ЕПП откажа состанок во Варшава, загрозена позицијата на Манфред Вебер


Манфред Вебер

Десничарската Европска народна партија (ЕПП) го откажа состанокот на својата група закажан за следната недела во Варшава по превирањата создадени откако белгиската полиција упадна во седиштето на партијата во вторникот. Два различни извори од ЕПП потврдија за „Еурактив“ дека полската делегација на ЕПП изразила сериозна загриженост за развојот на настаните и политичката штета врз семејството на десниот центар по рацијата. Полската централно-десничарска партија Граѓанска платформа (ПО) наводно побарала од раководството на ЕПП да ја откаже средбата по тешките критики на провладините медиуми во Полска, кои се обидоа да ја поврзат оваа партија и Доналд Туск со скандалот пред општите избори. Исто така, излезе на виделина дека Вебер ја откажал месечната вечера планирана да се одржува меѓу еврокомесарите од ЕПП и претседателствата и на партијата и на групата во вторник. Конзервативната ЕПП е најстарата и најголема европска политичка групација.

Во однос на тоа што сега значи ова за Вебер, извор од ЕПП изјавија за „Еурактив“ дека настанот  ќе му биде трн во око. Во центарот на рацијата е пратеникот на христијанско-демократската (ЦДУ) Марио Фојгт, менаџер на дигитална кампања на Вебер за време на изборната кампања на ЕУ во 2019 година.

„Вебер го донесе во изборната кампања, тоа беше негов личен избор“, рече извор од ЕПП од групата во Парламентот на ЕУ, додавајќи дека „ништо не можеше да помине без зелено светло на Фојгт за време на предизборната кампања“. Истиот извор додаде дека Фојгт има лични врски и со Удо Золеис, актуелниот шеф на стратешката единица на ЕПП и десната рака на Вебер.

„Вебер ќе плати политичка цена поради оваа приказна“, додаде изворот.

Гласините во ЕПП сугерираат дека оваа рација може да ги оштети потенцијалните планови на Вебер да се кандидира за претседател на Европската комисија, давајќи и на Урсула фон дер Лајен јасна предност.