Бугарите од Македонија со писмо до Ковачевски бараат да бидат дел од групата за уставни измени
Прво македонската влада го одби барањето на Бугарија да учествува во комисијата што треба да ги подготви уставните измени, а сега слична желба изразија и Бугарите од Македонија. Тие тоа му го предочиле со писмо до премиерот Димитар Ковачевски во писмо во кое предлагаат да се вклучат и нивни претставници. Оправдувањето за ваквото барање е дека промените ги засегале нив.
Во писмото, меѓу другото, се наведува:
„Бугарскиот народ беше најконструктивниот елемент во остварувањето на вековниот сон за независна, демократска и суверена Република Македонија, држава на сите граѓани кои живеат во неа, без разлика на етничка, верска, политичка, социјална или која било друга припадност. Но со донесувањето на Уставот на Република Македонија на 17.11.1991 година, а подоцна и со сите амандмани, беше направена голема историска неправда и бугарскиот народ беше изоставен од Преамбулата на уставот“, наведуваат претставници на здруженијата. во писмото до Ковачевски.
„Оваа историска неправда е на пат да биде исправена за да можеме да ги уживаме сите права и слободи кои произлегуваат од највисокиот правен акт, заедно со другите народи кои се веќе вклучени во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, за заедно да градиме подобра иднина во нашата земја во која живееме и заедно да го чекаме денот кога ќе ја видиме како полноправна членка на ЕУ, а со тоа и како дел од прогресивниот западен свет“, стои во писмото на претставници на 12 здруженија на Бугарите во Македонија.
Претходно Скопје го отфрли предлогот на службениот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, официјална Софија да биде дел од процесот на расправа за уставните измени, дефинирајќи го барањето како мешање во внатрешните работи на државата.