БАТ ќе им плати 635 милиони долари на американските власти поради кршење на санкциите кон Северна Кореја


Бритиш Американ Тобако (БАТ) ќе им плати 635 милиони долари на американските власти откако подружницата се изјасни за виновна за кршење на санкциите поврзани со Северна Кореја. Компанијата соопшти дека постигнала спогодба со Министерството за правда и Канцеларијата за контрола на странски средства. Прекршувањето на американските санкции се однесува на операциите на БАТ во Северна […]

Косовската претседателка Османи-Садриу во посета на Северна Македонија


 Косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу денеска ќе допатува во официјална посета на земјава на покана на шефот на државата Стево Пендаровски. Според најавата, по пречекот со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во кабинетот на претседателот, Османи-Садриу ќе има тет-а-тет средба со Пендаровски, по што предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете земји. […]

Путин го потпиша указoт за одмазднички мерки во случај на конфискација на руски имот во странство


Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одмазднички мерки во случај на конфискација на руски имот во странство. Во случај на конфискација или ограничување на правата на руски имот во странство, се воведува надворешно управување со имотот на непријателските земји во Русија, пренесе Тасс. Како што е наведено, привременото управување со овие средства може да […]

Втора научна конференција „Кратошија – винско наследство на Балканот“


Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ја организира втората научна конференција „Кратошија – винско наследство на Балканот“. На конференцијата говорници ќе бидат еминентни научни експерти од земјава и од Италија, Словенија и Црна Гора од областа на лозарството и винарството, кои ќе ги споделат своите искуства и истражувања поврзани за […]

Концерт на ансамблот „Консонанс“ во Филхармонија


 Камерниот ансамбл „Консонанс“ вечер ќе настапи во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се дела од Хајдн, Феранте, Барток, Гершвин, Бранѓолица…   Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година, како една уникатна формација, која ја сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот кој овие инструменти го создаваат заедно. […]

ФБИ и американски компании собираат докази за руските воени злосторства во Украина


Украина работи со американското ФБИ и американските компании во собирањето докази за руските воени злосторства, како што се геолокација и податоци за мобилни телефони, изјави денеска висок украински функционе. -Украинските власти собираат податоци од боиштата и украинските градови разурнати од војната, откако Русија ја нападна земјата минатиот февруари, изјави Алекс Кобзанец, специјален агент на ФБИ, […]

Премиера на претставата „Лејди Магбет“


 Во Македонскиот народен театар денеска премиерно ќе биде изведено најновото кореографско остварување на Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар, претставата „Леди Магбет“. Музиката за претставата е на композиторот Тони Китановски, сценографијата е на Матеа Мијановиќ, а костимите се на Благој Мицевски. Во насловната улога како Лејди Магбет настапува Анастасија Данчевска, а во улогата на Магбет – Дејан […]

Почнува Делфи економскиот форум во Грција, в петок учество на претставници од Северна Македонија


Министерката за култура Бисера Костадиновска- Стојчевска, заменик-министерот за финансии Филип Николоски, извршниот директор на Номагас Бајрам Реџепи и поранешниот премиер Зоран Заев, на одвоени панел дискусии, в петок ќе учествуваат на осмиот Делфи економски форум во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Осмиот економски форум насловен „Paradigm Shifts“ што традиционално се одржува во грчкиот планински град […]

Облачно, врнежливо и посвежо


Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено претпладне во западните делови. Локално ќе има услови за појава на грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува. Преку денот ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до […]

Претседателот Пендаровски го додели Признанието за придонес на припадниците на дијаспората


  Претседателот Стево Пендаровски вчера го додели Признанието за придонес на припадниците на дијаспората. Добитници на признанието се Софи и Митре Кутановски од Соединетите Американски Држави, а истото им се доделува за нивниот придонес во поттикнување на економскиот развој на селото Радожда и регионот, како и за продолжување на програмата „Атанас Близнакоф“ и стипендирање на […]

Овошјето и зеленчукот запленето во акцијата на Кванташки, донирано на повеќе установи


По завршување на координираната акција на Кванташкиот пазар, запленетите количества овошје и зеленчук беа донирани во установите каде што е најнеопходна ширум земјава, соопштија од Агецијата за управување со одземен имот.  За прв пат се случува запленетата роба во истиот ден да биде донирана до институциите, се вели во соопштението. Донации од запленетите овошје и […]

Астрономски календар


Денеска е среда, 26 април 2023 година, 116-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 249 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 37 минути, а ќе зајде во 19 часот и 27 минути. Денов трае 13 часа и 49 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина нема да изгрее […]

Свежи гробови на стотици загинати „вагнеровци“ во Сибир


  Повеќе од 200 свежо ископани гробови со ознаки на руската платеничка група „Вагнер“ се лоцирани на гробишта во третиот по големина руски град Новосибирск, објави во вторникот сибирскиот информативен сајт „Тајга.инфо“. Венци на „Вагнер“ може да се видат веднаш до повеќето гробници на снимката што ја сподели медиумот. Годините на смртта на надгробните плочи […]

Почина Франсоа Леотар, посредникот во преговорите за Охридскиот договор


  Во вторникот попладне на 81-годишна возраст почина Франсоа Леотар, поранешен француски министер за култура, а потоа и за одбрана, кој беше европски претставник во преговорите за завршување на воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Американскиот претставник беше Џејмс Пердју. И тој е веќе покоен. Веста за смртта на Леотар прв ја објави на […]

Апелациските судии ветуваат дека ќе бидат поажурни


  Истиот ден кога јавноста дозна за острото писмо на американската амбасадорка во кое наведува дека е „загрижена и разочарана“ од состојбите во судството и вратените предмети на повторно судење, Апелацискиот суд се огласи со соопштение во кое наведува дека – пораката е разбрана. Не само на Ангела Агелер, туку и на македонската јавност која […]

Арапската сонда откри непознати детали за помалата месечина на Марс


Вселенската сонда „Хоуп“ на Обединетите Арапски Емирати денеска откри досега непознати детали за помалата месечина на Марс, Деимос, фрлајќи ново светло на потеклото на овој мистериозен сателит. „Хоуп“, првата меѓупланетарна мисија во арапскиот свет, орбитира околу Марс веќе две години, редовно поминувајќи покрај Деимос и неговиот голем брат, месечината Фобос. Сондата открива детали за месечината […]

Бугарите од Македонија со писмо до Ковачевски бараат да бидат дел од групата за уставни измени


  Прво македонската влада го одби барањето на Бугарија да учествува во комисијата што треба да ги подготви уставните измени, а сега слична желба изразија и Бугарите од Македонија. Тие тоа му го предочиле со писмо до премиерот Димитар Ковачевски во писмо во кое предлагаат да се вклучат и нивни претставници. Оправдувањето за ваквото барање […]

Шведски и кавадаречки средношколци пошумуваа кај одморалиштето Михајлово


 Шведски и кавадаречки средношколци пошумуваа кај одморалиштето Михајлово, информираа попладнево од Земјоделско-шумарското училиште ,,Ѓорче Петров” од Кавадарци.  – Домаќини сме на нашите пријатели од Шведска, до петок. Ни гостува група на ученици од нашето пријателско средно училиште „Курт Николин Гимнасиет“од Шведска. Успешната соработка продолжува и оваа година. Учениците од СОЗШУ „Ѓорче Петров“ се дружеа со […]

Формула 1 од Азербејџан воведува новитет


Формула 1 ќе воведе нова карактеристика оваа сезона, па ќе видиме „спринт шутаут“ трка во Азербејџан. Таа ќе вози во сабота, но нема да има влијание врз редоследот на трката во недела, бидејќи квалификациите ќе се возат во петок. Целта на оваа новина во оваа сезона во Формула 1 е возачите да бидат побрзи на […]

Не е сето јадење доцна навечер лошо: Овие намирници помагаат да заспиеме побрзо


Она што го јадеме пред спиење може да има големо влијание врз квалитетот на нашиот сон. Добрата вест е дека не сите ноќни закуски се лоши, некои всушност можат да ви помогнат да заспиете побрзо. Истражувачот Фергус Смитерс, кој раководи со прехранбениот сектор, во интервју за Мирор препорачува што да земете ако имате напад на […]