Почина Франсоа Леотар, посредникот во преговорите за Охридскиот договор
Во вторникот попладне на 81-годишна возраст почина Франсоа Леотар, поранешен француски министер за култура, а потоа и за одбрана, кој беше европски претставник во преговорите за завршување на воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Американскиот претставник беше Џејмс Пердју. И тој е веќе покоен. Веста за смртта на Леотар прв ја објави на својот Твитер профил Емануел Макрон.
„Франсоа Леотар ѝ служеше на државата и имаше голема идеја за културата. Со неговото исчезнување го губиме слободниот дух, човек на книги и посветеност. Неговиот роден Вар, Франција што ја бранеше, Републиката што ја сакаше доживува голема загуба денес“, напиша претседателот на социјалната мрежа.
Роден во 1942 година во семејство на поранешни монархисти Леотар ја започна својата политичка кариера во кабинетот на Мишел Поњатовски, тогашен министер за внатрешни работи. Тоа бешр стартот за метеорски подем.
Кога Жак Ширак стана премиер во 1986 година, Франсоа Леотар беше именуван за министер за култура. Со целосна строгост, Франсоа, чиј брат е актерот Филип Леотар, ги подмируваше буџетите на културните институции.
По реизборот на Франсоа Митеран, ценет од новиот премиер Едуар Баладур, Леотар тој беше назначен за министер за одбрана во 1993 година. Потоа тој го менаџираше присуството на француските мировници во поранешна Југославија, а потоа и интервенцијата на француските трупи во Руанда, што беше многу критикувано.
По сериозни здравствени проблеми и 10-месечна условна затворска казна за „незаконско финансирање политички партии и перење пари“ во 2004 година, Франсоа Леотар постепено се повлекува од политичкиот живот.
Во 2022 година, Франсоа Леотар го поддржа Емануел Макрон за неговиот реизбор.