Лога ја поддржа иницијативата на Општина Центар за конфискација на бесправно изградени објекти


Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на која беше информиран за иницијативата за конфискација на изградени објекти со бесправен статус и нивна реупотреба, известуваат од Министерството за правда.

Како што посочуваат од Министерството, Лога ја поддржува иницијативата на Општина Центар за изнаоѓање законско решение со кое биде се конфискувале на дивоградбите и би се овозможиле пренамена на овие објекти.

– Целта на иницијативата е да се најде решение и да се овозможи конфискација на бесправно изградените објекти и нивна пренамена во функција на општината, односно државата, соопштуваат од Министерството.

Оттаму посочуваат дека за реализација на оваа иницијатива неопходно е да се интервенира во две законски решенија: Законот за постапување со бесправно изградени објекти и Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривичната и прекршочната постапка.