(Видео) Голем пожар на Урал: Изгореа 178 згради, едно лице загина


Најмалку едно лице загина, а повеќе од 178 згради се уништени од шумските пожари што беснеат низ руската област Свердловск во подножјето на Урал, соопшти руското Министерство за вонредни состојби. На снимките на социјалните мрежи се гледа како пламенот зафаќа куќи и дрвја, а чад го покрива небото. 🔥 Russia is on fire again. The […]

„Аир“: Виолистот Дијанг Меи и диригентот Емил Табаков со концерт во Филхармонија


Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Аир“ на кој како солист ќе настапи виолистот Дијанг Меи  (Кина/Германија), а диригент е маестро Емил Табаков. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“ во првата изведба во Македонија на делото „Стикс“ од грузискиот авангарден композитор Гија Канчели. Составен дел од програмата […]

ДУИ ја поздравува поддршката на ВМРО за коридорите 8 и 10-Д


Демократската унија за интеграција ја поздравува поддршката на ВМРО ДПМНЕ за изградбата на коридорите 8 и 10-Д искажана од страна на Христијан Мицкоски. -Процесот до потпишување на договорот за изградба на коридорите помеѓу Владата и конзорциумот Бехтел и Енка трае веќе повеќе од две години и во јавниот процес беа вклучени сите. Договорот е обврска […]

Од 19 мај почнува Самитот на Г7 во Хирошима


Токио – Војната која Русија ја води во Украина ќе биде главна тема на самитот на Г7 следниот месец во Хирошима, Јапонија. На Самитот ќе учествува и американскиот претседател Џо Бајден. На дневен ред ќе бидат војната во Украина, глобалните прехранбени и климатски кризи и „обезбедување инклузивен и отпорен економски раст“, се наведува во соопштението на […]

(Фото) Попова Шапка денеска под снег


Попова Шапка, денеска се разбуди под снег. Како и повеќето високи планини  на западот од земјата и оние високите во централното подрачје, утрово се прекриени со дебела снежна покривка. Иако, сме на прагот од мај, сепак, зимата ги покажува своите последни убавини за оваа сезона. Погледнете ги фотографиите кои на социјалните медиуми ги споделија од […]

Во Загреб уметничка вечер посветена на творештвото на Томислав Османли


Уметничка вечер посветена на творештвото на македонскиот писател Томислав Османли се одржа синоќа во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. За творештвото на Османли се осврна Наталија Поповска, која и беше иницијатор и организатор на  настанот. Книжевната вечер се одвиваше под медијаторство на македонистот проф. д-р Ивица Баковиќ, раководител на Катедрата за македонски јазик и литература на Филозофскиот […]

Центар реновира улици само во Дебар Маало, Клинички и Кале се заборавени


Не е исто да шеташ по добар тротоар и по патека со извадени плочки. Не е исто да возиш велосипед или автомобил по осветлена и мазна улица и по темна улица полна со дупки. Инфраструктура е збор кој делува апстрактно, но e содржана во она што го нарекуваме квалитет на живот, велат од Шанса за […]

Остров со облик на морско коњче кај Дубаи продаден за 30 милиони евра


Дубаи- Песокот на островот Џумеира Беј во Дубаи, се чини, се брои во милиони евра… На теренот нема вили со поглед на океанот, ниту барови, дури ни камионче за сладолед. Тоа е „само“ празна песочна плажа со површина од околу 2.000 квадратни метри… Но, еден човек сепак плати 125 милиони дирхами, или 30 милиони евра […]

Концертот на гитаристот Стив Ваи во Скопје преместен во „Борис Трајковски“


Гитаристот Стив Ваи денеска ќе одржи концерт во Борис Трајковски во Скопје, во организација на „Авалон“. Концертот претходно закажан во СРЦ Кале е преместен во Борис Трајковски, а влезниците ќе важат во новата локација. Како дел од листата на 10-те најдобри гитаристи на сите времиња, Стив Ваи свирел и бил дел од студиските албуми на […]

(Во живо) Ковачевски на Самитот „Македонија 2025“


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, ќе присуствува и ќе се обрати на Самитот во организација на „Македонија2025“. Фокусот на годинешниот Самит „МК2025” е просперитетни економии преку општествена трансформација, дигитализација и стратешко лидерство.

По пет ќерки, Брус Вилис доби внука


Лос Анџелес-  Брус Вилис и Деми Мур официјално станаа баба и дедо. Румер Вилис, 34-годишната актерка и модел, и нејзиниот партнер Дерек Ричард Томас го објавија раѓањето на нивната ќерка Луета Ајли Томас Вилис во вторникот во заедничка изјава објавена на Инстаграм. Познати личности како Хилари Даф, Мелани Грифит и Ники Рид, им честитаа на парот. Меѓу нив и сестрата на Румер, Талула Вилис, напиша дека ќе […]

Украинските сили трпат големи загуби во Бахмут


  Украинските сили трпат големи загуби во битката за Бахмут, бидејќи Генералштабот на армијата не го подготви градот за одбрана, тврди поранешниот заменик командант на украинските сили за специјални операции, генерал Серхиј Кривонос. -Ние плаќаме страшна цена за овој град. Станува збор за тоа дека некои офицери од командата направиле грешки и не го подготвиле […]

Ѕвездата на „Хари Потер, Даниел Редклиф, стана татко


Ѕвездата на „Хари Потер“, Даниел Редклиф, и неговата долгогодишна партнерка Ерин Дрејк го добија првото дете. Тие пред два месеца објавија дека чекаат бебе. Веста за породувањето на Дрејк ја потврди публицистот на Редклиф, без да го открие полот на бебето. Редклиф се прослави како 12-годишник кога дебитираше во улогата на Хари Потер. Тој и […]

На 96 години почина Хари Белафонте, легендарен пејач, актер и активист


Њујорк -Хари Белафонте, пејачот и актер кој уриваше расни бариери во САД, почина во својот дом во Менхетн на 96 години од срцеви проблеми. Покрај тоа што важи за една од најуспешните афроамерикански поп ѕвезди на сите времиња, тој имаше огромен придонес и како активист за правата на црнците во САД. Често нарекуван Кралот на […]

Во Германија 35 отсто од мигрантите се соочиле со расна дискриминација


Истражување спроведено низ цела Германија покажа дека многу мигранти минатата година доживеале некаков вид на дискриминација поради нивната етничка или верска припадност, јавува Анадолија. Истражувањето на фондацијата Бертелсман покажа дека бројот на инциденти на расна дискриминација минатата година се зголемил, и покрај подобрувањата на свеста на јавноста за проблемот. Околу 35 отсто од мигрантите рекле дека доживеале расистичко однесување и […]

Најмногу дожд во Крушево 25 литри на метар квадратен


Најмногу дожд 25 литри на метар квадратен во изминатото деноноќие наврна во Крушево, 23 литри во Тетово, 17 во Виница, 16 во Охрид, 15 во Лазарополе, 14 во Маврови Анови, 13 во Пожаране, 11 во Берово и Прилеп, 10 во Струмица, девет во Скопје-Петровец и Штип, осум во Демир Капија, Ѓуриште и Тополчани, седум во […]

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег


Поради одроните, но и влажните коловози од дебарската секција на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта препорачуваат многу внимателно возење. Вообичаено најчести се одроните кај селата Рајчица, Косоврасти и Јанче, месноста Ростушки Мост, потоа во близина на Бигорски манастир и месноста „Сенечки ливади“, на патниот правец Дебар – Маврово, како и кај месноста […]

Шведска истражувачка ракета случајно падна во Норвешка


Истражувачка ракета лансирана рано во понеделникот од страна на Шведската вселенска корпорација (Swedish Space Corp – ССЦ) од вселенскиот центар Есранџ во северна Шведска имаше дефект и падна на 15 километри во територијата на соседна Норвешка. Ракетата достигна висина од 250 километри, каде што се спроведуваат експерименти во нулта гравитација, објави агенцијата. „Слета во планините […]

„Денарот го славиме!“ – 31 година монетарна самостојност


Со кампања под мотото „Денарот го славиме!“, Народна банка одбележува 31 година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на централната банка. – Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ годините Народната банка […]

Нуклеарките на клацкалка – некои ги вклучуваат, други ги гасат, формиран сојуз од пет земји против Русија


  Одлуките за нуклеарната енергија беа на клацкалка во последните денови – некои палат нови реактори, други ги гасат. Пет земји – Велика Британија, САД, Канада, Јапонија и Франција – формираа нуклеарен сојуз со цел да ја отстранат Русија од меѓународниот пазар на нуклеарна енергија, која доминира во таа област. Минатиот викенд Финска пушти во […]