Бранителите на Канческа Милевска побараа ослободителна пресуда


Бранителите на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска, која се товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ во предметот „Тендери“, побараа ослободителна пресуда на денешните завршни зборови во Основниот кривичен суд Скопје. Адвокатот Сашо Дуковски побара од Судечкиот совет, при оценката на сите релевантни факти, да го има предвид, како што рече, решителниот […]

„Мател“ издаде „Барбика“ со Даунов синдром


Лос Анџелес – Компанијата „Мател“ во продажба пушти „Барбика“ со Даунов синдром, според наводите – во обид да го направи својот опсег поразновиден и поинклузивен. Американскиот гигант за играчки честопати се соочува со критики дека традиционалната Барби не ги претставува вистинските жени, па затоа последниве години создаде и кукли со апаратче за слушање, протетички екстремитети […]

Утре и задутре сончево, за викендот повторно дожд


Во следните два дена ќе преовладува сончево време, утре со засилен северен ветер. Утринските температури ќе бидат пониски, особено во петок, соопшти УХМР. За време на викендот во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе биде во пораст.

Колку ќе се плаќа за гиро во Грција годинава?


  Сите веќе полека почнуваат да ги планираат летните одмори, а покрај патувањата и сместувањето, се поважна ставка во пресметката е и буџетот за храна – особено со поскапувањата за кои се зборува во целиот свет. Што се однесува до Грција, се сведува на едно главно прашање: Колку чини гиро оваа година? Имено, цената на […]

Инспекција во Советот на Битола утврдува кој е во право околу контроверзната седница


  БИТОЛА – Вишиот државен инспектор за локална самоуправа, Раим  Муслиу, денеска влезе во Советот на Општина Битола да ја утврди законитоста на седницата која предизвика политичка криза во функционирањето на Советот и Општина Битола. Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, побара вонреден инспекциски надзор, откако ја прекина седницата по заминувањето на 11 советници на СДСМ. […]

МТСП: Работниците на Коридорите нема да бидат принудени со сила да работат прекувремено


Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес за Република Северна Македонија. Придобивките од неговата изградба се огромни, бидејќи поврзувањето на земјата со регионот и Европа обезбедува рамномерен регионален развој, раздвижување на економијата на земјата, подобрување на бизнис климата, пораст на странски инвестиции, побрз трансфер на луѓе и стоки, отворање […]

Камион удри во џип во Автокоманда, што застанал на пешачки


Утрово се случи сообраќајна незгода на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда, кога камион удри во џип. Џипот застанал на пешачки премин за да ги пропушти пешаците, по што камион удрил во него. Повеќе детали за сообраќајната незгода се очекуваат наскоро.

Навални соопшти дека против него е отворен нов случај за тероризам


 Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој се наоѓа во руски затвор, денеска соопшти дека покрај случајот што се води против него за екстремизам, отворен е нов случај за тероризам, јави ТАСС, повикувајќи се на свој известувач во Московскиот суд. „Истражителот ме информираше дека против мене е отворен нов случај за тероризам и дека ќе ми […]

Османи во ЕП: Многумина во Македонија не се убедени дека ќе има проширување


По бројни предизвици на патот кон полноправно членство во Европската Унија и неверојатни 22 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Република Северна Македонија минатата година направи историски исчекор и ги започна преговорите за пристапување во ЕУ, кои означуваат почеток на новата и квалитативно највисока фаза во односите со ЕУ пред полноправното членство. […]

Пендаровски ја пречека Османи во „Вила Водно“


 Претседателката на Косово Вјоса Османи-Садриу претпладнево со највисоки државни и воени почести беше пречекана од претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во „Вила Водно“. Пендаровски и Османи-Садриу, која е во официјална посета на земјава, ќе има тет-а-тет средба, по што предвиден и пленарен состанок на двете делегации. По средбата Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци […]

На Ердоган му се слоши за време на предизборно ТВ интервју


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа го прекина телевизиското интервју во живо откако за време на разговорот му се слошило. Ердоган потоа се врати и се извини, објаснувајќи дека почуствувал куса болка во стомакот. Турскиот лидер (69) само вчера одржа три предизборни говори во екот на кампањата за парламентарните и претседателските избори на 14 мај. […]

Завршни зборови за случајот „Тендери“


Во Основниот кривичен суд Скопје со давање завршни зборови од одбраната денеска продолжи судењето за случајот „Тендери“, против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Канческа Милевска е првообвинета во предметот „Тендери“ во врска со тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност, како дека од проектот „Скопје 2014“. […]

Дали Кејт Мидлтон ќе стане кралица?


Лондон- Откако се омажи за британското кралско семејство во 2011 година, на Кетрин, принцезата од Велс, и се обраќаат со многу титули. Родена како Кетрин Елизабет Мидлтон, на денот на свадбата ја доби титулата Војвотка од Кембриџ од покојната кралица Елизабета Втора . Нејзините други поретко користени титули вклучуваат грофица од Стратерн и бароницата Керикфергус. […]

АП: Белорусите стравуваат дека Москва ќе ги принуди на војна против Украина


Во Белорусија се зголемуваат стравувањата дека Москва го присилува својот близок сојузник директно да се вклучи во борбите во Украина, пренесува АП, додавајќи дека Белорусите се поканети да учествуваат во воена обука. „Руските сили се веќе во Белорусија, гледам дека земјата полека се претвора во касарна“, изјави за АП Руслан, инженер кој неодамна добил покана […]

Студија покажа детални разлики во внатрешноста на Марс и на Земјата


Марс е најблискиот сосед на Земјата во Сончевиот систем, но двата карпести света се разликуваат во јадрото, покажа новата студија заснована на сеизмички податоци од роботскиот лендер на НАСА InSight. Истражувањето нуди поцелосно разбирање на длабоката внатрешност на Марс и нови детали за разликите помеѓу Земјата, третата планета од Сонцето, и Марс, четвртата. Разлики помеѓу […]

БЕСА нема да гласа за уставните промени ако не се избрише „20 отсто“


Беса не е против вклучувањето на Бугарите во Уставот, но е против претставувањето на Албанците со проценти во највисокиот правен акт, изјави потпретседателот на партијата, Фатмир Лимани, вчера во емисијата „200“ на телевизија „Алсат. – Ние не сме против вклучување на Бугарите во Уставот. Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но, […]

Земјотреси утрово во Струмица и Штип


Рано утринава регистрирани се два земјотреса од кои првиот бил 120 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Првиот земјотресот бил регистриран во 4 часот и 55 минути со […]

Охрид СОС алармира: Се бетонира Охридското езеро од албанска страна


Невладинта организација „Охрид СОС“ алармира дека градежни машини бетонираат од албанската страна на Охридско Езеро, кај селото Тушемишта. Тоа се гледа и од фотографиите што ги објави со реакцијата. -Додека албанските власти во извештајот доставен до УНЕСКО наведуваа некакви проекти за заштита на Охридскиот регион, споделуваа фотографии од средби и настани, на терен деновиве се […]