долари, што е за 6,5 проценти помалку во споредба со првите два месеци […]

Пред или по Велигден ќе биде готов извештајот на експертската комисија за железничката несреќа


Атина –  Извештајот на надлежната експертска комисија за железниката несреќа кај месноста Темпи се очекува да биде завршен или до Велигден или седмицата по празникот, соопштил денеска државниот министер во функција на министер за транспорт и инфраструктура на Грција Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. Надлежниот министер го презентирал и новиот дигитален систем за […]

Стојчевска-Ерсој: Турција ќе помогне во изградбата на новиот Турски театар во Скопје


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари билатерална средба со својот турски колега, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој. Во фокусот на средбата беше новиот Договор за културна соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, кој од името на двете влади го потпишаа министрите  Костадиновска-Стојчевска и Ерсој. „Билатералните […]

Пензионер ангажирал тројца малолетници за да ограбат хендикепирана жена


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување постапка против едно лице на возраст од 74 години, за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член член 237 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот делото го сторил во соизвршителство со три деца на возраст од 15, 13 и […]

Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти


Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна реупотреба, известуваат од Министерството за правда. Како што посочуваат од Министерството, Лога ја поддржува иницијативата на Општина Центар за изнаоѓање законско решение со кое биде […]

ЕПП откажа состанок во Варшава, загрозена позицијата на Манфред Вебер


Десничарската Европска народна партија (ЕПП) го откажа состанокот на својата група закажан за следната недела во Варшава по превирањата создадени откако белгиската полиција упадна во седиштето на партијата во вторникот. Два различни извори од ЕПП потврдија за „Еурактив“ дека полската делегација на ЕПП изразила сериозна загриженост за развојот на настаните и политичката штета врз семејството […]

Русија победува во Грузија


Додека САД и нивните сојузници во НАТО се фокусирани на војната на рускиот претседател Владимир Путин во Украина, напорите на Русија да внесе друга земја во својата орбита останаа главно незабележани. Како и многу земји кои некогаш биле дел од Советскиот Сојуз, Грузија има население кое во голема мера е про-ЕУ и про-НАТО, ориентација која […]

Министерот Меџити најави нови вработувања во здравствениот сектор


Министерот за здравство Фатмир Меџити најави нови вработувања во здравствениот сектор, кои, според него, ќе следат откако другите здравствени установи под капата на Министерството ќе се изјаснат кој кадар им е потребен. Министерот на денешниот собир на тема „Здравје за сите“, по повод на Светскиот ден на здравјето одржан во Скопје, рече дека во тек […]

Ученици од Прилеп изработија навлаки за перници за старечкиот дом


Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп денеска донираа 120 навлаки за перници, кои сами ги изработиле, во рамки на наставата, на штитениците од Домот за стари лица „Киро Крстески – Платник“ во нивниот град. Учениците од насоката Техничар за изработка на облека, на иницијатива на нивната професорка Јулијана Поповска, изработија навлаки за перници од […]

Додик: Република Српска ќе стане независна бидејќи БиХ не може во „Отворен Балкан“


Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека РС ќе стане независна држава, бидејќи Босна и Херцеговина не може да биде дел од регионалните иницијативи, како што е „Отворен Балкан“. Додик оцени дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но дека Босна и Херцеговина не мисли така. „Бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Денис Беќиревиќ, штом ќе […]

Синдикалната кошница во март изнесуваше 50.070 денари


Минималните трошоци на едно семејство во март изнесувале 50.070 денари, покажуваат податоците на синдикалната потрошувачка кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Според пресметките на синдикатот, 19.263 денари биле потребни за храна, а 13.417 денари за подмирување на режиските месечни трошоци. За превоз минимум биле потребни 3.679 денари, а за хигиени потреби 3.186 […]

Грузија се скара со САД што стави четири судии на „црната листа“


Министерот за надворешни работи, Илија Дарчијашвили, му испрати гневно писмо на државниот секретар на САД, Антони Блинкен за да го реагира на одлуката на Вашингтон да стави четворица судии во Грузија на листата Магнитски. Според него, одлуката на американскиот Стејт департмент за санкционирање на судиите била објавена во јавноста без да се презентираат никакви докази […]

Инфлацијата забави во март, на годишно ниво сега е 14,7 отсто


  Трошоците на живот и цените на мало во март се намалени за 0,1 процент во споредба со февруари, објави денеска Државниот завод за статистика. Намалување на индексот на трошоците на живот има кај лебот и житата за 4,7 проценти, млекото за 4,6 проценти, маслото и маснотиите за 2,4 проценти, сирењето и урдата за 2,2 […]

Емисиите од Макстил пониски за три до пет пати од дозволените вредности


Во првиот квартал од годината, емисионите вредности на цврсти честички од Макстил се пониски од дозволените гранични вредности за 3 до 5 пати. Ова го покажуваат мерењата од двата оџака активни во производниот процес, чија работа се следи во текот на целата година, а компанијата ги објавува квартално. На мерната точка Оџак од пескара, каде […]

Вработените од Министерството за култура не се откажуваат од протестите за покачување на платите


 Склучување на колективен договор и покачување на платите по принципот на Министерството за финансии и денеска побараа вработените во Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм, за време на протестот што се одржа пред Владата.  Претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски повтори дека нивното единствено […]

Македонската железница одбележа 150 години


„Железници на Република Северна Македонија“ свечено одбележа 150-годишен јубилеј, односно годишнината од 9 април 1873 кога е пуштена македонската делница на трансбалканската линија Виена – Солун. На прославата на јубилејот беше истакнато значењето на железничкиот транспорт во поврзувањето на луѓето и бизнисите и неговата предност, како најеколошки превоз, а во фокусот на излагањата беше следната […]

Лажно се претставувал како полицаец и ги легитимирал гостите и вработените во кафуле


Дваесет и седугодишен пехчевец бил уапсен во кафуле во центарот на Скопје бидејќи лажно се претставувал како полицаец и ги легитимирал гостите и вработените во објектот. -На 06.04.2023 во 01.30 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле П.Ѓ.(27) од Пехчево, затоа што се однесувал агресивно кон […]

Промовирана дигитална платформа за еднакви пазарни можности на мали и средни претпријатија


Четири македонски компании, годинава, учествуваа на седмиот BALKAN ECOMMERCE SUMMIT кој деновиве се одржа во Софија, Бугарија. Два дена, во организација на eCommerce Academy, компании и институции од 10 земји од Балканот и пошироко ги претставија своите активности. На саемот се презентираше и регионалната групација СЕБ Глобал, претставувана од Македонците Александар Ѓорѓиевски, магистер по меѓународна […]

Како Владимир Путин го спаси НАТО


Кога Финска ја надмина последната пречка за членство во НАТО минатата недела, големите западни весници ја закопаа приказната. Сепак, министерот за надворешни работи Пека Хаависто штотуку ги прослави „овие историски денови“ – крајот на 75 години неутралност. Од оваа недела, Финска е формално во, а Шведска, уште една вечна неутрална, наскоро ќе следи, откако Турција […]

Скопската епархија нема пари за доизградба на црквата „Свети Константин и Елена“


Скопската епархија при Македонската православна прква ‒ Охридска архиепископија соопшти дека нема доволно финснсики можности да го доизгради храмот „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје кој треба да се фрескоживописа за да се освети и стави во функција. – Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија и Скопската епархија сметаат дека македонскиот народ и […]