Белорускиот опозиционер Цепкало во отсуство осуден на 17 години затвор


Белорускиот суд денеска во отсуство го осуди на 17 години затвор опозицискиот лидер и поранешен сојузник на претседателот на Белорусија Александар Лукашенко, Валериј Цепкало. Цепкало беше прогласен за виновен, меѓу другото, за формирање екстремистичка група, дискредитација на белоруската држава, повикување на преземање на власта во Белорусија, клевета и навреда на претседателот на државата. Врз основа на пресудата, […]

Русија сака преку Украина да се создаде „нов светски поредок“


  Москва сака мировните преговори за Украина да се фокусираат на создавање „нов светски поредок“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во петокот при посетата на Турција. Највисокиот руски дипломат беше во Турција – која ги задржа врските и со Москва и со Киев – за да разговара со неговиот турски колега Мевлут […]

Јовески: За „Бехтел и Енка“ се побарува документација


 За случајот „Бехтел и Енка“ од надлежните институции се побарува одредена документација, а се преземаат и други доказни средства, но во овој момент не може да се соопштат повеќе детали, рече вечерва државниот обвинител Љубомир Јовески. Во гостување на телевизија Телма, Јовески напомена дека Обвинителството за сите пишувања или коментари во медиумите не е добро […]

На американскиот новинар Грешкович обвинет за шпионажа во Русија му се закнува казна од 20 години затвор


Американскиот новинар Еван Гершкович, уапсен во Русија минатата недела, денеска е официјално обвинет за „шпионажа“, обвинение што тој го негира, пренесоа руските агенции. Според агенцијата „Интерфакс“, Гершкович, дописник на „Волстрит журнал“, кој претходно работел за „АФП“, бил кривично гонет според член 276 од рускиот кривичен законик. На Гершковиќ му се заканува казна затвор од 20 […]

Учениците жртви на булинг ќе имаат психолошка помош во Кисела Вода


На денес одржаната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Кисела Вода, промовираана е првата од сетот мерки која од денес им стои на расплагање на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски. Имено, од денес функционира телефонската линија 078/358 – 639   На оваа линија, жртвите може да добијат поддршка од тим […]

Почина Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на НЕОТЕЛ


  На 70-годишна возраст, вчера, ненадејно почина Трајче Черепналковски, долгогодишен директор на телекомуникацискиот оператор – НЕОТЕЛ. Черепналковски управуваше со НЕОТЕЛ повеќе од 15 години и ја водеше компанијата низ сите предизвици, успевајќи да ја етаблира во реномиран и доверлив партнер како на домашно така и на интернационално ниво. Освен како управител во НЕОТЕЛ, беше постојан […]

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје


АМСМ соопшти дека е блокиран и се пренасочува сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, а интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од […]

Загрижувачки прогнози на ММФ: Глобалниот економски раст најспор уште од деведесеттите


  Светската економија се соочува со години на бавен економски раст: среднорочните перспективи на глобалната економија се најниски во последните триесет години, изјави Кристалина Георгиева, извршен директор на Меѓународниот монетарен фонд, пред пролетниот состанок со Светска банка следната недела, пренесоа агенциите. Според Георгиева, економската фрагментација и геополитичките тензии се клучните причини за стагнација на глобалната […]

Малолетник ја истепал баба му, па со нож се заканувал на татко му


Полициски службеници вчера во Ѓорче Петров привеле малолетник. -На 06.04.2023 во 16.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров привеле малолетник од Скопје, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 64 – годишна баба, а потоа со остар предмет упатил закани кон неа и неговиот татко, информираат од МВР. […]

Интензивно се гради клучката кај Момин поток


  Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска изврши увид во реализацијата на проектот за изградба на клучка на крстосницата на булевар „Никола Карев“ со булевар „Осми Септември“. Како што информираат градските власти, ова е еден од најголемите капитални инфраструктурни проекти кои се во тек во Град Скопје и се одвиваат согласно предвидената динамика. – […]

Русија планира значително помало производство на житарици оваа година


 Русија планира да произведе 120 милиони тони житарици оваа година, објави денеска тамошното Министерство за земјоделство, што сигнализира значително помало производство отколку во рекордната 2022 година. Според официјалните податоци, минатогодишната реколта произведе 157,7 милиони тони житарици, од кои 104,2 милиони тони пченица. Не е јасно дали минатогодишната рекордна жетва е поврзана со освојување на територија […]

Протекувањето на документите е руска операција за дезинформирање


Киев – Протекувањето доверливи документи во кои се опишани плановите на САД и НАТО да му помогнат на Киев се чини дека е руска дезинформативна операција заради поттикнување сомнеж за планираната украинска контраофанзива, изјави денеска Михајло Подољак, политички советник на претседателот Володимир Зеленски. Подољак за Ројтерс изјави дека документите што ги објави Њујорк Тајмс содржат „многу […]

Граѓаните селектираат шишиња и лименки за да добијат поени за пазарување во маркетите


Новите вендинг машини за селекција на лименки и пластика во скопските маркети привлекоа огромен интерес на граѓаните од Скопје и Тетово за селекција на отпадот. „Пакомак“ постави 25 нови вендинг машини во маркетите на Тинекс и ВЕРО во Скопје, како и 2 машини во ВЕРО во Тетово. Познатиот принцип од западноевропските земји за селекција на […]

Светски ден на здравјето: 30 отсто од сегашните доктори ќе се пензионираат за неколку години


За неколку години, 30 отсто од сегашните доктори ќе се пензионираат. Се соочуваме со кризна состојба во иднина, па затоа треба да ги подобриме условите за здравствените работници, да им се зголемат платите, условите за работа. Оти ако не им се допаѓаат условите, тие си заминуваат и тоа во Северна Македонија се случува. Освен тоа, […]

Петровска, Столтенберг и Агелер со иста порака од Одбранбениот форум 2023


Симбиозата помеѓу одбраната и Армијата, од една и академската заедница и невладиниот сектор од друга страна, геополитичката реалност и важноста на членството во НАТО и развојот на одбраната и Армијата беа темите на кои говореше министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешниот прв Одбранбен форум, организиран од Министерството за одбрана. На форумот свое воведно обраќање […]

Најавена забрзана интеграција на Ромите во сите општествени сфери


Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан во Владата, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите, на тема „Европски перспективи и квалитетен развој на ромската заедница во Северна Македонија“ порача дека неговата лична заложба, како и заложбата на Владата, е да се изгради општество еднакво и кохезивно, во кое граѓаните и заедниците ќе се чувствуваат […]

„Ако останеш дома“, нова премиера на Битолскиот театар


„Ако останеш дома“, во режија на Јован Ристовски е новиот театарски проект на Битолскиот народен театар. Премиера ќе биде изведена утре вечер, а станува збор за драма во еден чин по мотиви на Карој Сакони. Во претставата главните улоги ги играат актерката Јулијана Мирчевска и актерот Васко Мавровски. – Станува збор за секојдневна приказна во […]

Судскиот процес против Трамп ги зголеми неговите шанси за републиканска номинација


Вашингтон – Американците се поделени околу кривичното гонење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, но се чини дека тоа ги зголеми неговите шанси да ја освои републиканската претседателска номинација во 2024 година, покажаа резултатите од анкетата на Ипсос. Анкетата беше спроведена вчера и завчера по локално време, откако во вторникот е објавено обвинението од 34 […]

Банката на Грција предвидува раст за 2,2 отсто и пад на инфлацијата на 4,4 проценти за 2023 година


Раст од 2,2 отсто и пад на инфлацијата на 4,4 проценти за 2023 година, предвидува гувернерот на Банката на Грција Јанис Стурнарас, презентирајќи го годишниот извештај, јави дописничката на МИА од Атина. Стурнарас рече дека според последните проценки на Банката на Грција, за грчката економија предвиден е раст со стапка од 2,2 отсто во 2023 […]

Шведски медиуми тврдат дека Андреј Пленковиќ е сериозен кандидат за шеф на НАТО


Загреб – Мандатот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истекува на 30 септември годинава, а се очекува името на неговиот наследник да биде познато до самитот на НАТО на 11 и 12 јули. Шведските весници Афтонбладет и Дагбладет пишуваат дека земјите од Источна и Централна Европа долго време се чувствуваат запоставени во распределбата на клучните […]