Учениците жртви на булинг ќе имаат психолошка помош во Кисела Вода


На денес одржаната седница на Локалниот совет за превенција на Општина Кисела Вода, промовираана е првата од сетот мерки која од денес им стои на расплагање на жртвите од врсничко насилство или на нивните блиски.
Имено, од денес функционира телефонската линија
☎️ 078/358 – 639
 
На оваа линија, жртвите може да добијат поддршка од тим од психолози од невладиниот сектор, кои потоа, во координација со општинските служби ќе делуваат директно во училиштето за спречување на насилната појава.
 
Истото се спроведува заедно со Младински центар ,,Крик” чиј претседател, Мила Ангелевска Кардафова е еден од психолозите кои ќе овозможи бесплатна помош и поддршка.
 
Справувањето со булингот бара сеопфатен пристап, кој го вклучува семејството, врсниците, но и институциите. Многу често тој не се препознава, се игнорира, а за жал понекогаш и се минимизира, оневозможувајќи на тој начин жртвата да добие помош.
Како локална самоуправа, сме свесни дека сме важен дел во изнаоѓање на решението, бидејќи превенцијата е првата станица.
 
Училиштата кои се во наша надлежност, се места каде најчесто се случува агресивното однесување, а тоа не застанува таму, туку продолжува да ги следи децата во домот преку интернет мрежите.
Потребна е едукација!
И за децата, без разлика дали се жртви или се сведоци на булинг и за наставниците и директорите во училиштата и градинките, кои не смеат да бидат само неми набљудувачи.
 
Решението има адреса, порачуваат.
 
Но некој треба проблемот да го пријави, треба да реагира и да ја заштити жртвата.
Во изминатиот период во основните училишта во општина Кисела Вода, поставивме кутии за анонимни пријави за меѓуврсничко насилство. Воедно, во насока на создавање на систем кој го спречува психолошкото насилство, сакам да го промовирам новитетот кој го спроведуваме заедно со Здружението на граѓани “Крик”. Од денес, жртвата на насилство или личноста блиска до неа, може да се јави на телефонскиот број 078/ 358 – 639 и да го пријави проблемот, каде психолози ангажирани од невладиниот сектор, во координација со општинските служби ќе делуваат директно во училиштето за спречување на насилната појава.
 
– На овој начин ќе може да се надмине стравот и срамот за проблемот да се пријави, како и да се изнајде начин тој што побезболно да се реши. Сакам да за заблагодарам за учеството кои го зедоа и претставниците од Основно јавно обвинителство Скопје, ПСОН Кисела Вода и ПСОН Драчево, од Одделението за превенција при СВР Скопје, од Министерството за труд и социјална политика, од Основниот суд во Скопје, претставници на Советите на родители од основните и средните училишта, директори на училиштата и градинките, како и многу ученици – напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.