Малолетник ја истепал баба му, па со нож се заканувал на татко му


Фото: Б. Богдановска

Полициски службеници вчера во Ѓорче Петров привеле малолетник.

-На 06.04.2023 во 16.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од ЕВР Ѓорче Петров привеле малолетник од Скопје, затоа што во домот физички ја нападнал неговата 64 – годишна баба, а потоа со остар предмет упатил закани кон неа и неговиот татко, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.